http://www.youtube.com/watch?v=Ju8Hr50Ckwk Вчера ја открив. Ме релаксира и ме орасположува на некој начин.
Засекогаш омилена. Сакам да ми се свири на свадба, сакам да ми се свири на погреб. Ете толку ја сакам. http://www.youtube.com/watch?v=Xx3yXUunEq8
http://www.youtube.com/watch?v=rn_YodiJO6k Најомилена песна на сите времиња. Можеби во одреден период ќе имам моментална омилена песна, но секогаш и се навраќам на Otherside. Секој пат кога го гледам спотот плачам. За некој можеби е смешен, обичен и глупав, но за мене е уметност. Нешто посебно. Љубовта која ја чувствувам кон песнава не можам да ја искажам со зборови. Песната ми буди убави и лоши спомени, ми буди страв, љубов, омраза, копнеж по нешто што не можам да го имам, ме мотивира, знае да ме расположи, растажи, возбуди, изнервира, разнежни, напали, збуни, инспирира, секое проклето чувство знае да го побуди во мене. За мене, Otherside е нешто што треба да остане засекогаш запамтено, најдобра песна од Red Hot Chili Peppers, најдобра песна во светот на музиката. Песнава е мојата химна, никогаш не ми се здосадува од неа, никогаш нема да ја замразам и покрај тоа што секојдневно ја слушам, ем како аларм, ем кога некој ми ѕвони. Во неа ја гледам љубовта, го гледам трудот и посветеноста со која е направена. Совршена е. Од текст, до музика, преку спот, па се до бендот. Ја обожавам и сакам да биде дел од секој значаен момент во мојот живот.
http://www.youtube.com/watch?v=hTMdw1Z0chE Се заразив со песнава,цело време си ја пеам и ми се допаѓа текстот .Само мислам дека навистина не било потребно и Ники Минаж да учествува во песнава...
Подолго време ми е топ фејворит, вистинско ремек дело на Лана.. ме воодушеви со ова! http://www.youtube.com/watch?v=f0c1ss-RBcA