Омилени бутици

Дискусија во 'Мода и стил' започната од ljubov1, 5 јануари 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.532
    Искрено не е битно каде купуваш , се додека знаеш што купуваш и како умееш да го носиш.

    Ми се случило да фрлам ненормално многу пари на некоја маичка (на една од Naf Naf потрошив скоро половина плата) :) а ми се случило и да си купам маичка од Second Hand на Бит пазар за 150-200 ден.

    Се додека нешто убаво стои некому, и е добро искомбинирано со додатоци (ремени , марами, шешири, убава чанта, обетки - се подразбира, без нив сум како без гаќи :D )

    Искрено, Теранова никогаш не сум ја сакала. Сите парчиња облека ми се премногу обични, повеќето бои им се меки и пастелни, алиштата ми изгледаат кутри и без душа, како 10 пати да се испрани во машина. :)
    Купувам и од ГТЦ, и во бутиците низ Бисер, и од тие кај мене во населба, и од жените кај мајка ми на работа што поминуваат и не се срамам да кажам од каде ми е и колку чини.

    Чевлите се веќе сосема друга работа. За нив вреди да се дадат и повеќе пари. Со стапало нема играчка ;)
     
  2. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    66
    jajapasa-sve e po 200denari pocnuvajki od corapi do kapa.prezadovolna summmmmmmmmmmmmmmmmmmmmmmmmmmmmmmmmmmmmmmmmmm si iznakupiv eden kup alista i toa kvalitetni ;) ;) ;) :D :D :D
     
  3. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    663
    Немам никој посебно...
    Купувам од кај ќе ми текне.
     
  4. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.209
    Допаѓања:
    5.173
    Од кај нас во населба си има една продавничка купи ефтино и секоја 2 недела можеш да најдеш многу убави работи а од гтц кога одам во тера нова се случува да најдам нешто,во боди лајн,во еуро азиа,во продавничката доле најдоле до шехерезада во една мала продавничка карши тц Соравиа ко збутана е и од таму најчесто купувам :)
     
  5. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    81
    Најчесто облека купувам од Tally Weijl,Mango,Calliope i springfield и досега сум задоволна ми траат маици не ми се избледиле ни се растегнале,али многу зависи и како се перат,Зара ми има супер алишта интересни само што нема кај нас,прилично добар квалитет,и успат купувам од кај ќе стигнам,ако налетам на некое продавниче со ниски цени и интересни алишта :D
     
  6. thatsmysecret

    thatsmysecret Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    214
    Calliope, Mango, Tally Weijl, Bershka i Koton :) :)
     
  7. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    680
    Најчесто купувам во : Terranova,Vasidora,Gruppofiori,EuroAsia,Converse,Caliope,Azzaro...Не ми е важно колку пари ке дадам важно ми е тоа што ке го купам да е во тренд и убаво да ми стои :)
     
  8. Tabby

    Tabby Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    23
    Од кои продавници најчесто купувате облека?

    Мене искрено Ми се допаѓаат Teranova, Calliope, Mango и Tally Weijl :)
     
  9. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    572
    Нема за мене нешто такво, едноставно го купувам она што ми се допаѓа, па макар било и од пазар, уличен продавач, ром....Во ГОЛЕМИТЕ бутици освен добра пара за мене нема ништо....пардон има...нешто што на пазар е тродупло поефтино...и ко што би кажала една газдарица на познат гоолем бутик дека додека има глупи луѓе на светов јас ќе си го полнам џепот (немојте ве молам да се навредувате само цитирам што таа ми кажа). Не дека не сум купила и јас од таков бутик, но најскапото нешто било 950 денари....
    Мене ми е најбитно убаво да ми стои да ми се допаѓа, да сум чиста и испеглана, да не е скинато или развлечено.
     
  10. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    338
    vo posledno vreme se sto kupuvam e od TALLY WEIJL, obleka e stvarno kvalitetna i vredi za parite. Ima fenomenalni fustancinja YEs da e malku skapo, ali koj ceka ke doceka
    (mislam na popusti) hahahahahaha
     
  11. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.500
    Во нашиов Охрид нема многу брендирани продавници.. така да омилен бутик ми е Авангард во склоп на O2X (имаат препреубава роба, во О2Х има и од Roxy, DC и сл), и секако Parenzzo.
     
  12. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    391
    Да не ги забораваме и ‘Модатекс‘ каде што може да се најде по некое интересно ‘крпче‘ :D
     
  13. fairytale

    fairytale Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    24
    Converse,Teranova, Calliope.
     
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.303
    Пол:
    Женски
    Облека купувам од шопинг-центарот Елит во ГТЦ. Облеката што се продава во реномираните бутици не ми се допаѓа.
     
  15. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.900
    Секогаш различно, облеката што ќе ја купам не мора да е некоја марка. Од маркиве најчесто и најмногу купувам во Terranova, а помалку во Calliope, Tally Weijl и Кoton.
     
  16. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    86
    Највеќе од теранова и тели веил.. а ги обожавам алиштата на мис сиксти ама тоа поретко :(
     
  17. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    74
    Луѓе бе, незнам дали смееме на оваа тема да дискутираме, зашто правиме реклами за фирми... :^) Не знам дали е тоа дозволено на форумов???
     
  18. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.667
    Се разбира дека е дозволена дискусијата од ваков тип. ;)
     
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.738
    Допаѓања:
    10.020
    Пол:
    Женски
    Па во Скопје купувам највеќе во Calliope, Springfield, Terranova, Fiori, Koton и Motivi иако многу ретко , затоа што нема убава роба.
    Искрено, поомилени ми се малите бутици некаде во маало или центар кајшто има убава , квалитетна и ефитна роба.
    Во последно време купувам многу убави маички и фустанчиња од еден бутик кај мене, со турска роба, а многу ниски цени.
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.039
    Облека купувам скоро од секаде, во Теранова купувам само обични работи коа се веќе на попуст кога приближно вредат до нивната вистинска цена (морам пример да кажам, лани купив шал од таму за 1000 денари, а оваа година истиот беше 199 денари :@ ), ми се допаѓа најмногу Мотиви во рамстор, малце се височки цените ама кога ми се брза не чекам попуст, Телји Вејл е супер, SiXX PM, и една продавничка морам да ја издвојам каде што секогаш има феноменални работи со приступачна цена се вика бутикот Уна и се наоѓа спроти Јосип Броз, имам спомнато во некои теми каде што прашувале од каде да купат, јас таму наоѓам стварно добри парчиња облека ова не е рекламирање ;) позз