Цезар/Шеф, зависно од тоа како ја водат во ресторанот; Марула; Салата од краставички; Со мноооогу оцет. Живеам за оцет.
Цезар салатата ми е омилена салата. Во домашни услови најубава салата ми е микс од зеленчуци сама си ја правам, рендам цвекло, трупка, морков, зелка, краставички, маслинки ставам, магдонос, шарен бибер, посолувам, додавам балсамико и маслиново и спремна е.
Ухх.. ми ја погодивте темава.. Салатарка сум 1-ва класа.. - Марула салата (1-во местооо ) - Шопска салата (2-ро местоо.. ) - Зелка салата (3-то местооо.. ) - Руска салата - Мајонез салата - Компир салата......... охохоохохохохохооооо..
Цезар ми е стандард кога нема друго. Ептен сакам кога во некои ресторани експериментираат па имаат салати со грозје, микс од зачини, оревчиња, некои сиренца и сл. Ама ретко земам салата во ресторан, од мајка ми ми е тоа, кога еднаш ми рече дека некогаш не ги мијат убаво, ќе ја утепам. Дома си правам салата од се и сешто, што се нашло во моментот. Знам на многумина им е чудно, ама зелена салата со портокал исецкан на парченца и рикота = сон! Сега сакам со калинка да испробам не ми текнало на тоа до сега. Денес исто си направив една добра, зелена салата, малку маслиново, пола јаболко сецкано, малку сусам и лелено и дресинг од мед и сенф. Тањирот го полижав. Од француска ми е смачено, мајка ми само таа ја прави по дома, а руска стриктно по гости. Си ја сакам онаа со макарони мх мх мх.