Кога станува збор за десертите не одбирам многу, ама сепак на врвот од мојата „скромна“ листа се наоѓа пудингот. Преферирам домашно приготвен, зашто купечките ми немаат никаков вкус. Чоколада ми е омилен, ама не одбивам ниту добар пудинг од ванила, малини, јаготки, шумско овошје, карамел и какви ли уште ги има. Битно ми е само да е убаво украсен, со некои јаткасти плодови, цимет, шеќер во прав, трошки во боја, овошки, парченца чоколада, мелени бисквити ... Изборот е голем.
Торти некои само сакам (Три лече, ледена торта) а пудниг, многу поубав ми е куениот, домашен поретко јадам
Чоколади, чоколадни торти, чоколадни колачи, рум-плочки, чоко-локум, наполитанки, обланди, бомбици, ресани, и др.
имам многу омилени десерти,но некако палачинките ми се 1 место...незнам зошто но неможам да им одолеам,и незнам дали некогаш ми се случило да одбијам палачинка.