Најмногу сакам сончоглед а исто така и смоки, соленки, воглавно се што е солено.. И од оние во ЈОШ што се, како да ги кажам..
Постојано кога гледаме филм а тоа е скоро секоја вечер јадам пуканки, а често знам да си купам и бејк ролс.
Пуканки,сите видови на Смоки и многу сакам зачинети чипсови поготово Доритос, Патос и слиичните на нив .
Убивам за добри грисини со многу ким. Солени стапчиња - ги сакам најобичните, ама исто ќеф ми прават и тие со полнење од кикиритки. Пуканките ми се редовно на репертоарот, ги сакам буквално секакви - благи, солени, со путер, со кашкавал, ма било какви! Чипсови и смоки избегнувам, а кога ептен ми сака душата смоки, купувам Стоби Флипс - омилени ми се.