Омилена моја книга е Роза За Балерината од Лурлин Мек Дениел.Моја препорака е до сите да ја прочитаат оваа книга
Најискрено не би можела да се одлучам за една единствена книга. Има толку многу книги кои се едноставно инзвонредни и прекрасни за читање. Каде што вистински навлегуваш во приказната, случувањата и судбината на ликовите, па понекогаш и самиот пронаоѓаш нешто заедничко со нив. Ако би морала да одберам, можеби тоа би била книгата Девојката која ја бркаше Месечината од Сара Адисон Ален. (иако има голема доза на фантазија и магии во неа) Некој ваш предлог за ''тинејџерска" книга???
Хари Потер (сите) - ЏК Ролинг Милениум трилогија - Стиг Ларсон Хобит - ЏРР Толкин Крадачка на Книги - Маркус Зусак Сенка на Ветрот - Зафон Марина - Зафон Оркански Височини - Емили Бронте Дракула - Стокер His Dark Materials - Philip Pullman
"Нана" - моја нова омилена Дури и помеѓу останатите класици е реткост олку интелигентно поврзана приказна. Емил Зола woke во 19. век.
Ги имам повеќе. Ајде да почнам од некаде. Поголемиот дел на листава се класици, од кои некои ми беа и лектири во средно. Уживам во овој тип на литература. Ана Каренина - Лав Николаевич Толстој Клетници - Виктор Иго Гордост и Предрасуда - Џејн Остин Ромео и Јулија - Вилијам Шекспир Злосторство и казна - Фјодор Михајлович Достоевски Оркански височини - Емили Бронте Евгениј Онегин - Александар Сергеевич Пушкин Чичко Горио - Оноре де Балзак Страданијата на младиот Вертер - Јохан Волфанг Гете Смртта на Иван Илич - Лав Николаевич Толстој Ревизор - Николај Василевич Гогољ Недоразбирање - Албер Ками Ребека - Дафне ди Морие Странецот - Албер Ками Судбината на човекот - Михаил Александрович Шолохов Големата вода - Живко Чинго Пиреј - Петре Мито Андреевски Игра во 'ржта - Џером Дејвид Селинџер Процес - Франц Кафка Дон Кихот - Мигел де Сервантес Сите овие кои ги набројав дефинитивно ми се издвојуваат од останатите книги кои ги имам прочитано.