Doritos чипс од зелениот , потоа Макс флипс смоки, што се во мало пакување по 5 денари едно (најдобри се) , пуканки со многу сол и интегрални солени грицки (на рефус ги има во Тинекс) Ај да престанам трудна сум...
Ма немам јас омилени, се грицкам!! Ама ако треба да бирам фаворити, мојот избор е тука некаде со изборот на Пирамидка. Од чипсовите омилени ми се Ова во Спојлер само за Пирамидка, да и кажам дека веќе е патентиран нивниот изум. Многу е убав чипсов, да го пробаш обавезно!!! Спојлер Сакам и суви грицки, ми одат онака додека седам пред компјутер или додека читам. Фаворити ми се соленките полнети со кикирики Може звучи чудно ама БејкРолс-от ги презирам. Можам да ги соџвакам само оние со вкус на спанаќ и сирење, и со вкус на лук. Инаку ми се како леб печен и со сила ги јадам. Според мене подобри се брускетите Марети, сите со зклучок на оние со печурки Пуканки!!!! Пунканките ми се повеќе како оброк, отколку како грицки. Ептен ги сакам, и секој трет ден, со филмче јадам по една порција, така прилично голема. Наместо вечера де! Често си каснувам и бадеми или фстаци, најмногу ми се по мерак, особено кога пијам нешто жестоко.
Ау ау Старфиш - го знам чипсов. Оф оф - боже мој воздивнувам сега повторно. Да знаеш кога сум сама дома толку многу ми е вкусен доритосот што си го лижам само некогаш Јас мислев да си го патентираме изумот на сеансите - многу бевме нирванични препуштени на обичните поземски задоволства како мацкање на чипсот во киселата павлака Значи за тебе е јасно. Таблата под мишка, доритосот и рафлсот во рака, и ќе те барам низ чаршија а?
Леле грицки абре јас некое дабарче сум била во претходниот живот, ептен ми се убави , ама колку што можам гледам да ги избегнувам. Ги имам јадено тие домашните со ким што ги спомна Кате и јас потврдувам дека се преубави, ама мама не ги прави бидејќи ги снемува за неколку саати, цел голем пластичен сад А јас ги сакам сите грицки со грчка салата цалцики, сите со кечап,, павлака, спањак така да преубави ми се , . . А не љубам зачини со скара (иако обожавам скара), некако неубави ми се, вештачки скроз, како да ја избришале скарата(местото каде се пече де) и направиле чипс.
Нема ден да не грицнам по нешто, а меѓу омилените ми се Брускети Марети од домати, оригано и маслинки, чипс Ruffles од кечап и Стоби флипс црвени... А.. и Chipsy со павлака...
Омилени грицкиии?? Па толку многу се хаха Започнувам од пуканките, тоа е мојот специјалитет... на сите гости им правам. Потоа смоките на соко штарк со чили чипс, севен дејс од спанаќ и сирење... ах и заборавив уште печена пченка, ја има рефус по продавнициве. Оооохххх пак ми се разбуди апетитот
Зависник сум од грицки, секој ден ги јадам. Среќа што не се забележува на мене Брускети Марети и Бејк Ролс со јогурт најубава комбинација Спојлер Најубави вкусови ми се: Потоа чипс Спојлер и све остало Спојлер и хелоу соленките
Најчесто си грицкам пуканки или од оние смокине на Соко Штарк (ако се најефтини, мене ми се најубави ). Чипс поретко јадам, не го сакам ребрастиот туку оној другиот. Јдам и од оние грисините од соја, многу ми се заразни. За кикирики и семки да не правам муабет, едно кило да ми дадат - цело ќе го изедам!Од Бејк Ролс мислам дека заби ќе искршам, тие па ич не ги сакам. И соленки ретко јадам, само кога имам проблеми со стомачната флора, тато ми ги препорача
Обожавам грц-миц !Пошто сите дома ги нервирам како шушкам со кесето,ме научија да си ставам во тањирче и ден денес јас смоките цели ги претурам во една вангла и седам пред релвизор/компјутер/книга.Така ми се највкусни! Обожавам смоки, и стоби флипс и тие едни црвени не знам чии се многу ми се убави.А имаше и едни зелени,по 5 денари беа,тие уште повкусни! -сепак овие се највкусни! После чипс,обожавам ребраст само со сол,обичен. -ваков!Си го обожам овој иксикселов,прекрасно ми оди се добар филм но,со овој и ќе станам XXL во стомаков .. - бејк ролс од спанаќ и сирење и брускети марети мешан зеленчук Не се само овие,ама мене во моментов само на нив ми текнува.
Другарките не можат да замислат како ги јадам работите со спанаќ, ама јас морам да признаам дека ми се преубави. Квиките ми се преубави, ама одамна немам јадено
Patos! Нешто најдобро! Така зачинети, крцкави мх мх! И во последно време сум заразена со оние новине Клипси-Хот Дог, леле можам цел ден да ги јадам!
Обожавам смоки, Стоби флипс сите вкусови. После Bake Rolls, Chipsy, Брускети марети, соленки, пуканки итн
Со Клипси-хот дог бев и јас заразена ама од што ги јадев цело време.. ми се згадија А иначе во моментов убави ми се кубети од таратур, бејкролс од печурки, чоко стопи флипс, патос, доритос, чипс рафаелс-црните, чоко бисквит, раффаелло, сникерс, тутку, кит кет и мн други,а за последниве 5 што ги набројав нз баш дали се грицки
Немам некоја навика да грицкам чипси и смоки Не знам,можда еднаш месечно или во два месеци ќе ми текни да купам смоки а чипс грицкам само кога негде сум на гости,мислам дека како помала го прејадов Три чипса дневно ми беше минимум и изгледа изедов доволно за цел живот Ама па затоа сега ко ненормална јадам Бејк ролс Еве ги моите омилени грицки -> Спојлер