најмногу сакам смоќи од стоби флипс црвените,бејк ролс сите ги сакам,кубети,чипси чипс ребраст,соленки од пардон и пуканки
Најмногу ги сакам смоките стоби флипс од црвените, но и од другите вкусови. Исто го сакам оној чипсот tzatziki, ммм, многу е убав. Убави ми се и оние чипсови без сол, и тие стапчињата со кечап.
Јас во последно време се навлеков на овие грицки на подравка, многу ми се вкусни, на секое идење во маркет обавезно купувам по 2-3. Кога ќе се навлечам на нешто, крај ми нема, бетер од мало дете сум.
Тежок грицкоман! Грицките ме убиваат, пробувам да ги откажам, но не можам, пусти останале. Омилени - паааааа, вака Легендарните смоки Стоби флипс црвени Бејк ролс (апсолутно сите) и брускети марети Торнадо грицките Рафлс чипсот и Чипси Соленките со кикиритки внатре Пуканки, сончоглед, печени бадеми Индиски оревчиња, мммм Не сакам единствено кикиритки.
Чипс Доритос Се знае неизоставните Стоби Флипс (црвени) Сочоглед бел црн секаков Пуканки Рипчиња Чипс Руфлес .... Да одам да видам што имам во залиха се излигавев
Нокти...се зезам,не грицкам нокти. Немам навика да јадам вакви тракатанци,не дека толку поборник за здрав живот,туку ич не ми се по кејф,освен можда смоки,ако случајно слетаат дома или бејк ролс,ама тие веќе цел оброк ми се. Пуканки нешто зачестија моите,па и јас покрај нив,ама многу ми пријаат на стомакот,па ги јадам,ама без сол и путер,зошто не ги сакам такви,туку бланко пуканчиња. Апетисани сакам,ама уз атмосфера и алкохол,вака по дома не. Многу терсене човече сум значи...
Обавезно си грицкам нешто по дома, дали чипс, пуканки, кикирики, соленки и т.н. Омилени ми се пуканките во последно време, ребрастиот чипс на Чипси и зазики исто, Рафалс обичниот и барбекју и Доритос но тој ми е многу зачинет и јако мириса но одлично иде со пивце. Почесто грицкам чипсови но понекогаш знае да ми текне да си земам и смоки...
Обожавам да грицкам,а посебно апетисани како: индиски оревчиња, ф`стаци, лешници, бадеми.... Интегрални гризини со сусам,печени семки од тиква,кикирики....ммммм......
Мх, мх, мх, кај ја здогледав темата?! This is my church, this is where I heal my hurts! Многу ги сакам. Не дека секој ден ги јадам, но ете, се случува доста често да си ги купам поготово кога имам гости. Стоби флипс - црвените. Аууу! После цели заби ти се со жолта навлака, ама не е битно тоа. Задоволството е битно! Доритос портокаловите со вкус на сирење. Општо начосот ми се омилени грицки уште и со сос од сирење и халапењос пиперчиња, уф уф. Ruffles bar.b.q! Оф оф. Бејк ролс со вкус на спанаќ. Леле леле. Изнапишав еден куп воздишки И најголема нирвана за мене се најобичниот Рафлс со кисела павлака meggle. Ова ме научи уште во средно една другарка и мислам дека треба да си ги патентираме тие сеанси кога седнуваме со послужавникот, а на послужавникот Рафлс и киселата павлака. Земаш чипс - м’цкаш во павлаката, гризнуваш, правиш оргазмична фаца. Priceless!
Охо хо. Епа вака: Бејк ролс Спојлер Доритос и патос Спојлер Смоки Спојлер Череза и ова Клипси со вкус на хот дог Спојлер Пуканки со многууу сол Спојлер Сончоглед Спојлер И друго не ми текнува.