Цезар салата Дај кажете каков сос се користи за во цезар салата , така малку кисел е , сакам дома да си правам па ако знаете баш кажете ми ?
Уф не постои зеленук што не го јадам,со тоа и салата.Избегнувам преливи на мајонезна база дека и прават шах-мат на хранливата вредност,и освен класичните зачини за салата ако веќе морам прелив,мешам малку павлака сенф и балсамико.Инаку коа ке се спомне салата ме асоцира на зеленчукова и здрава,ова крем салатите од типот на мајонез-руска ми се целосна спротивност
Сaлaтa немa штo не јa сaкaм,и не јa јaдaм.И секoгaш кoгa oдиме некaде ке се нaјaдaм сaмo oд сaлaтите,пa зa др немa местo Инaку цезaр,шoпскa,динстaнa брoкулa сo млaдo лукче и пaвлaкa.Anytime..
Салатите ко да ми се опсесија. Најмногу сакам салата со патлиџани, црвени, шопска салата со патлиџан, краставица и одозгора сирење, независно дали дробено, сечкано или сронето. Ама сепак повеќе сакам патлиџан, сирење и леб, без краставица. Ако веќе бирам, тогаш радо би здробила кромид и би си направила кромид салата со патлиџан.
@koritsaki Далеку од оригиналниот дресинг е тој што го правам ама пробај можи ќе ти се бендиса. Мајонез, сенф, масло, лимонов сок, сол и црн бибер. На интернет имам повеќе варијанти најдено и во сите скоро има анчовис (некоја врста на риба), во некои има жолчки. Оригинал како е незнам ама си го прам вака јас и убав ми е.
Многу сакам салати. Дома си правам секој ден, си правам со зелка, морков и цвекло, класика со патлиџани и крставички, понекогаш си ставам и коцки кашкавалче и сиренце, после со патлиџан и чушка, кромидче обавезно. За летно време ми се супер, а тие со мајонез ми се така потешки и ретко ги јадам. А кога сум излезена си порачувам цезар или грчка- секаде различно ја прават инаку