Pull & Bear и H&M ми се најнајпогодени по вкус, а и по цена кога имаат огромни попустии Инаку во последно време многу фини парталчиња си наоѓам во Певекс, да не збориме за тоа дека се препреевтини
Зара и Х&М убедливо најдобри до сега, со тоа што гледам скоро цела облека ми е од таму. Мана од локалниве ми е најфина, што за ефинти пари си наоѓам многу убави работи без да се плашам дека дупка ќе најдам и каде да ја пробам. А асос е посебна категорија, само џебов подлабок да ми беше, уште поомилeна ќе ми беше
Секоја каде што ќе ми се свиди некое парче облека, без разлика дали е марка или не. Значи немам некоја конкретно, секоја доаѓа во прашање ако има квалитетна роба и роба привлечна за мое око, а богами и за носење.
Па, Теранова, Њу Јоркер, Евроазија... т.е. само тука и влагам. Ме нервираат продавнички кај што некој ме прашува дали треба да ми помогне, ме чека да пробам и слично. Не памтам кога последен пат сум влегла во некој мал бутик или маалска продавничка. Дури и Еко и Елит ги избегнувам ради тоа, а чат пат купував фармерки од таму порано.
Forever 21 одкако влегов таму не ми се излегуваше,значи покрај Mohito дефинитивно Forever 21 ми остана како едно од по омилените места за шопинг.
Немам омилена,нити се трескам по марки. Си имам некои продавничиња,кои сум ги нашла евтинки,и во кои секогаш има нешто,па кога сум кнап со буџет си ги посетувам тие.Конкретно Хелена ,квалитетни се,а евтини.Сум купувала тренерки,маички,сукњи,имаат се,ама не е нешто wow.Сосем пристојно. Еве вчера си начекав блузички за 250,350 ден.За на прошетка,за на кафе-идеални. Инаку,купувам од секаде,секаде влегувам,каде ќе ми се допадне таму.Кога барам нешто,барам низ цело Скопје така да имам од секаде по нешто.
Пренди, Певекс, Мана (од денес ја замразив додуша, кога ги видов цените до каде ги накачиле, ќе се онесвестев, блузичка 1000 ден, omfg) , Битпазар и продавниците за чевли во редот на 26 јули и моите локални продавнички во населба, околу мојата зграда, подредени имам 4 во радиус од 50 м, и секоја чест - немам потреба да роварам ниту низ ГТЦ, ни Елит, Еко, ни бутур... И капут си купив денес од едната маалска продавничка, квалитетот му е идеален, цената пристојна, презадоволна сум. Многу убави работи може да се најдат во продавници низ населби, сигурна сум дека во секоја имате по неколку, без исклучок, отколку да се акам низ трговскиве во Скопје, и со удрената маржа да им ја плаќам прескапата кирија на напуфканите газди... yeah right.
Манго ми е најомилена, ама ми иде да се расплачам кога ги гледам цените. И после на каса, дур плаќам, ако се решам да купам нешто. Ама затоа после ги носам и носам и носам сите работи што ми се од таму. Во последно време и Зара ја сакам.
ШТЦ, Певекс и Пренди, Мана за време на летниот попуст. 90% Од облеката ми е од таму... Не се сеќавам кога последен пат сум купила нешто од Еко или Елит. Знам да прошетам низ Теранова, Њу Јоркер и остали ама обично само "на посматрање". Во Евроазија може да се најде некое парче од време на време. Низ ГТЦ и Рамстор а сега и во Сити Мол сум само window shopper и ич не ми е криво. Толку добри парчиња облека си имам најдено во првонаведените продавници што ниту ми е криво, ниту имам желба за повеќе. Имам и едно локално продавниче за облека и една чорапара со релативно евтини ценички. Златни тие колку пати ме има спасено во последен момент. Најомилени ми се
Еворазија (85% од цела гардероба ми е од таму), ЊуЈоркер (и таму кога и да отидам си наоѓам нешто интересно, ми се свиѓа што има некои поразлични ствари, што на пример не можеш да ги најдеш по другиве у гтц..може понекогаш во Теранова да се најде нешто, и во Калиопе исто...а за фармерки идам во Елит секогаш, другото им е срање ама фармерки секогаш си наоѓам, а и не ми се шета за фармерки многу не знам зошто мака ми е.
Дефинитивно во последниве години парите ги остаив во Манго,скапо не скапо ми се допага што не носат по 100 исти работи па да се униформира човек а и со оглед на тоа дека се поскапи од другите не секој може да си ги дозволи.Единиствено нешто што во последно време не ми се допага кај нив е што облеката ми е некако многу голема.И xs кога пробувам пак ми е широко а не сум од анорексичните па се да ми стои така.Од новиве многу ме мерачи Pull&Bear ми се допаднаа многу работи од таму последен пат коа бев па наредно идење ке се почастам со нешто.Исто така и Спрингфилд ми се добри имам парчиња од таму кои мерачки ги носам неколку години. Имам неколку работи од Певекс , ама таму многу ретко си наогам нешто.Или нема број за мене или не ми се допага ништо. За чевли омилена ми е Бата и Графити.Скапи се ама дефинитивно неверојатен квалитет имаат и се исплатат.Имам купено оксфордки летоска од продавничките кај бит пазар ми се скинаа точно за една недела така да НИКАД веке купување чевли од такви квази продавничиња.Да не зборам нозете како ми мирисаа после секое носење.
Омилена продавница H&M. 3 пати имам влезено и излезено со премногу гардероба. Омилена ми е. А тука кај нас омилени ми се Bershka, Pull and Bear, Stradivarius и на прво место New Yorker