Koton дефинитивно. Прва продавница кај што идам кога купувам нешто. Од таму најмногу ми се свиѓаат ланчињата, дуксерите и летните маички. Исто и Springfield не е лошо. После ми се свиѓаат и Bershka а сега кога го отворија во Новото Веро и New Yorker. :up: Aхх, и како го заборавив - Miss Poem.
Омилени ми се Kалиопе,бершка,манго,олтре во рамстор,а ако си начекам некое парче било каде(освен да не е кинеско дека мн смрди и воопшто не се квалитетни)ако ми се допадне ке го купам.Исто така Лиска ја обожавам,котон,бенетон и.т.н.
По неколку месеци поминати во Скопје, на својот список на омилени бутици ги додавам Калиопе и Џордан.
Calliope, Tally Weijl, локални продавници низ тц Бисер и Шутка Едит: И секако, H&М, само што ги нема во Македонија...
Немам посебно омилена, знам да купувам од Шутка па до Манго (ако го сметаме за најголем бренд покрај "многуте" во Македонија). Ми се допаѓаат колекциите на Манго, ама кога би имала поголема плата би била почест купувач, вака на попуст само. Го сакам Тејли вејл ама се нервирам што ми ја затворија во ГТЦ продавницата, а во Рамстор ептен ретко одам. Калиопе има убави работи понекогаш, посебно имаат добат попуст, летово се изнакупив џемпери и кошули за 300 денари Њујоркер има топ работи и често го посетувам, имаат и добри колекции и пристапни цени и добри попусти дури и во сезона попуст. Продавницата ВИП во гтц од страна на кафичите има супер работи, иако некогаш знаат да начукаат цени до бесвест. Локални продавнички во Бисер се супер, често знам да купам и од таму. Мис поем е супер продавница. Бижутерија Софи и бижутерија Аб ми се најдобри за накит, посебно имаат добри цени. Ама најмногу сакам во Солун кога ќе отидам во Зара, Пул&Беар, Бершка, Страдивариус, Сфера ... на попуст секако
Морам да признам дека кинеските производи го преплавија Балканот, така да нема продавница а да нема производи кинески, дури Пеко што на времето значеше име има кинески чизми баш видов на декларацијата. Поради овие факти немам омилени бутици, бидејќи и наскапиот производи во ГТЦ може да се најдат многу пофтино во Шутка. Исти производи за различни цени. Мене лично ми се случи купив кошулка од една бутик во ГТЦ за 1400 денари, а една моја пријателка истат кошула ја видела во Шутка за 450 денари, така се најдов во небрано демек еве оваа ме фолира и слични коментари. Денес не е битно од каде си го купила туку како ти стои и тоа што го носиш треба да занаеш да го носиш.
Или кога ќе видиш дека дел од гардаробата на Манго се шие во фабрики низ Македонија. (тоа шиење е всушност договор една фабрика шие 3 блузи за летната колекција на манго, друга шие 2 палта, трета шие 3 вида сукњи ...) Или Баргала правеше лани на Sergio Rossi чевли т.е балетанки. Maрк и Спенсер шијат во Скопје фармерки. Финтата е ефтина работна сила. Битен е квалитетот. Ако шијат евтино во Кина, не е проблем, битно да е добар квалитет. Ама лошото е што не е ист квалитетот. Многу фирми работат на стара слава, ги удри рецесијата и смалија на квалитет, а цени исти. Сите фирми имаат фабрики во Кина од гардероба до електрика и автомобили ... се. Читаш чевла Серџо Роси во Македонија направена, а одоздола пишува Made in Italy. Уште полошо е што лажат компанииве.
Едноставно сегде. Затоа што сум си покрупничка, си одам сегде кај што има поголемки броеви. Во локалните најчесто, во Фемили Шоп, во некоја друга населба..
Рокси, Спринг филд -панталони патики од Скечерс, фустанчиња и блузи од Манго од Сент Оливер кошулки и фармерки
Носам работи од сегде буквално, имам и крпчиња од маалски дуќанчиња, имам и брендирани. Не ми е нешто особено битно, немам проблем дали е со потпис облеката или не, иако никогаш не сум криела дека сум љубител на истата и мило ми е што можам да ја носам. Манго комотно можам да го рекламирам, особено со Пенелопе Круз колекцијата мнооогу ја сакав, ме реметеа баш периодот и посебен прекар си имав. Скарлетовица не можам да ја поднесам, но тоа не ми влијае на љубовта кон продавницата. Па уште и Zuhair Murad кога видов дека има креирано за Манго на под треснав. Погодена ми е ептен. И останативе популарни брендови за млади, H&M (кој не можам да сфатам како е интерпретиран како којзнае што, евтинo е на попуст особено, таа е и всушност поентата), Stradivarius, Bershka, Zara... Tally Weijl беше интересна првата година, па после стоеја едните исти модели со години, па на Госип Грл Блер и Серена ги дадоа кај шо купуваат таму па сите се сликаа за на Фејсбук со ќесичките од Tally Weijl од пред 2 години. Ах бе...
H&M незнам дали да сум среќна или тажна што нема во Македонија, ама 500 евра да имам сите таму можам да ги потрошам. Солун си го чекам, шта чеш.
Еуроазија... епа вака: тотална распродажба и гледам пантолони од 1790 намалени на 990 денари. И се ќе беше супер ако само 2 часа предходно не ги видев во едно обично кинеско продавниче во кисела вода
Искрено скептик сум за нови продавници. Од каде да знам дека нема партал да се направат за две недели? Си купувам од таму каде што знам дека е квалитетно. Некои од продавниците кои ми се проверени за жал ги нема во Мк, па морам да се снаоѓам. Ама тоа е. Инаку најчесто купувам од: Killah, Roxy, Beneton, Pull&Bear, Tommy Hilfiger, Peacocks (продавницава е релативно нова ама има супер работи), s. Oliver, H&М, Zara, Springfield, Replay (во зима има многу интересни капутчиња). Е сега набројав повеќе ама ова се единствените продавници од каде што секогаш купувам. Џабе ми е да дадам ефтина пара за било што ако веднаш ми се искине. Инаку, избегнувам кај нас да купувам зошто дури ни брендовите не се оригинал.