Ги додавам и зелка салата и руска салата. Се давам во руска салата за новогодишните и божиќните празници.
Mарула,Mарулка обожавам,многу ја сакам со младо кромитче со балсамико и маслиново масло,секој ден ја јадам Cакам и шопска,македонска,мешана,компир со кромид исецкано со многу црн бибер и киселина,зелка салата,ги сакам и оние со морска храна,онаа со урда,оревчина,лукче,мх мх Cамо оние со многу многу мајонез не ги сакам многу,ако каснам од нив тоа би било 1-2 годишно,и имаше една со јајца само што ја правеа и мајонез многу е такви не можам и не сакам да јадам Mи текна на онаа со патлиџани и пиперки,летна салата си ја викам,превкусна е Oние со макарони кога како ги јадам,сакам и туна салата со кромид и лута пиперка и маслинки,не ми се верува дека порано воопшто не сакав да јадам салата,сега се давам во нив
Шопска со многу сирење ми е на прво место Марула многу не сакам,повеќе сум за зелка со краставички. Ја сакам салатата до копири,мајонез,сирење и јајца,руски и такви мајонезни исто сакам,ама летно време ми се малку тешки нив ги оставам за зимен период. Многу сакам и салата со зелка,морковче изрендани,малку бибер и павлака се заборавам со неа
Јас со цезар салатата имам лошо искуство, па очекувам искуството да се поправи во некој ресторан каде прават подобра салата. Од омилените, нека бидат шопската со доста сирење, а и јас летно време повеќе јадам исецкан патлиџан, малце зејтин, сол, и малку повеќе сирење и се давам во неа. Потоа, таратур, руска салата, онаа со испечени пиперки, патлиџан и кромитче ( ), обична краставица-салата, зелка со краставички, и тоа е тоа.
во последно време јадам зелка со краставици и многу убава е салатата,а порано неможев да ја поднесам салатава
Сакам зеленчук, повеќе од овошје, сакам салати . Сезонава ми е само за таратур , по можност без лукче, а од јуни со шопска со вистински патлиџан бре, а не со црвенава пластика, ни желудник не ја вари.
- Салата со макарони - Таратур - Шопска салата - Марула - Краставички - Зелка - И секаква друга само под услов да е многу кисела.
Сакам секакви салати, мајка ми е виновникот за тоа, а најомилени ми се шопската, руската, и зелка салата ммммххх и да не заборавам италијанска обавезно!