Омилените филмски ликови (со рецензија)

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од rossonerka, 21 април 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Сигурно сите имаме омилени филмски ликови.
    Темава не е набројување, ни поставување слики, ни објаснување во една реченица, туку една рецензија на целиот лик, комплетна анализа на ликот!
    Напишете го ликот, филмот, глумецот, може да поставите слика и објаснете што ве воодушевува во тој филмски лик. Што ве привлекува? Зошто го сакате? Објаснете за глумата, за облеката, шминката. Дали би промениле нешто во тој филмски лик? Дали актерот е совршен за таа филмска улога или вие сметате дека друг актер подобро би се снашол. Баш се што ќе се сетите за таа улога напиштете.
    Тоа може да се ликови од филмови, серии, па и цртани нека бидат, може да се позитивци или негативци.
    За секој филмски лик кој ве воодушевил слободно може да напишете рецензија.
    За подобра прегледност на темава во едно мислење да се рецензира по еден филмски лик.


    Имам многу омилени филмски ликови, ќе имам доста постови во темава :P Но ќе почнам со оној од кој ја добив идејата за темава, не ми е најомилен, но ми е многу интересен. :D

    Stanford Blatch (Sex and The City)
    [​IMG]
    Во Сексот и градот во улогата на Стенфорд се појавува глумецот Willie Garson. Едно од најдобрите геј глумења. Филмски лик кој е за паметење, лик кој ми влева насмевка и позитивна енергија, сеедно што не е "нормален" маж, сепак тој е многу понормален од секој останат кој се појавува и во серијава и во реалноста наша. Другар геј како што секој би посакал. И љубоморам на Кери Бредшо што го има Стенфорд :)
    Навистина постојано кажувам дека посакувам да имам другар ко Стенфорд. Другар кој секогаш е и во добро и во лошo со тебе. Кери да речеме со секој се скара во филмот, но не и со Стенфорд, тоа никогаш. Нејзино рамо за плачење, нејзин најдобар другар за шопинг на чевлички. Секогаш имаше блесави шашави комбинации кои ми се баш смешнички, но затоа беше најдобар женски шопинг партнер, совршен за избор на женска облека. Стенфорд не би бил тој без Кери, тие ми се совршени пријателчиња, кои совршено се надополнуваат. Добра личност, добар пријател, духовит, никогаш себичен, пријатен, добро рамо за плачење. Герсон совршено се снајде во улогата, дури јас мислев и дека во приватен живот е геј, едноставно тој лик ми е врежан дека е геј и точка. Тоа е совршена глума кога актерот можеш да го поистоветуваш со тој филмскиот лик и да неможеш да ја замислиш неговата приватност поинаква. Јас дури можам и без Саманта, Шарлот и Миранда да го замислам филмов, ама не и без Стенфорд :)
    А и имаше и одлични цитати.
    Филмска геј улога само за пофални зборови.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На elimkd и Trendafilka им се допаѓа ова.
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Teмава "цути".
    Да беше ,,стави слика од омилен филмски лик" ќе имаше 20 страни до сега, да се билдаат мислења. А кога ќе треба да се пишува подолг текст никој нигде нема.

    Мојот нов пост е повторно за сериски лик, многу повеќе се поврзуваме со филмските ликови од серии од причина што ги гледаме многу повеќе, се соживуваме повеќе со нив.
    Речиси и да заборавив на овој филм и како мало дете се израдував кога пред некој ден на Фокс Лајв видов дека повторно го даваат еден од моите омилени сериски филмови. Серија која почнувајки од основно па и средно си ја гледав пред заспивање секој ден.
    Harmon 'Harm' Rabb - JAG
    [​IMG]
    Во улогата на Харм се појавува David James Elliott. Улогата на Харм во JAG му носи огромна популарност, а кога ќе се присетам колку лудувавме ко мали на него. Со другарките ептен го сакавме. Сечевме вени на него :D Абре лепота, не само физичка, туку ликот Харм беше совршен. Момак убав и секси, паметен, војник поточно воен обвинител, во униформа, со одличен акцент, со перфектна глума, абре совршен. Дури толку се поистоветував со Харм, а секако пофалби и за неговата придружничка т.е. најчесто сопарничка а потоа и љубовница Сара Мек, што дури сакав да ја имам неговата професија. Ете дури и правен се запишав, можеби филмов имаше влијание :) Со тоа што кај нас нема војска, а камо ли да сум воен обвинител и истражувач :lol: Филм кој има 10 сезони и над 200 епизоди. Како што читам Харм се појавува во 227 епизоди од филмот Воен истражен судија. Mислам како да не засакаш некој лик кога го гледаш повеќе од 10 години? :) Тоа е причината што многу се поврзуваме со сериските филмски ликови. Темава најпрво морам да ја исполнам со омилените мои сериски филмски ликови, бидејки како зависник од серии имам многу омилени ликови. Харм може и ми беше подзаборавен, но им благодарам на Фокс што ме потсетија. Благодарна би им била на МТВ, ако добро се сеќавам да ми ја вратат серијава и да си ја гледам повторно. Да уживам во ликот на Харм, во совршениот униформиран воен правник. 8)
     
    На Annath, LivingGlam и JuLleE им се допаѓа ова.
  3. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    [​IMG]

    Лукреција од Спартак, серијата која ја обожавам, а ја обожавам токму заради оваа глумица, заедно со Џон Хана, односно Батиатус во филмот, се двоумев кој лик да го напишам, но дамите имаат предност, така да...

    Лукреција е едно злобно, подмолно, лукаво и снаодливо суштество кое или ќе го сакаш или ќе го мразиш од дното на душата. За да опстои во куќа полна со гладијатори, амбициозен сопруг, па едно време и сиромаштија беше спремна на сите се, не гледајќи средства.

    Го уби својот свекор, правејќи да изгледа тоа како непријателот на својот маж, а воедно со тоа ја одмазди и нејзината најдобра пријателка заради тоа што непријателот ја уби неа.
    Намести многу убиства.
    Кажа одлични цитати.
    Заедно со сопругот ги исковаа плановите како од обичен ланиста тој да стане еден од најпочитуваните луѓе во Републиката, како да навлезе во политиката.

    Не знам зошто ја сакам толку, можеби затоа што гледав како во сите ситуации таа се намести така што сите конци ги држеше, можеби затоа што знаеше што сака, можеби затоа што не бираше како ќе ја оствари целта, туку секогаш гледаше да ужива во животот.

    Во втората сезона го расипаа нејзиниот лик, но затоа во првата и во пред-сезоната беше ѕвер невиден.
    ____________________________________________________________________________________________
    [​IMG]

    Филмов сум го гледала неколку пати, и секогаш се восхитувам на глумецов.

    Татко кој е спремен да влезе во криминалните води, да киднапира цела болница, да направи прекршок во кој што би можел да оди во затвор, само заради своето дете, само затоа што системот е таков, доколку нема осигурување, болницата да не изврши операција.

    Детето е болно и му треба срцева трансплантација, но докторите одбиваат. Дензел толку убаво ја пренесе улогата на татко кој би тропнал на самата врата од ѓаволот ако треба, само за неговото дете да биде во ред. Љубовта спрема детето ја покажа на прекрасен начин, всушност покажа дека детето се сака повеќе дури и од сопствениот живот.

    Дензел беше одличен, не ни можам да замислам никој друг во оваа улога.
    Не би сменила ништо, се беше одлично во филмот, неговата жена ме нервираше малку, но Дензел глумеше колку за двајца.

    Всушност во филмов нема срцепарателни цитати и зборови, но самите акции, неговите дела ќе те натераат да се замислиш, приказната е толку моќна само заради неговиот карактер.

    Јас можам до утре, ама 2ца се доста за почеток.
     
    На SimonLimon, Vikica.cuci, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.548
    Мојот омилен лик како што многу пати имам спомнато е Декстер Морген од серијата Декстер. Едноставно го обожавам. Во улогата на Декстер се појавува актерот Мајкл С Хел кој одлично ја донесува улогата а исто така е доста шармантен :P .

    Иако е сериски убиец и реално таков лик да постои во реалниот живот не би го гледала на ист начин. Сепак не треба да се занемари фактот дека е сериски убиец кој има еден вид на код на убивање, тој ги убива само лошите луѓе, убијци, силувачи, и најлошите од човечката раса. Но сепак тука доаѓа прашањето дали еден човек има право така со смрт да им пресудува на некои луѓе без разлика што и да направиле? Додека ја гледате серијата многу пати ќе си го поставите ова прашање и многу пати нема да знаете дали да ги осудувате или оправдувате неговите постапки. Лично јас се двоумам во врска со тоа но сепак мислам дека можеби затворската казна е премала за луѓето кои прават такви грозни работи како жртвите на Декстер. Особено во петтата сезона каде што Декстер ги убива и заедно со Лумен им се одмаздува на оние кои безмилосно силувале и убиле неколку невини девојки. Сметам дека за такви чудовишта и треба такво нешто.

    [​IMG]

    Факт е дека овој лик е многу комплексен и не може да се дефинира како негативен или позитивен. Интересно е што низ епизодите Декстер се појавува како наратор и имаме можност да гледаме како размислува и какви се неговите ставови во врска со нештата. Многу негови цитати ми имаат влезено во глава и ме имаат замислено бааги. Низ серијата гледаме дека ликот на Декстер претрпува некои минимални промени со тоа што откако ќе го добие синот Харисон станува почовечен и прави се за да го заштити, особено откако неговата жена ќе биде убиена. Ми се допаѓа врската која ја воспоставува со своето синче, кое патем ми е многу сладко. Во него се јавуваат некои чувства кои порано ги немал а и приметуваме многу хумор и сарказам во неговиот лик во последната сезона. Се на се ликот е одличен, оригинален и е еден кој ми има оставено така поголем впечаток. Иако имам и други омилени ликови од филмови и серии ама овој ми е така поомилен.

    Еве некои подобри цитати од него.
    Dexter: I see their pain. On some level I even understand their pain. I just can't feel their pain.

    Dexter: Wolves come in many forms. Some have big eyes; the better to see you with. Others huff and puff. Or others hide in the plain sight. I should know because, like it or not, I am one, too! That's never going to change. And neither is the fact my little lamb is becoming a little boy. Walking. Talking. Listening. As much as I want Harrison to stay this way forever, from now on, the only wolves in his life have to be the stuff of fairy tales. I can no longer allow him to see the real me. Only the version that's make believe. It's the only way this story gets to have a happy ending.

    Dexter: Despite having considered myself a monster for as long as I can remember, it still comes as a shock when I'm confronted with the depth of evil that exists in this world.

    Dexter: It's okay. Life doesn't have to be perfect. It just has to be lived.

    Dexter: [to Harrison] Whether you're a lion or a lamb, I'll always love you
     
    На Annath и Fearless им се допаѓа ова.
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.361
    Leroy Jethro Gibbs од NCIS, т.е вистинското име му е Mark Harmon.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Мислам дека да не беше тој серијата немаше да биде толку добра. Совршен е во улогата, премногу добро си глуми, уште подобро го облекуваат, па ајде што е постар, човекот си е ептен секси.

    Значи супер ми е, секогаш смирен, сталожен, секогаш со план б, ништо од кожа не може да го извади, што и да се случи знае да се справи со ситуациите, мигновено носи правилни одлуки за ова или она, строг е а уствари предобар, ептен знае да се постави во ситуациите, па и кога ќе се насмееше онака скришно, абеее да ти иде да го гушнеш и да не го пуштиш :D

    Мислам дека никој друг неговата улога не може подобро да ја одигра. Бивш маринец кој води тим од истражувачи. Кога не ја работи таа работа, преработува дрва, изработува предмети од дрва, претежно бродови, и истото го работи со многуууу љубов и трпение.

    Се сеќавам дека секој ден мораше кафе да пие, не можеше без кафе, си го пиеше посебно, како тој што го сака. И буквално ништо не се разбираше од технологии, компјутери и се слично на тоа, па во секоја епизода на аби и викаше да каже на јазик на кој тој ќе разбере.

    Не знам, ете на овој прво ми текна дека секогаш му се восхитував, и само заради него, добро и заради маж ми вториот
    [​IMG]
    ја следев серијата :)
     
    На Annath, G.G, green.eyes и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.509
    Многу долго се мислев на оваа тема, ќе се навраќам повеќепати, но од старт, убедливо најомилениот лик ми е Картман од Саут Парк.
    [​IMG]

    Eric Theodore Cartman, неговото целосно име, единственото дете на Лиен Картман, која воедно е неговата мајка и татко, бидејќи е хермафродит.
    Како може да се опише Картман?
    Незрел, разгален, себичен, хомофоб, манипулатор, мрзелив, гласноговорник, сеирџија, расист, анти-семитист, злочко, самобендисан нарцис.
    Саут Парк никогаш не би бил она што е без Картман.
    Гласот го позајмува еден од креаторите на серијата, Trey Parker.
    Неговата слаба точка, еврејчето Kyle Broflovski е вечна мета на неговите закачки и сите злобни деструктивни планови.
    Хуморот му е саркастичен и циничен, секогаш за себе, секогаш во своја полза, еден и единствен - Картман.
    :D

    Просто го обожавам, ме смее и расположува секогаш.
    Тоа мало дебело човече... no, he's not fat, he's big boned!
    :D

    Cartman: Love is like taking a dump, Butters. Sometimes it works itself out. But sometimes, you need to give it a nice hard slimy push.

    Cartman: Is that something I'd want to do? Is the Pope Catholic and making the world safe for pedophiles?

    Cartman: Jimmy, do you know what happened to the last people Germans were pissed off at? Tell him, Kyle.

    [​IMG]
     
    На ludoto19, green.eyes, LivingGlam и 8 други им се допаѓа ова.
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Во овој пост ќе ги спомнам за мене омилените 2 машки улоги. Тоа се улоги за паметење, улоги кои пред некоја деценија, сега и за неколку децении ќе ги мамат гледачите да ги гледаат овие филмови.
    А без овие двајца момци, сега веќе дедовци :) филмовиве не би биле тоа што се. Едни од најгледаните, најдобро оценуваните, најнајградуваните, оскаровски филмови. А за жал овие двајца актери иако номинирани никогаш не добија оскар за овие историски филмски улоги. И покрај тоа што двајцата ги прославија овие улоги, ги направија екстра популарни и едни од најплатените глумци.


    Michael Corleone (Al Pacino)
    Во The Godfather
    [​IMG]
    Кумот на сицилијанското подземје а и на американското, еден и единствен Мајкл Корлеоне. Иако морам да признам и улогата на Дон Вито Корлеоне кој ја изглуми Марлон Брандо е предобра. Но Мајкл Корлеоне т.е. Ал Пачино се појавува во 3 дела, од младо дете до дедо го води подземјето и владее со мафијата. Поточно тој се отргнува од мафијата, дури станува и американски војник иако татко му е Дон Вито и се противи на ова, но по убиството на неговиот татко тој се враќа во Сицилија и почнува да се одмаздува. Но низ целиот филм Мајкл сака да се отргне од тој живот, од таа мафија, но на некој начин никогаш не успева. Тој се труди, но неговата фамилија е вмешана, секогаш се наоѓа нешто што повторно го втурнува во подземјето, иако трудејки се секогаш да се стреми кон легалните бизниси, за семејството и за крај на таа мафија тој секогаш се навраќаше за жал. Изгуби многу членови од семејството, тоа е она што го кршеше низ филмот и што се трудеше да стане и да стави крај на мафијата, баш поради тие губитоци, како неговиот татко, жена, ќерка... Ал Пачино фантастично одглуми. 3 дела околу 10 часа гледање на The Godfather и воодушевување на Мајкл Корлеоне се доволни да посака секој да стане мафијаш :D ама и уште многупати да посака да не постои мафијата и таа поврзаност од која тешко се излегува. Јас сеуште се чудам како Ал Пачино не доби и покрај номинациите за првиот и вториот дел на Кумот оскар за најдобра улога.

    Rocky Balboa (Sylvester Stallone)
    [​IMG]
    Го обожавам Сталоне во улогата на Роки, дури често си го викам него токму Роки, му го хејтам Рамбо :D Сите 6 дела се феноменални, иако омилен ми е 4тиот Роки со русинот Иван Драго. Уште повеќе ја љубам улогава и сите филмови кога гледам дека Силвестер Сталоне во сите филмови е директор, сценаристи, режисер и ја игра главната улога. Бил без скршен денар Силвестер Сталоне, но ја добил идејата за Роки и не сакал да го продаде своето сценариот без договор за тој да ја игра својата улога. Дури од сиромаштијата придонела да си го продаде кучето, кое потоа од средствата добиени од Роки 1 си го вратил, ако помните се појавува и кучето низ филмот :) Ова е неговата животна улога, улога во која се вложува максимално, вистински борец и во животот и во филмот. Дури тој сам има изјавено дека тој е Роки, тој е боксер, тоа е баш тој, нема голема разлика меѓу Роки и него, многу сличности од својот живот тој ги прикажува и во филмот од сиромаштија, до богатство, до падови, до подеми и до секогаш бранејки ги вистинските вредости семејството, пријателите и љубовта. Роки е еден и единствен.
    И покрај номинациите за Оскар за режисер мислам и главна улога тој не го добива ова признание.

    Можам по 50 пати да ги гледам филмовиве без да почуствувам заситување од овие филмски улоги и овие актери.
     
    На elimkd и Trendafilka им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.572
    Допаѓања:
    27.859
    Пол:
    Женски
    Некои го гледале, некои не, мене овој филм токму поради неа ми стана број 1 филм на листата најдобри.
    Шерлиз Терон во улога на Гилда во филмот Head in the clouds.
    Според мене актеркава е совршенство жена, поседува шарм, сексипилност и природна, нежна убавина, а и доста е талентирана.Улогата во овој филм совршено и одговараше.Облечена во модата од тоа време, која ја правеше уште попрекрасна мислам дека на филмот му дава посебен сјај и убавина.
    Таа е млада девојка, која потекнува од богато семејство, оди на забави, има богат дечко и однесување без цензура.Случајно налетува на помлад дечко од неа во кој се заљубува и почнува брканица со него во годините што следуваат па се до војната каде што таа умира.
    Зошто ми се допадна, едноставно, зошто е независна, моќна, остварува се што замислува, нема никави предрасуди, го живее животот како што си замислува и не дозволува ништо да и се испречи на патот, па дури ни љубовта, а тоа ја уништува.Може да се рече и дека на моменти е себична, по ниедна цена не сака да остане сама, па поради тоа ги повредува двете личности што ги сака најмногу, нејзиниот љубовник Гај и нејзината пријателка и привремена љубовница Миа.Значи живее во љубовен триаголник, без никаков срам, таа ги сака и двајцата и нема намера да прави поинаку.Шерлиз одлично ја толкува улогата, поседува квалитети кои се вклопуваат во сликата на фатална жена.Поседува интелигенција и шарам и тоа и е најмоќно оружје кое доста добро го користи.

    Ќе го заборавев мојот омилен дел од филмот, кој всушност е крајот и писмото кое го прави толку трогателен.
    Well, my love,I'm trying to make sense of things...of how I was, and how I am now.I have always believed
    our first duty is to ourselves...to live life to the full.But I have also been haunted by another conviction...that everything is preordained,lying in wait...and time is running out.I seem to have charged through my life
    in a kind of panic.And looking back...I feel I have achieved little of worth beyond our friendship:yours and mine, and Mia's.Then one day I woke...and found I had lost the two people I cared for most.Only then did I begin to realize that we cannot live alone, aloof from the world...and that to believe we cannot fight against fate is an act of surrender.You were right when you said that once I cared for your opinion of me...but wrong in thinking I ever stopped caring.
    I love you.Guilda


    Гледајте го филмот ако го немате погледнато, мене ме маѓепса нејзината улога.Мислам дека и токму поради неа филмот е го носи насловот, иако таа не е единствена главна улога.Живее во облаци, не ја засега светот околу неа, живее само во својот прекрасен свет, во кој сака и е сакана, без љубомора, предрасуди, но со маана што не ги разбира другите што не живеат како неа.
     

    Прикачени фајлови:

    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.883
    Браво Роси, супер тема! :clap:
    Е сега, јас имам омилени актери, арно ама за филмски ликови ... ајде нека биде:

    1. Лизбет Саландер




    Зборувам за првичната Лизбет, од шведската оригинална верзија. Никогаш не сум сакала да го гледам овој американскиот, нема ни да го гледам, не сакам да гледам нешто што е копирано и што наликува на нешто, оригинал си е оригинал.
    Така да, оваа Лизбет е непресушен извор на карактеристики. Лизбет е дефинитивно една од најинтелегентните женски ликови во играни филмови. Трилогијата е доста брутална, значи стварно е интригантна и посебна, мистериозна и мислам дека девојкава е совршена за оваа улога.
    Не би сакала да ја анализирам посебно во сите делови, во третиот веќе е истоштена и го нема тој сјај од првиот дел, но сепак е своја. Се восхитувам како останала читава после сите тие збиднувања во семејството, и се што таа на своја кожа претрпела и мајка и, и како сурово му се одмазди на старателот. :x Искрено, не е целосно оздравена и сеуште има некои трауми кои ја тераат на брутални потези како тој, но мислам дека во целост успеа да им возврати на сите кои и нанеле зло директно или индиректно. Не би ја бранела за некои потези и карактеристики, и не би сакала никако да бидам како нејзе со сите нишани, но просто восхитувачки е каква остроумност лежи во девојката. Со новинарот Блумквист ми се совршен пар. А и девојката со сцената беше ... :$


    Глуми во жанрот кој мене ми е омилен, и затоа е толку посебна за мене.
    Мажјак во облик на жена. Опасна е. :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Trendafilka, Annath, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.773
    Ги имам многу ама ајде да почнам од серискиот со кој растев и кој знам да го гледам од почеток до крај секогаш кога ми е здодевно, кога едноставно сакам да се насмеам, и тогаш со нетрпение ги очекувам саркастичните коментари, на the one and only
    Chandler Muriel Bing.
    [​IMG]
    Всушност нема лик од Пријатели кој не го сакам, ама Чендлер ми е посебен.
    Лик кој сите знаеме дека го глуми Matthew Perry. Самиот Чендлер е всушност син на мајка - автор на еротски новели, и татко кој подоцна станува травестит и ѕвезда во Лас Вегас. Неговите родители се разведуваат кога Чендлер има 9 години, факт и траума која многу често се провлекува низ целиот сериски.
    Неговиот најдобар другар од средношколски а подоцна и факултетски денови е Рос, и токму така Чендлер ќе ги запознае останатите „пријатели“, најпрвин неговата идна жена Моника и Рејчел, а подоцна и Фиби и Џои.

    Го обожавам пред се заради неговиот интелект и заради сите тие зајадливи, саркастични забелешки кои тој ги има во секое време. Лик кој е одлично осмислен, и што и да каже не е залудно. Едноставно обожава да ги зафркава луѓето околу него и да смислува шеги за секоја ситуација или маана на која ќе наиде.
    На почетокот дури и ќе му биде кажано повеќе пати дека прилично му се површни критериумите за бирање жена, затоа Чендлер има проблем да си најде пристојна девојка, затоа што постојано наоѓа глупав изговор зошто не би бил со неа. И ете - на крај ќе заврши со Моника а најдолга ќе му биде врската со Џенис :D

    Најинтересно ми е што никој во серискиот не знае точно што всушност работи Чендлер :D И нормално, оние делови кога самиот се шегува на сопствена сметка заради не баш големото искуство со жени.

    Најомилени цитати? Уф ги има многу ама ќе вметнам неколку. Чендлер, и со еден збор кажува уствари многу!

    Shall I use my invisibility to fight crime or for evil... (кога никој не обрнува внимание на она што тој го кажува)
    Yes, on a scale from one to ten, ten being the dumbest a person can look, you are definitely nineteen. (кога Џои облечен како хип хопер го прашува дали изгледа младо)
    Look at all the space on her side of the bed. You could fit a giant penguin over there. That'd be weird though (кога Џенис сака да се гушка додека спијат)
    Yes, hitting her with a frying pan is a good idea. We might want to have a back-up plan though, just in case she isn't a cartoon! (кога Џои му вели да ја удрат жената која ги следи со тава)
    Was that place, the sun?
    Oh, my God, you can do a duet of 'Ebony and Ivory' all by yourself. (кога Рос ќе претера со самопотемнувањето и нели ќе ја исонча само едната половина од телото :D )
    Chandler: Well, if I were a guy...
    Chandler: Wait, did I just say 'If I were a guy'?

    I get my ya-yas from Ikea. You have to put them together yourself, but they cost a little less.
    Alright kids, I gotta get to work. If I don't input those numbers… doesn't make much of a difference.
    Chandler: All i ever hear is 'Richard, Richard, Richard...'
    Monica: Since we've been going out, I think I've mentioned his name twice
    Chandler: Fine... All i hear is 'Richard Richard!!


    И милион други. Го обожавам, едноставно е најдобар :D
     
    На do-re-mi, Hipster, Trendafilka и 8 други им се допаѓа ова.
  11. DragonLady

    DragonLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    23
    Ханибал Лектор
    http://cdn2.dailycaller.com/2012/02/hannibal.jpg
    Зошто? Одговорот на ова прашање е дека Ханибал е доста интелигентен иако е психопат и канибалист но сепак е многу силен( карактерно).
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.341
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Виктор Наворски од Терминал.

    Затоа што е искрен, горд, достоинствен,
    ме трогна кога имаше прилика да го пуштат во Њујорк доколку каже дека се плаши од Кракозија (неговата земја во која имаше војна за време на неговиот лет) и САД не ја признава таа земја. Тој само рече „Тоа е дома. Како можам да се плашам од сопствениот дом?“

    Затоа што е лојален кон своите пријатели
    кога дозна дека Никсон ги шпиунираше и дознал за нелегалните активности на неговите пријатели вработени на аеродромот и тој реши да се откаже од одењето во Њујорк и да се врати дома за да ги заштити.

    Затоа што е човек кој си стои на ветеното и си го почитува семејството
    т.е. причината зошто е тој всушност во Њујорк. Татко му бил колекционер на автограми од најдобрите џез музичари и додека бил жив од сите добил автограм освен од еден кој живеел и работел во Њујорк и Виктор на умирање му ветил на татко му дека ќе го собере последниот автограм и ќе му ја комплетира колекцијата.

    Лик предобар за навистина да постои.
     
    На SimonLimon, Hipster, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.389
    Пол:
    Женски
    Имам прилично значаен број на омилени филмски ликови, посебно во серии.
    Но сепак повеќе се врзувам за ликовии од серии, бидејќи 2 часа колку што трае еден филм за мене е премногу малку за да се врзам премногу за еден лик и да успеам да направам некоја комплета анализа на лик, но сепак има и такви,кои за неполни 2 часа, знаат да ми го завртат паметот.
    Ќе започнам со за мене најомилениот и најнезаборавн лик-
    Кaren Walker (Megan Mullally)
    [​IMG]

    Не постои вакво женче, кое ако би го видела во реалоста да не би рекла де е исфустрирано мало дебелко женче, кое незнае што сака освен да пие и да се занесува. Но далеку од реалноста ова е фантастичен лик, одличон доловен и пред се забавен и смешен до месечина и назад.
    Самиот лик си носи со себе една замисла дека неможеш да ја мразиш или да ти биде досадна, и тоа со самиот факт дека можеби и ги засенува носителите на серијата со својата уникатност.
    Серија во која највпечатлив лик е будалата пијаница и нејзиниот дебел маж, чиј лик беше строго држен во тајност( како со бабата во Том и Џери :D ) е еден од интерсените факти што те тера ужасно многу да посакаш да му ја видиш фацата, иаку е сосема небитен и според лик.
    Главна окупација пиење и тоа во огрoмни количини, тролање на сите страни, посесно Грејс, трошење пари во изобилство, и мангупење со Џек.
    Но убаво и рече еднаш Џек, "Ah, Karen, beneath those big breasts beats a heart as big as those breasts."
    Мислам дека целата мешаница околку неа, е само фасада покрај тоа што таа му е најголемиот подржувач и спонзор на Џек, секогаш го бодри во сите тие некогови луди идеи и кариери. И не само него, и Грејс, сигурно не работи кај неа за пари.
    Неостварена желба дефинитивно и е да бида мајка, улога во која мислам дека за жал не ја пробаа да биде, еден пропуст на режисерите во кој мислам дека интерсено ќе беше да се види.
    Интересени реченици и мисли има еден куп одвај да издвојам барем 10тина

    -Good Lord. I can't believe I'm at a public pool. Why doesn't somebody just pee directly on me?
    -I’m too tired to slap you. Bash your face against my palm.
    -No one in the world would believe you're straight. You fell out of the gay tree, hitting every gay branch on the way down. And you landed on a gay guy... and you did him.
    -If my brain could still send signals to my face, you'd see I'm horrified right now.
    -Honey, I would suck the alcohol out of a deodorant stick
    -Rule number one. Unless you're served in a frosted glass, never come within four feet of my lips.
    -It's Christmas, for goodness sake. Think about the baby Jesus: up in that tower, letting his hair down... so that the three wise men can climb up and spin the dreidel and see if there are six more weeks of winter.
    -Your boyfriend's a big flaming feather-wearing man-kissing disco-dancing Vermont-living Christina Aguilera-loving Mikanos-going, honey, take it on home.
    -Husbands come and go but the Chanel sling back is forever.
    -I know what guilt is. It's one of those touchy-feely words that people throw around that don't really mean anything... You know, like 'maternal' or 'addiction'
    -Hey, fat boy! You know the rules! No dessert until we can see your neck!
    -Oh honey, we're so much alike! We both love me.


    Незнам дали постои, човек на кој за момент не се изнасмеал на нејзините шеги, и на сето тоа допринесува нејзиното писково гласче, кое впрочем е изнворедба глума и интерпретација на улогата во склоп со ликот.
    Мене ми е фантастична,безвременски шеги,кои мислам дека и по 20 години ќе бидат забавни и ќе изнудуваат насмевка на киселите лица.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    and many,many more....
     
    На BlackSwan5 и Vikica.cuci им се допаѓа ова.
  14. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.282
    Пол:
    Женски
    Габриела Солис
    [​IMG]
    Прексрасна, преслатка, а во исто време и сурова. Габриела Солис од Очајни Домаќинки.
    Според мене таа е ликот кој и го дава целиот тој шмек и елеганција на серијата. Ми се допаѓа како личност, и со целиот тој нејзин сарказам и саркастични забелешки. Секогаш кажува тоа што го мисли, и не се прави нешто што не е. Кога се работи за семејството е многу пожртвувана, и не штеди сретства за да ги заштити и да го зачува она што е нејзино. Истовремено ти ја нуди најголемата подршка која што можеш да ја добиеш од некого. Ми се допаѓа и нејзината глупавост на моменти и нејзиниот натпреварувачки дух. Мислам дека многумина ќе се согласат со мене :)
    Омилени цитати ги имам многу, еве дел од нив:
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На SimonLimon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sara333

    sara333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    27
    [​IMG] Спенсер Хастингс од Слатки Мали Лажливки.Убава,паметна,слатка и перфекционист.Секогаш го добива тоа што го посакува.Едноставно е прекрасна, има добра смисла за хумор и има убав стил на облекување. :D
     
  16. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Hannah Baker од 13 reasons why!
    мислам дека заслужува оскар за улогата у серијава, значи и серијата е предобра и она како глуми.
     
  17. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    5.827
    Пол:
    Женски
    Alan Shore (James Spader)
    upload_2017-5-17_19-58-27.jpeg

    Еден од најдобрите ликови кои досега ги имам гледано во сериите. Страшен хумор, саркастичен. Кој ја гледал серијата знае за што зборам. Покрај тоа Џејмс е мојот најомилен актер, секој лик му е на место и одлично одигран.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Micheal Scofield (Wenworth Miller) од Prison Break. Желбата на Мајкл да направи огромни жртви за да им помогне на другите - тој е повеќе загрижен за благосостојбата на другите луѓе отколку за сопствената. Најдобар лик и глумец.