Македонска салата и марула салата или со младо кромидче, или пак со домат, копар и балзамико оцет. Мх мх мх, се давам у марула салата. Уствари марула у секакви комбинации, а најчесто со рукола, со чери домати, маслинчиња, лимон, балзамико, семки, сончоглед и ленено семе, па уште и рендан пармезан одозгора мх мх! И печени пиперки многу сакам, значи печена пиперка и домат, малку оцетче и маслинест зејтин, нема поубаво! Ма секакви салати сакам, само да се зелени и лесни, дури и за ручек си ги јадам како главно јадење често, кога сакам да одморам од прженици и глупости. Не ги сакам оние тешките салати со мајонез, тоа не е салата за мене него калорична бомба, никогаш не можам да ја дојадам Ау да и во последно време се заљубив у една салата, си ја правам често. Свеж спанаќ, аспарагус - го потпржувам на кратко на капка маслинест зејтин, претходно сецкам лук, едно чешне и го ставам во маслинест зејтин да поседи, за зејтинот да го преземе мирисот, и чери домати. Сето тоа го мешам, лукот го тргам на страна, кој го љуби може да го остави во салатата. По правило треба да се прави со зејтин од тиквички, ама кога немам таков ставам обичен маслинест, бибер, сол, и ептен малку балзамико. Ау! Перверзија! Порано не ми текнало да јадам свеж спанаќ, и ете научив нешто ново. Плус аспарагусот е многу здрав. Се на се здравје во изобилство. Абе нешто поубаво од салата ако има рака сечам. Плус во последниве неколку години ми се збрлаве организмот, па благо не ми фали скоро ич, ама затоа телово и те како си бара салата. И сега сме во посебна врска со салатите, се сакаме
Грчка. Мимоза ( марула и варени јајца + младо кромитче ) И третата, не знам како се вика - краставица,салама,павлака,мајонез и главната состојка - оревчиња.
Се што постои од салати посебно оние стандардни. И сакам онака необични измиксани со повеќе состојки внатре ... Ама салати од различен зеленчук ми се бр 1, строго со маслиново масло и балсамико оцет. Мх, мх ... Затоа што и зеленчук многу сакам. Ахх, дајте ми салати и само од нив ќе живеам
Кралицата на салатите - ШОПСКА! Со екстра сиренце. Сакам и мешана, од зелка, морков и цвекло, со оцет и масленце, таман е. А од оние фраерскине салати за по слави, ниедна не одбивам. Единствено руската ми е здосадена а и згадена, заради многуте Нови години Ценам добра француска салата, туна со мини кубети и пченка, цезар во Амати, евентуално онаа со спанаќ во Кинески ресторан.
Оуу руската од оние помрсничките. Мене па од таа никогаш мислам дека нема да ми здосади. Инаку една салата јас што си ја правам *ја научив во туѓина* со свежи шампиони, марула, јаболко, круша, домати, ми е особено убава, и шопска наша ама со многу маслиново, магданос, и биберче ах!
Каква и да е само да е салата. Не седнувам на ручек без нејзиното височество салатата. Шопска, марула, зелка, морков, цвекло...абе секаква. Една нова сега почнавме да јадеме дома: ситно сецкан свеж праз, варени везени пиперки исто ситно сецкани, варени суви домати и варени суви сливи. Се додава масло, оцет, сол и не можеш да престанеш да јадеш.
Се знае Шопска секако, но ми се допаѓа и онаа со туна, шампињони, компири, мајонез, морковче и кисели краставички. Абе милина едноставно
1. Шопска со многу сирење 2. Сецкан праз, варени пиперки и мноооогу оцет Салата од краставички со многу оцет, марула и варени јајца итн итн, ма сите ги обожавам *смајлинакоемутечатлиги*
Шопска Спојлер Руска (онаа со мајонез) Спојлер И најомилена, не и го знам името, ама е со рендан компир, варено јајце (жолчка и белка), сирење, морков и мајонез.
Има една салата што си правиме секој ден со дечко ми и просто ја обожавам и не поминува ручек без неа,а се состои од марула,каставица,патлиџан,младо кромидче и лук,туна и кубети зазики.Абе мераци
Шопска со многу сирење, марула со кисело млеко, зелка моркови и цвекло, мајонез салата, макарони со павлака,шунка и печурки, и мимоза салата ( марула, пченица,јајце, сирење)