Сите сезонски салати, а и оние по калоричните си ги сакам Еве една од омилените-ИТАЛИЈАНСКА: мартадела(на коцки), маслинки, кашкавал, јајца,пченка, мајонез,павлака и малку сенф. Оваа нова година ми беше замена за руската, ја прекршивме традицијата.
Салати воопшто не јадам .. Ако се смета за салата, само краставици Или пак и патлижани.. Друго ништо не јадам
Обожавам салата со пилешко, кисели краставички, печурки, павлака и мајонез (неизбежна ни е за зимските празници). Исто и салатата со урда и сецкани оревчиња Таратурот ми е многу освежителен, а некогаш му додавам и секцана шунка па си правам бела салата Шопската е неизбежна во листава, исто и салата марула.
Moментално марула со младо кромидче можам да ја јадам во било кое време.Инаку сум голем љубител на секакви салати,мислам дека би можела само од салати да живеам
омилената салата сама си ја правам неколку листа марула, половина домат, мала туна, едно пакетче бејк ролс внатре, балсамико оцет и лажица-две кисело млеко мене превкусна ми е и ми заменува цел оброк. може и јајце варено да се стави,тоа ставам ако ми текне дека одамна немам јадено јајце а митреба демек белковини колку и да изгледа чудно,пробајте, вкусна е мноооогууу
Моментално ми е хит оваа салата- микс од разни видови на зелена салата(марула,зелка,спанак,рукула),свежа брокула,маслинов зејтин,исцеден свеж лимон,сол,црн пипер и рендан пармезан...