Омилена боја? сина особено светла некако ми е најнежна и ме смирува, кога ке погледнам во небото и некое море,езеро...и кога на огледало си ги гледам очите едноставно се воодушевувам
Омилена боја? Омилената боја отсекогаш ми беше сината светло сина, па после темно сината ми се допагаше повеќе а во последно време сум заљубена во зелената штом почнав да користам шминка, почнав да експериментирам со бои, и со тек на време SITE ги засакав. Порано мразев топли бои, а сега сакам да имам лак од дречасто портокалова боја xD
Омилена боја? Црната - никогаш не може да се направи утка во врска со комбинација во која оди црното.
Омилена боја? Црвена, зелена, лила, сина... всушност, јас сите бои и ги сакам де, само што не сите ми стојат и си сакам и шарени фустани, шарени кошули, маички... фино ми е кога сум обоена во сезоната и не ми е фино кога сите се обоени ко униформа да носат, бидејќи тогаш топ е розово, тогаш топ е жолто. Не дека ме нервира, што луѓето носат тоа, него бидејќи ич не ми се сака да влезам в бутик и се да ми е таа боја и варијации нејзини. Ми ги тепа очите тоа. Дури и шарениве работи сега што ги има ми стануваат одбивни, поради прешарените дуќани со се’ во шаренило. Мора ли се да е според некаков тренд, не за друго, јас сум терсене, сакам тоа што нема по бутици, тоа што другите не носат. И да, лилавите патики што ми се допаѓаа и им се радував дека ќе си ги купам се потрошиле. А, баш мислев сезонава ќе лилавам по градов дур шетам угоре удолу, по Кеј. Дур земам јас плата отишле. Лајф из а бич ама ја љубам. А и ќе си најдам други јас, секако.