Лелееее ако почнам да набројувам нема да има крај. Кога станува збор за благо не пребирам,значи јадам СЕ.Така да неможам да издвојам баш. Ама нај нај ми се крофни и палачинки, исклучиво со крем.
Од тоа што сум го зготвила јас, омилени ми се: рафаело торта, ледени коцки, кремпита и палачинки. Од слаткарниците незаборавни ми се падобранците од Апче. На друго нешто толку фасцинантно како нив не можам да се сетам
Обично не дискриминирам благо, секакво сакам ама кога застанам дома и му речам на мама „дај ми благо“ не мислам на торта, не мислам на колач или било шо друго, мислам конкретно на ч.о.к.о.л.а.д.о. по можност најлепше жеље
Палачинки, пудинг од ванила со шлаг пена, орасници, домашни еклери и руски капи/шубари. За лето, сладолед на Милка.
Долг е списокот, затоа ќе издвојам само неколку: крофни, чоколадна торта, Рафаело, чоколаден еклер, чоколадни коцки со кокос
Сѐ што содржи чоколада, има вкус на чоколада, оди на врвот. Инаку по принцип на сум пробирлива, само благо да е и доволно е. И да нема шербет.