Големиот Ван од Николај Бојков. Ја добив на подарок заедно со цела кутија стари книги од тетка ми и ја имам прочитано 5-6 пати низ годините. Ја обожавам
Господарот на прстените- Џ.Р.Р.Толкин Хари Потер- Џ.К.Роулинг (впрочем, ги сакам најголемиот број книги во овој жанр).
„Индиго Бомбај“ од Јагода Михајловска Георгиева Книгава ми е преубава, си ја препрочитувам неколку пати, мислам дека никогаш нема да ми здосади.
1.Sem Lundval - No time for heroes (Не е време за херои) - СФ 2. Достоевски - Идиот, 3. Дервишот и Смртта - Меша Селимович, 4. Малиот Принц - Антони сент Егзипери, 5. Галебот Џонатам Ливингстон,...... има многу
Дениција Планирам да си ја купам за дома. Спојлер ПЕСНА ЗА МОЈАТА ПЕСНА Отспрегни ce машки ветру, мој личен телалу, надлетајте го својот глас птицо и грмотевицо, бидете редачки мои мачни посестримии искрај в краја пренесете ја песната за мојата песна: За таа топола меѓу две пустини, меѓу две планини, за тој постојан бакнеж меѓу две пречисти усти, за тоа виножито меѓу две возбудени шуми, за таа неизодлива ноќ меѓу две преноќишта, за таа потпалена свеќа меѓу два непријателски черепа, за таа мировна труба меѓу две завојувани земји, за таа воздушна коњица меѓу две села,меѓу две стомни вода, за тој преотворен чадор на печурката, за таа препрочитана телеграма меѓу два братски дожда, за таа непомрдната Деница меѓу две оддалечени утра, за тоа растојание меѓу два одѕива, за тие речни слабини меѓу две скарани перачки, за тој затскриен студ меѓу две топли соби, за тој буквар, за таа сметалка меѓу два ближни града, за тоа засолниште меѓу две селски горештини, за тој пејзаж, меѓу две писма, меѓу две боишта,меѓу две Крушевски Републики, за таа пот, за тој дијамант меѓу две стушени чела, за таа грутка снег меѓу две детски дланки, за тој сончев прстен, за таа рамноденица, за таа расонета струја меѓу две растителни ноќи, за тоа запечатено пладне меѓу две речни промаи, за таа капка вода меѓу две суви непца,за таа камбанарија меѓу два ѕидара, меѓу два ѕвонара, за тоа нескротливо животно, за тоа милозливо Невреме, за тој водопад меѓу моиве две раце, ЗА ДЕНИЦИЈА Умилкување Петре М. Андреевски Ќе ги отпретам сите горештини од твојата глава, ко суво дрво на сува рида реките ќе ги заковам. Ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња ќе те љубам и губам и во пости и пред гостисамо да ме сакаш. Ќе ги поткупам сите човечки сетила и патила. Сите светлосни преѓи пресијазол ќе ги врзам, сите денови и ноќи на својот почеток ќе ги вратам, ќе ти дадам се што е солено и моленосамо да ме сакаш. Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокамќе ги затнам сите извори, се што гори ќе отворам. Ќе направам да не се знае кај е лево и десно, ќе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканица само да ме сакаш. Ќе ги шпионирам сите крадци на твоите часови. Ќе ги исфрлам од употреба страните на светоти светот, по црна ноќ, одмижанка ќе го истрчами ќе те фалам и кудам под сите небесасамо да ме сакаш. Кај ќе стасам ќе разделам топло од студено, на шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе, не ќе оставам растојание што ќе биде меѓу нас, со ова што го велам и слепо и глуво ќе исцеламсамо да ме сакаш
Еди ме претрка бтв и мене исто Ловец на змејови ми е омилена книга,исто и Марина од Зафон и Керката на Магда