Немам некоја омилена од тука, купувам од секаде, од Солун најчесто HM,PB,MNG, но сепак уште неможам да си дозволам нешто од оние високобрендирани и звучни имиња..... не заради брендот или логото ... квалитетот и дизајнот !
во струмица пазарам само во неколку бутици малку се на број ама имат убава роба двата бутика ескада и импреса се наогаат во глобалот носат од грција и турција и едно помало бутиче во кое сум редовен клиент таму си носат роба од бугарија со пристапни цени и понекогаш во џордан и тоа е
Reserved и Mohito одкако ги открив во Софија омилени ми се.Преубава гардероба како за мене шиени,незнаев што попрво да земам да пробам. Кај нас некоја посебно омилена и немам,Пикокс можеби но не ми се допаѓа се од таму,поубави работи наоѓам во Елит Омилени ми се и Бершка и Страдивариус иако ме разочараа со колекцијата оваа зима,немаше ништо посебно.
Мојата оилена продавница за шопинг е EUROASIA!!Едноставно ја обожавам облеката таму!!!95% од мојот плакар е со парчиња облека од EUROASIA!!Ајде кажете и вие која е вашата омилена продавница за шопинг!!
А што има па толку таму убаво? Освен што продавачките ти дишат во врат Целата облека им е од Бершка, Страдивариус и слично само 200% поскапа и 2 сезони наназад Јас ја обожавам Зара
Има повеќе ама највеќе ги сакам - Зара,Теранова , Евроазија . Има интересни парчиња посебно по мој вкус, а освен во нив купувам и од многу други бутици п.с да не го заборавам и Њу Јоркер иако поретко од таму купувам
Немам омилена. Ако видам нешто што ми се свиѓа и можам да си го дозволам, не ми е воопшто битно дали тоа било Евроазија или некој локален бутик, во кој впрочем можам да најдам убави парчиња за пристојна цена, а не колекции од пред 3 сезони со цена која вришти. Кога веќе ја спомнавте Евроазија, еве би ја ставила на дното во листата омилени продавници за шопинг. Покрај цените за застарени колекции, продавачките ти дишат во врат буквално што воопшто не придонесува да имаш убав и удобен шопинг. Не викам дека и во други продавници нема нешто слично, ама кога веќе ја спомнавме... Исто така и Голден Роуз би ја класифицирала во иста корпа со Евроазија. Не се осеќам воопшто удобро кога разгледувам, те посматраат ко да сум дошла со намера да украдам нешто, иако тоа им е работа, ама сепак со усул треба се' да се прави. Го оставам ова вака, тоа е друга тема да дискутирање.
Моментално најомилени ми се пренди и певекс,успевам од сите тие партални да ископам нешто што вреди следуваат теранова,манго( да се разбереме ,кога има попуст само ) и тејли веил кое нажалост го затворија
Девојче полека, дојде на форумов и која тема прва ти текна ја отвори. Еден куп теми си отворила, има слични, изјасни се во слични теми. Има многу теми со продавници посебно, таму се изјаснуваат. TerraNova & Adidas