1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени бутици

Дискусија во 'Мода и стил' започната од ljubov1, 5 јануари 2010.

  1. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    601
    Пол:
    Женски
    Па немам некој омилени продавници! добро парче можам да најдам и во обична локална продавничка,така да не издвојувам некоја посебно! ама еве обично,најчесто облека по мој кејф во Скопје наоѓам во Манго,Спрингилд,Мотиви.Мис сиксти и како што кажав по локалните продавници,надвор кога одам убави работи си наоѓам у Зара,Пул енд беар,Бершка..
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Мање-више,се си носам и не пребирам нешто многу-многу да е одредена продавница,марка итн итн,освен за спортска облека и патики,па еве да кажеме и чевли,ама пак за нив не е воопшто изразено,пак е важно правилото број еден,да ми се допаѓа. Ама ајде,ако збориме за омилени,кај нас ја нема. Сфера ми е у топ продавнички.Најчесто колекциите ептен ми се погодени,аксесорисот исто така.
     
  3. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Фармерки купувам само од Теранова мене ептен ми се погодуваат, патики од спортските продавници најчесто или Конверс или Адидас. Другото не ми е битно, од било каде, кај ќе ми се допадне. Ама се гушам во тесни продавнички немам живци едноставно :D Па бирам малце пошироки, ете тоа ми е некој критериум :wasntme:
     
  4. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Јас па немам омилен бутик излегувам и влегувам во секоја продавница,пробувам ако ми се допаѓа го земам ако не излегувам влегувам во друг бутик 8) :rofl: :rofl:
     
    На Panicarka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    За жал, немам многу шанси за чести патувања иако многу сакам шопинг во Солун и Белград.Па, морам да се снаоѓам со брендовиве што ги имаме тука.Од сите би ја издвоила Евроазија, затоа што моделите многу одговараат на мојата форма на телото 8)
     
  6. FemmeBrunette

    FemmeBrunette Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    46
    Џордан, Бершка, Вип, Креативо, 4 ју акцесорис, Маниа + локални бутици.

    Стварно не знам што гледате во Манго.
     
  7. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Манго, Калиопе, Теранова, Спрингфилд... ;)
     
  8. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Сите бутици од познатите брендови, Њу Јоркер, Калиопе, Теранова, Манго, Овиессе и сл. не сум сноб нити патам за марки но работите од овие се фино скроени ретко која маица или фармерки не ми се погодиле, знам да најдам убави работи и во Еко и Елит, но најмногу во овие брендови, ми погодуваат се.
     
  9. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Искрено, не купувам многу од нашава земја, и сметам дека нема ништо посебно. Ги имаме Манго, Пикокс, Мотиви , Калиопе, Теранова, Спрингфилд, Адидас, Најк и мислиме којзнае што јако сме купиле ако е со нивна етикета и лого. Не патам од тоа ама ич.
    Купувам од Солун, онака мераклиски шопинг, два пати во годината ( се знае, почеток на февруари и август :D ) и чат пат преку годината некое парче.
    Од тука, купувам ако ми е итно потребно нешто, и највеќе обувки. Не ми е битно од кај се, битно ми е да се со приземна цена за да би си купила 2 пара отколку еден солен.
    Обувки купувам од Аванти, или некои продавнички за чевли, чии модели ке ми задржат поглед при поминување ( или на прв поглед што би се рекло).
    А облека, најчесто од Евроазија (некое маиче, ептен нешто ако ми притреба).
    Џордан ми се допаѓа, и со чевли и со колекции облека и накит.
    Не памтам кога последен пат сум купила фармерки или јакна од тука.
    Морам да кажам дека се чудев на изјата на моја другарка (поборник на Манго, иако е без 2 грама вкус и сенс за мода ), ми вели: "Манго само кај нас има волку ниски цени, инаку е прескап бренд сегде низ светов, во другиве контитенти и држави, ти кажувам со сигурност" :D
     
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Овде, низ Македонијава немам омилен бутик. Никогаш не сум сигурна каде ќе најдам добро парче облека, па влегувам и излегувам од бутик до бутик се додека нешто не ми се допадне.
    Затоа и ми се допаѓа онлајн шопингот. :D
    Единствено патики купувам од Пума, Најк или Ранерс. Сакам добра патика.
     
  11. KittyT

    KittyT Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    112
    Тешко дека би издвоила омилен бутик, зошто на различни места наоѓам различни работи постојано, ама ако би морала да се одлучам тогаш во Групо Фиори постојано си наоѓам нешто убаво со пристојна цена.
     
  12. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Па од тука можам да ги издвојам Манго, Њу Јоркер и Спрингфилд. Од странство тоа е веќе друга приказна Зара, Пул&Бер, Страдивариус, Веро Мода, Бершка, Н&М и за патики апсолутен фаворит ми се Vans!
     
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Со нашиве бутици не се дружам веќе 3 години. Високи цени, никаов избор, безвезен квалитет.
    Зара е мојата продавница, по можност на попуст нели, иако не се ограничувам.
    Во Скопје омилен бутик ми е еден во маало, збутано такво продавниче со турска роба. Нема којзнае каков избор, ама доволно е, и пристапно е. Убави чевли има во Аванти, а добри попусти знаат да извадат и во Евроазија.
    Практичен човек сум, кога нешто ми треба, се информирам каде да го најдам најефтино и следниот ден правец купување.

    Манго и Теранова се апсолутно најглупавите продавници според мене, во градов.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    1.083
    Пол:
    Женски
    Не значи дека ако купиш од некој отмен бутик или пак ако купиш скапо парче дека е многу квалитетно или не знам што... Но еве како омилени ќе ги споменам Мотиви, имаат добри парчиња облека и модни додатоци а и ми се допаѓа самиот ентериер и атмосфера, а не како во Евро Азија како да си на панаѓур. Ми се допаѓа и Котон...
    За жал многу бутици недостигаат кај нас, а и нашиве претеруваат со цени
     
  15. livert

    livert Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    115
    Во Мк едиствено од Бата купувам, а омилен бутик ми е Мехх , над 70% е застапен во мојот плакар, потоа Јане Норман и Лиу -Јо.
     
  16. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Одамна речиси и да не купувам во Скопје.Порано многу често патував, па купував за време на моите патувања.Сега најчесто купувам во Солун.Прво, затоа што имам проблем со броеви (што за чевли,што за облека),друго има многу поголем избор.Продавниците низ Солун ги знам совршено добро и точно знам каде и што барам.Низ Космос не шетам зошто не ми е интересно.Поубаво ми е низ Солун, а и сакам да пијам кафе покрај море :) А, во Скопје ми се допага Мотиви и Мисс Сиксти.Да бидам појасна-јас сум од оние кои пре би имале две блузи, ама квалитетни , отколку десет од пазар, не купувам често,ама кога купувам, сакам да е тоа квалитетно!
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    12.244
    Омилен бутик во Македониичкава наша ми е Њу Јоркер. По што се разликува од другите бутици како Бершка, Манго, Теранова? Новата колекција е навистина нова! Оние работи што ги има на нивната веб страна како нова колекција, ги има и во нивната продавница. За разлика од Бершка (Еуроазија) на пример, каде пред некој ден видов џемпер во нова колекција за неверојатни 1150 денари, а јас го купив минатата зима од Солун на попуст за 10Е (буквално по земја се влечеа од што ги имаше многу). Епа така, драга Бершка, си ја немаме!
    А надвор од земјава омилен бутик ми е H&M. Модерни работи, пристапни цени, нема простор да не ти се допаѓа :)
     
    На starfish му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Terranova, Calliope и New Yorker. Имаат убава и квалитетна гардероба.
    Исто така и Tally Weijl меѓутоа често пати имаат ненормални цени. Во Италија истите работи се дупло поевтини.
     
  19. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Па...Пар,Во Глобал има многу :D Личанка во старата чаршија-ептен убави фустани има :D
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Моите омилени бутици ми се во маало. Трите носат роба од Грчка (со екстра јак изговор на тоа Ч, молим), ама сериозно, многу убава роба имаат и немам никаква потреба да се разнесувам низ градот.
    Други две Мејд ин Маседониа, Маркос и Мана.
    Бидејќи сум чудњак кој не се влажни воопшто на чевли и чанти, чевлињата ми се... од каде што ќе налетам на некои фини, со пристојни цени, значи купувам инцидентно, ненаменски,
    а чанти добивам на подарок, многу не им се замарам и тоа е тоа.
    Хупахопки купувам од Пенти, пижами од Винка Виница, домаќински гаќи од Стружанка.
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.