Сакам крем-салати и ги обожавам сите верзии на туна салата. Со марула и маслинки или со макарони. Или пак во последно време најчесто си правам со просо/киноа/кус-кус, авокадо, наут. Некогаш ставам сос каков ми се наоѓа по дома (има еден од Хајнц со лук што е феноменален ), а некогаш додавам само хумус чисто да не е без ич. Превкусни ми се сите верзии, одлични за вечера.
Домаќинки ќе може некоја од вас која рендала руска да ми каже како и излегла. Сакам да ја рендам саламата кашкавалот, краставичките морковите, јајцата и кромпирот секако се распаѓаат а грашокот цел останува.
Како каша, еднаш пробав и воопшто не ми се допадна. Повеќе како Мимоза салата е океј да се направи, ама да ја измешаш не е убаво, руската салата е убаво кога има структура според мене, можеби е само прашање на вкус.
Ма сите! Не можам да изберам омилена, а и често мешам свашта, комбинирам, експериментирам. На лето мешам сè од свеж зеленчук, краставица, домат, пиперка, ротквица, рукола, па додавам варен наут и урда. Сакам и класики као шопска и цезар. Само мимоза нејќам, ич не ми оди. Вака ова време ја сакам салатата за зајци што си ја викам, зелка/морков/цвекло. За да сменам некад со зелка и морков мешам мајонез и оцет во обид да напраам coleslaw. Партали праам ферментирана руска т.е. карфиол, морков, корнишони. Се рачуна за салата? И се разбира млечната руска. Name a better duo од руска и кифли. Исто топ ми е и таа со макарони т.е. малечки макарони, мајонез, павлака, златна мешавина, корнишони. А пред некој ден за со солените мафини напраив зимска верзија на француска т.е. павлака, урда, шунка, корнишони и потпечен сусам. Тргнав да си ја напраам и таа со сусам, ама се премислив, па сусамот го додадов во францускава. Иначе таа со сусам е само павлака, урда и потпечен сусам. "Салата" за луѓе што не јадат зеленчук. Уште една салата за нејадачи на зеленчук е "редената" т.е. ред рендан варен компир, ред рендана шунка, ред рендано варено јајце, ред павлака, ред мајонез, ред рендан кашкавал, и пак повторуваш со редовите уште еднаш. Сè јадам од наведеново и најтоп ми се за мезе со гости, кифличе/лиснати/мафини со млечна салата и свежа салата.
Мене ми е убава салата со сечкана обарена брокула, ситно сечкани чајни стапчиња, павлака, копар, лук во прав, една лажица мајонез, и половина килограм варен па изладен компир на парчиња, печен сусам по желба..
Мешана салата со: марула, домат, краставица, црвен кромид, маслинки со маслиново масло, јаболков оцет и сол.