Дефинитивно сите продавници за Гардероба во Куманово ..Иако не сум од таму таму ми е најпријатно се ми е тука едно до друго i 70% моделите ги нема по скопје ...А за обувки Шевињон
Певекс и New Yorker.Се што сакам во продавнициве наоѓам,облеката што ја има ми одговара со стилот и годините.Не ми е баш цела облека од ваму,купувам и од други продавници,ама 90% од тука.
Тerranova, VIP,едно малечко продавниче во чаршијата (заборајв како се вика ), a во последно време изненадена сум од Principe имаат убава облека.
Страдивариус, дефинитивно! Веќе имам напишано колку ги поштувам обувките. И има една јакничка таму што уффф многу е добра. Како одам сакам да си вуп вуп грабам закачалки и ај на каса А во Штип има еден бутик Нина со 10ка вкус за облека. Никаде на друго место не шетам, шо и да ми треба, таму е
Кај стигнам, кај видам нешто што ме бендисува, таму. Ефтиниве бутичиња низ Лептокарија и низ маало и те како ми излегле во пресрет со некои нивни моделчиња, панталони, џемпери, ехеее. И тоа по пристојни цени, и квалитет. Во Певекс, Пренди, Бабел, во Њујоркер има супер парчиња. Од таму често си копам и купувам. Никогаш не робувам на брендови. Прво, немам толку пари, второ за мене тоа е глупост и преценетост, трето, повеќе се радувам на шопинг на храна, него ли на облека На пример, сега кога барав капут, во Суит Бјанко, тој што ми се бендиса, беше 3000 денари, со лоши копчиња на него и некако не ми стоеше. Случајно, во Беверли со сестра ми се шеткавме низ тие бутиците на први кат, и од кукла, последниот црвен капут, совршено ми стоеше и го купив за 2100 денари. 900 денари ќар, поубаво чувство, задоволна од изгледот, а бренд нема. И што ако. Мене не ми менува ништо тоа.
Не дека имам специфичен стил на облекување, па за мене ништо во Македонија не се наоѓа ... Туку секое лето заминувам на студентска работа и на крај на летото, ќе тргнам нешто кеш на страна за облека, пред да си дојдам тука правам огромен шопинг, и многу ретко во текот на годината ќе купам нешто од Скопје, ако ми фати око.. И претходните лета, така и ова сите работи си ги купив од Forever 21, имаат прекрасни работи, баш на крај фаќам распродажба на летните работи, ефтини маички и фустанчиња, а и од новите колекции скоро се наоѓаат прекрасни работи до 20 долари, модерни кошули, карирани,тексас кошули, фармерки, блузички, сакоа ... На американците со толкави платишта, сигурно многу ефтино им е и си купуваат што сакаат А да ја отворат продавницата кај нас една кошула сигурно ќе биде 3000, т.е пола плата. Еве ви линк исплакнете очи малку http://www.forever21.com/Product/Main.aspx?br=f21 Продавницава ја има и во Барселона, ако шета некој натака да ми донесе нешто
Откако ги открив Пренди и Певекс ( а да се пофалам бев меѓу првите бидејќи баба ми живее во Тафталиџе во нивна близина ) дефинитивни фаворити. Ќе си влезеш и ќе си копаш, копаш, копаш по работи. Ем можеш да си најдеш убави и ефтини работи таму, а ем можеш да земеш нешто па да преправиш по нешто. Копче ваму, штепче таму, што убави работи излегуваат. Како Шилеа погоре, маалските продавнички во Лептокарија ги владеам, а бидејќи другарка ми живее во Капиштец почнав и со Беверли. Едно време со мајка ми и Шутка ја шетавме ама последниве години ни се одмили и не наоѓаме речиси ништо. Освен хеланки, најдобрите дебели хеланки ми се од таму. Од марките, поефтини или поскапи најчесто купувам само на попуст. Имам некое парче од Манго земено на попуст, некоја ситница од ЊуЈоркер, Пикокс (што ми го затворија, ѓубриња). Теранова, Евроазија и комани никогаш не сум ги сакала. Прво немаа броеви нормални, како саде Кинезинки да сме во Скопје. Второ материјалот шкљ, цени високи како носот на продавачките. Мислам цела година уназад немам влезено. Во принцип, немам мерак да трошам многу пари на гардероба. Единствено на кондури гледам да не штедам многу, мајка ми на тоа секогаш инсистирала. Ама се наоѓа компромис.
Zara, H&M, Bershka, Stradivarius, Mango, Accessories, и понекогаш од некои малскии продавничиња, знае да се најде по нешто. Стилот највеќе ми го погодуваат горе наведените продавници, цените се соленки, ама штедам и оставам настрана секогаш пари за шопинг, па кога ќе видиш и не е толку скапо. Зависи за кој и како. А и најзадоволна сум од квалитетот на овие продавници, секогаш облеките ги носам многу долго, ги комбинирам со се‘ и практикувам да купувам секојдневни работи, кои подоцна со малку додатоци ќе ги преобразам во ноќна облека. За чевли исто така најчесто од овие продавници, а патики купувам од спортските (Nike, Adidas и сл.), иако во последно време патики многу малку купувам. Не ми пречи секако и да одам да си изнакупувам секакви работи по поефтина цена, по маалски продавници, како во Порта Влае, Лептокарија, и сл. Се наоѓа по нешто и во ваквите , но си кажав, најчесто од горе наведените продавници е мојата облека и обувки.
H&M и Pull&Bear дефинитвно! Кога и да одам во H&M наоѓам преубави работи А Pull&Bear имаат преубави фармерки
H&M,Bershka,Zara,Mango i Terranova..скоро никогаш не одам само во едно,секогаш мора сите да ги поминам