Хм.. па повеќе се, јадам од тоа што ми се јаде, најчесто: обичен чипс, лут чипс, бејкролс од пица или сланина, стоби флипс, кубети од пица и транталалам
Не сакам ич солени чипсови. Одвратни ми се. Порано имаше едни како помфрит со бифтек. Убедливо најубави, ама никаде не сум ги видела одамна. Најчесто јадам со вкус на црвена пиперка, грчка салата и порано исто многу сакав еден чипс со павлака. Демек диетален беше, глупост, ама вкусот затоа незаменлив.
Смоки смокич,лут чипс,стандард си е тоа хаха Пуканки не сум јадела којзнае од кога... Најмногу ги јадам Марети и бејк ролс,секоаш различно.
Бејк Ролс од сусам ,пуканки ,нашиот најубав ,совршен ,прилепски Стоби флипс и Пардон грисини со полнење од кикиритка
Number 3, please. Ги откачив хот-дог Клипси, и најдов нова љубов, уште повкусна од претходнава. 4 месеци сме заедно. Мислев дека ги нема кај нас овие, арно ама ги пронајдов.