јас мислев дека не одговара се додека не пробав вака: марула сецкана морков рендан краставица на кругчиња домат на ситни коцки зачинето со балсамико и зејтин, сол и дресинг од павлака, малку мајонез, сенф и малку лук во прав ОДЛИЧНА од горе можеш семки од тиква, сончоглед
Периодов имам 2 салати што ми се омилени. Едната е мароусалата: марула, краставица, млад кромид, фета, копар, масло, балсамико. Е сеа праам и импровизирани варијации ако ги немам баш тие состојки, на пример деновиве бидејќи не наоѓам млад кромид, ставам виолетов, и место фета, сирење што се нашло. Другата сама си ја смислив, инспирирана од првава, ставам свежа тиквица, виолетов кромид, копар, масло и бело балсамико. Многу ми се освежителни.