Омилена боја? Оф топик: ова е форум, нема потреба од зборување како што зборувате т.е. пишувате на мсн. Доволно е еднаш да ја напишете буквата. Втора работа, постојат точки, запирки, space. Се извинувам што јас коментирам, а не модераторките, многу се нервирам вака.
Омилена боја? Омилена боја ми е виолетова бидејки ме асоцира на нешто нежно а во исто време и силно. Исто така ги сакам црната и сивите тонови поради тоа што се комбинираат со сите останати бои. На лето сакам жолта и зелена поради ведрината и свежината на истите.
Омилена боја? Розова ме враќа во добрите денови на детсвото кога бев мамина принцеза..а и онака на некој начин ми симболизира женственост (мое мислењe)
Омилена боја? The same here Исто и кафената многу ја сакам, така за во есен, зима и преубаво оди во комбинација со сината.
Омилена боја? Сите бои ми се убави во определен период на пр розева не обожавам многу ама ми е убава во пролет и лето додека пак во зима не можам да гледам ништо розево, чудна си сум јас Инаку најмногу ги сакам сината (сите нијанси) и црвената во секое време Виолетовата ми е убава, белата, црната, зелената...Сите ми се убави