Грицките сигурно дека не се на врвот на здравата храна но повеќето луѓе имаат „здрава„ навика да ги конзумираат.Заразни,верни другарчиња,„уништувачи„ на главните оброци понекогаш.Кои се вашите омилени грицки? Јас најмногу си ги сакам „Брускети Марети„ со печурки и павлака,истиот вкус и од „Бејк Ролс„ ама првите ми се за нијанса поубави,исто го сакам и вкусот спанаќ+кашкавалче од истите производители. Чипсот исто високо ми се котира на листа „Грицки„ и тоа обичен,ребрест. Смоки „Соко Штарк„ д бест!!!
Баш сега јадев Фанки и си помислив да отворам ваква тема Значи јас обожавам грицки Омилени ми се Фанки (шпагети и макарони) , Бејк Ролс и мноооогу други ама не ми текнуваат сеа
Доритос зелениот, рафолс скара, смоки, чипси лајт мислам се викаше ми се омилени.Колку се нездрави, а неодоливи Е ајде де, еднаш се живее
ммм бејк ролс од бејкон со павлака или со некој млечни намаз со некој вкус на лук, туф туф сакам секакви ,,смрдени,, грицки и чипсови, посебно доритос мхмхмх, сакам и смоки ама не толку многу затоа што не се зачинети, секаков чипс јадам само не од кечап (го прејадов во основно)
Брускети марети со спањак,квики (оние црвените),соленки ,смоки,чипс..аииии уствари све само не ги сакам оние презачинети што се како фанки некои такви
Доритос црвениот од лута пиперка Рафалс барбикју Рафалс од кечап тој киселиот и оние стапчињата со вкус на сенф
ruffles-дефинитивно,посебно црните..и сите останати смоќи,чипси,грицки мицки.. па после се чудам од каде целулут ! )
Смоки, фанки и едни мама што ги прави, ситни парченца печени со ким А и јадам се што ќе најдам од грицки страна, ама овие ми се омилени
Грицките се мое секојдневие, буквално секој ден ,,смачкувам,, по некое ќесе чипс, смоки, соленки... Омиелни ми се овој чипс И исто така обожавам пуканки
јас сум голем љубител на грицки но сега сум на диета и морав да се откажам од нив но мои милени грицки се:кубети,пица италијана,bake rolls,patos