Во последно време го форсирам АСОС, особено за облека и чевли. Еден тон работи си имам земено од таму и буквално се' ми се погодило досега А и најлесно ми е, не мора да се шетам по продавници Исто, ми се допаѓа и Зара како бренд, секогаш наоѓам парчиња по мој вкус, иако цените им се убаво напукани за 90% од асортиманот. И Манго ќе го спомнам, а за цените важи истото како во Зара, за жал. Добро би ми дошла и една продавница на H&M во Скопје (не мислам на онаа импровизираната на Мега Фешн, да се разбереме ). Фин бренд ми е, солиден квалитет, а многу пристапни цени. Имам парчиња купени од странство што со години ги носам и гајле немаат, особено едно сако, кое ми е најомиленото парче што го поседувам, купено за 15 ЕУР. Душата му ја вадам веќе три години
Stradivarius,Bershka,Pull&Bear,Terranova,LTB , Bata,Aldo,Parfois,Mango ....Во странство : H&M, Lindex,KappAhl, За долна облека и пиџами Intimissimi ,WomanSecret... Тука најчесто купувам и можам буквално се да најдам што ми се допаѓа, но секако ако нешто ми се допадне тука и таму ќе купам и од др продавници
Во последно време си купувам од Mana Fashion, пола облека ми е од таму а иначе у срце ми се Springfield, H&M, New Yorker, Accessorize, Bershka...
Вообичаено во јануари одам на шопинг во Солун и се снабдувам со најголем дел од работите кои ми се потребни за наредната сезона. Она што не сум успеала да го најдам го купувам на некои мини шопинг на почеток на сезона во Сити Мол (најчесто купувам во Манго, Бершка, Пулл&Беар, Зара, Страдивариус, Котон, Парфоис). Не сум од Скопје, а во мојот град иако еден од поголемите во Македонија, нема некој многу голем избор, освен во еден бутик (Бутик Нина), кој е споменуван повеќе пати на форумов од девојките кои студираат во мојот град како бутик во кој можат да се најдат навистина убави работи, меѓутоа цените се малку повисоки (слободно можам да кажам дека во Сити Мол можам да си најдам поефтини работи), па најчесто купувам инцидентно, за некоја прилика или нешто ако ептен ми се допадне и не ми е жал да дадам некоја илјадарка повеќе Инаку ги следам на фејсбук и често порачувам од МАНА, најчесто маички за секој ден. Чизмите внимавам секогаш да се кожени и на почеток на сезона секогаш се подновувам со еден пар од наша Баргала. Чевли/сандали ретко можам да си најдам по мој вкус и најчесто ги порачувам преку Асос. Порано и облека порачував преку Асос, ама после неколку промашувања решив само чевли/сандали да порачувам.
Нели ама Маичка обична бела, само логото на Fendi под наводници, илјада и петстотини ја лупнала.Апла снобовски.Нина освен што знае добро да комбинира на излогот да ја претставе робота, ништо посебно не е...А, сум видела роба откај неа у други бутици, не дупло-тродупло поефтина. Пред неколку месеци купив кроп топ на долги ракави откај неа, еве го веќе е целиот развлечен.Така да и со квалитет не е нешто нај.
Искрено не обожавам да купувам од тука иако би ги издвоила Масимо Дути,Њу Јоркер и Котон,кога нешто ми паѓа во око или морам бидејќи немам друг избор.Толку. Како што спомна @Oxymoron и јас оваа сезона најдов во Евроазија розев џемпер кој го имам купено минатата година оваа сезона така што..едноставно не би. Го обожавам H&M, Pull and Bear..
Јас имам слушнато дека робата ја носи од пазарите од Солун. Маичките и' се 800/1000 денари, кошула под 1500 ретко може да се најде, фустаните над 2500/3000. Мислам во Манго и Зара можам да најдам за таа цена, па дури и за пониска цена. Ако ништо друго барем Манго и Зара нели се сметаат за некој си бренд. Инаку јас купувам од Нина уште пред да го отвори бутикот, кога имаше тезга во трговскиот и можам да кажам дека отсекогаш имала убава роба, ама и цените отсекогаш биле солени. А дека има убави работи, има.