Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилена боја и на што ве асоцира?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од SexyLady, 6 септември 2010.

  1. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Омилена боја?

    Бела :)
     
  2. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Омилена боја?

    Бела и циклама розева ;)
     
    На Dayse му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Омилена боја?

    Розова и црна ми се најомилени. Потоа следуваат дреч зелена , кремова , војничко-зелена , сина и тиркизна .
     
  4. bad-cat8

    bad-cat8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    78
    Омилена боја?

    Омилена боја ми е небесното сина бидејки е многуууууу убава 8) :lol:
     
  5. Viki.i

    Viki.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    Омилена боја?

    Ваква розева боја обожавам :$
     
  6. Dayse

    Dayse Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Омилена боја?

    Виолетова, зелена,бела.... Ај лав ит!!
     
  7. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Омилена боја?

    Светло розева-нежна,асоцира на нешто мило,на женско бебенце..
    Црна-едноставна и елегантна
     
  8. love.edward

    love.edward Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    245
    Омилена боја?

    зелена и
    сина еептен ми се најубави :)
     
  9. m.i.s

    m.i.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    319
    Омилена боја?

    Бела и розева .
     
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Омилена боја?

    Нежно розева, светло сина, крем, бела, тиркиз, тамно зелена.. сите ги сакам освен црвена, жолта, портокалова :lol:
     
  11. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Омилена боја?

    мм тиркизнаа. :inlove:
     
  12. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Омилена боја?

    Добро бе девојки, ќе се караме! :D
    Па читајте го првото мислење на темата, објаснувањето што треба да коментирате тука, а не само да си пишувате делумни оф-топици. :$ :)
    Четири-пет страни уназад сте коментирале само: „црвена“ , „розева“ , „светло сина“ итн. инт. Секако има исклучоци - :clap: .

    Еве за тие што не прочитале:


     
  13. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Омилена боја?

    Светло сина -
    Ми стојат парчиња облека во оваа боја. Ги смирува очите. Асоцира на небо, на мир и хармонија.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Омилена боја?

    Плава :) И тоа сите видови на плави - темно плава, светло плава, најсветло плава :D било каква, само да е плава :)
    Ме потсетува на мир, релаксација .. :)
     
  15. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Омилена боја?

    Боите и нивното влијание на психата

    БЕЛА
    Луѓето кои ја сакаат: Имаат чисти мисли и искрени се. Едноставни се во своите желби и барања, имаат млад дух и позитивен начин на размислување.
    Луѓето кои ја избегнуваат: Непоправливи реалисти, не прифаќаат ништо што не може да се објасни логички. Свесни се кога грешат но тоа никогаш не го признаваат.
    Дејство: Дава чувство на свежина и чистота, а кај некои предизвикува клаустрофобија.

    ЖОЛТА
    Луѓето кои ја сакаат: Комуникативни се и духовити. Здрави и способни да се прилагодат на секоја ситуација или карактер.
    Луѓето кои ја избегнуваат: Лесно се разочаруваат и губат надеж. Ги кријат своите емоции и пробуваат да ги објаснат на логичен начин.
    Дејство: Влијае благотворно против депресија и воопшто против негативни психички состојби.

    ПОРТОКАЛОВА
    Луѓето кои ја сакаат: Независни се и со слободен дух. Динамични, сакаат патувања, авантури и нови познанства. Имаат голем број пријатели од двата пола.
    Луѓето кои ја избегнуваат: Толерантни се и материјалисти по природа. Можеби имаат неостварени сексуални фантазии или некакви чувства кои им оневозможуваат да се препуштат на уживање.
    Дејство: Го зголемува ентузијазмот, влијае креативно на размислувањето.

    ЦРВЕНА
    Луѓето кои ја сакаат: Страсни се и привлечни на спротивниот пол. Реагираат брзо и импулсивно, поради што често сносат последици. Јаки се, амбициозни и не трпат авторитет
    Луѓето кои ја избегнуваат: Егоцентрични се, спонтани и склони кон чести промени на расположението.
    Дејство: Ја зголемува страста, сексуалноста и креативноста, но може да предизвика и насилни емоции.

    ЦИКЛАМА
    Луѓето кои ја сакаат: Самосвесни, храбри и амбициозни. Во љубовта воздржани зошто ги контролираат своите страсти и емоции.
    Луѓето кои ја избегнуваат: Не се спремни на компромис, во себе носат завист и љубомора. Тешко ги искажуваат своите емоции.
    Дејство: Дава чувство на љубов кон светот воопшто и дека секој човек му е некому потребен.

    РОЗЕВА
    Луѓето кои ја сакаат се нежни и романтични, чувствителни и спремни да им помогнат на другите.
    Дејство: Ги ублажува тагата и жалоста, помага да се разберат сопствените емоции.

    ЗЕЛЕНА
    Луѓето кои ја сакаат: Склони се кон хармонични односи и бегаат од кавги. Мирни се и ја сакаат природата. Сила црпат од семејството кое секогаш им е на прво место.
    Луѓето кои ја избегнуваат: Независни се и немаат потрба да му се посветат на семејниот живот. Доволи си се самите себеси.
    Дејство: Дава чувство на мир и хармонија, ублажува и смирува.

    ТИРКИЗНА
    Луѓето кои ја сакаат: Не трпат ограничувања и склони се кон нови знаења. Имовативни се и ги прифаќаат разликите меѓу луѓето.
    Луѓето кои ја избегнуваат: Затворени се за нови познанства и сакаат се да им биде испланирано. Стабилност и подршка бараат во семејството.
    Дејство: Ја зголемува интуицијата и емотивната чувствителност, опушта после стресни ситуации.

    СИНА
    Луѓето кои ја сакаат: Сонуваат со отворени очи, сакаат мир, тишина и потребни им се долги одмори. Посветени им се на луѓето кои ги сакаат, имаат добри организаторски способности. Темно сина укажува на меланхолија.
    Луѓето кои ја избегнуваат: Дисциплинирани и вредни. Кога ге си ги одредат целите во животот не се откажуваат и се борат до крај.
    Дејство: Делува благо против бес и хистерија.

    ЛИЛАВА
    Луѓето кои ја сакаат: Големо значење и придаваат на духовноста, историјата и филозофијата. Се трудат да ја одржат традицијата. Се интересираат и за окултните науки. Темните нијанси на лилавата укажуваат на депресивни состоби.
    Луѓето кои ја избегнуваат: Отфрлаат се што не може логички да се објасни. Сериозни се и понекогаш цинични. Им недостига чувство за нежност и романтика.
    Дејство: Го ублажува стресот и интензивните сексуални нагони. Помага против депресија и зависности.

    КАФЕАВА
    Луѓето кои ја сакаат: Практични се и едноставни во своите ставови и во начинот на размислување. Темните нијанси укажуваат на пристрасни и депресивни луѓе.
    Луѓето кои ја избегнуваат: Незаинтересирани за секојдневниот живот. Не трпат рутина и немаат чувство дека некаде припаѓаат.
    Дејство: Дава чувство на припадност на својата земја и семејство.

    СИВА
    Луѓето кои ја сакаат: Критични се и аналитични. Често им недостасува толеранција.
    Луѓето кои ја избегнуваат: Не сакаат долги муабети и детални анализи. Директни се и праведни во своите одлуки.
    Дејство: Влијае на промена на расположението и оддава недефинирано чувство.

    ЦРНА
    Луѓето кои ја сакаат: Таинствени се, меланхолични и склони кон депресија. Ги привлекуваат мистериите и непознатите светови.
    Луѓето кои ја избегнуваат: Се плашат од непознатото и сакаат да се ослободат од сите можни зависности, психички препреки и ограничувања.
    Дејство: Го подржува самозапознавањето и навлегувањето во најтемните длабочини на сопствената личност.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Омилена боја?

    Mоите омилени бои:

    Виолетова – Бојата на кралствата, бојата на луксузот, богатството и софистицираноста. Виолетовата е поврзана со мудроста, достоинството, независноста, креативноста, мистеријата и магијата. Исто така често се поврзува со стратста, чувствата и романсата. Посветлата, посина нијанса на виолетовата симболизира мистерија, додека потемната (пожарко-црвената) наговестува внимание, креативност и сензуалност.

    Розева - нежност, романтичност и љубов

    Темно сина - моќ, интегритет, сериозност, стабилност, самосвесност, интелигенција, почит, независност и гордост

    Црната - ми е елегантна боја и ме асоцира на моќ
     
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Омилена боја?

    Зелената ми е на прво место. Уживам кога ја носам, макар што не многу парчиња во зелена боја имам, што не е моја вина, а вина на продавнициве, кои немале во зелено тоа што сум сакала да купам :D
    Ме смирува. Се осеќам свежо, безгрижно, ко да лебдам.

    Црвената ми е боја која ме прави да се чувствувам секси, вистински секси и баш за такви моменти и ја носам... по некоја чудна логика на нештата изборот на бои што ги носам дента, од се што имам во ормарот е баш во зависност од тоа како се чувствувам дента-во моментот.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Омилена боја?

    Црна, (темно) црвена, темно кафеава
     
  19. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Омилена боја?

    Имав веќе претходно дадено одговор на темава, но да бидам искрена не го прочитав првиот пост :tmi: и немам обрзложено зошто ги сакам белата и циклама-розевата боја.

    Бела ја сакам поради нејзината чистота и свежината која ја ми ја дава, особено во толите летни денови 8) . Лесна е за комбинирање и одговара со се, особено со некои свежи бои, зелена, розева, црвена и сл. Особено ми се допаѓа во комбинација со циклама.
    Имам доста гардероба во оваа боја, повеќе летна одколку зимска.

    Циклама-розева ме подесетува на младост, на среќа, не детство, безгрижност а јас освен во детството во друго се се пронаоѓам. Немам многу парчиња во оваа боја, но прекрасно се чуствувам кога ги носам, можеби поради фактот дека не е толку честа и секојдневна. И оваа боја е повеќе летна, одколку за во зимскиот период, но сакам и кога некоја црна или сива комбинација да ја разбијам со детали во оваа боја.

    Црна ми се допаѓа поради елеганцијата која ја пружа, има некаков скрен сексапил во правилната црна комбинација. И морам да признаам дека покрај белата и црната е доста застапена во мојот плакар. И во лето и во зима ја носам, но повеќе во зима во лето ги сакам светлите и весели бои.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Омилена боја?

    Зелена и виолетова! не можам да се одлучам за една! Зелена затоа што ме смирува кога ја гледам,ме потсетува на природа,на мир и релаксација,а виолетова можеби ја сакам затоа што одговара доста на зелената и секогаш ми одат во комбинација и некако ми е нежна бојата! ;)
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.