Шопска, сосе кромид сосе се! Зелена салата или марула, па цезар, туна салата, салата со пилешко месо....и секако незаменлива руска салата.
Цезар - НАЈомилена салата ,мислам дека никогаш нема да ми здосади да ја јадам Шопска - јас си ја викам секојдневна што и да има за ручек мајка ми обавезно прави шопска . Понатака марула ,секако комбинирана... со туна ,маслинки ,роквица,кубети,стек ,краставица ,мимоза небитно ,битно да има марула и да биде доста кисела најчесто со 2,3 лимона Мешана салата зелка,цвекло,морков ... и француска салата со екстра ореви . манијак сум за салати ,доста често ги јадам и во замена за ручек .
Шопска ммм, мислам дека свежа шопска можам да јадам во СЕКОЕ време...наутро, попладне, вечер, среде ноќ да ме разбудат, одма очињата ќе ми се отворат