сум била прилично далеку, ако напишам каде, веднаш некој ќе ме препознае само ќе кажам дека светот е фасцинантен и преубав, нуди многу повеќе отколку што ние сме научени да гледаме секојдневно. ми се допаѓа можноста да запознавам нови култури, начини на живот, обичаи и традиции. а сон ми е да ја посетам индија
uf kolku sakam da patuvam samo. do sega sum bila vo turcija i ungarija t.e. vo budimpesta koga bi imala moznost bi otishla vo egipet, kina dubai, anglija, italija.... i mn sakam da ja posetam indija , dali od ovaa serijata bandini ama stvarno imam ogromna zelba
Па за летен одмор увек со друштво во Охрид а после ако одат негде на некое убаво место одам со мајка ми,татко ми и сестра ми .Како било сум била во Шпанија,Турција,Бугарија и Црна Гора.Не сум мнг. шетана женска .Ама тоа е се нема пари. Најубав впечаток ми остави Бугарија. Деф. најубав ноќен живот.. Најлош Црна Гора (бидејки куќата кај што бевме беше мнг високо,ништо др.. ) Па не посетив мнг места затоа што отидов на летен одмор (се разбираме:плажа,коктел.... Њу Јорк и Буенос Аирес. Секако ама да не сум сама
Баш ме заинтересира каде си била.Кажи де, подели го со нас твоето искуство, обавам да читам за далечни дестинации и други култури. Кај ќе те познаат..... хихх
Sto ubava tema bas pogodena sea za malce da zdivnam od polaganja Sum gi posetila Crna Gora(Sutomore)mnogu sum voodusevena od tamu,srceto mi ostana na toa mestoprijatno luge,ubavi zabavi,ubavi diskoteki,razni peaci.Sum bila vo Grcija i mozam da kazam deka ne mi se sviga ic,dzabe nasi makedonci sto se tepaat za Grcija koga ne ja biva,barem spored mene.Na eden den sum bila i vo Dubrovnik-ubavo mesto ne e loso ama za odmor ne mis e sviga od Albanija ne mozam da se pofalam zs se e vo izgradba iako e prijaten narodot tamu mene ne mi se sviga i zatoa od 20 dena nie ostanavme na 10 dena Najveke od se bi sakala vo Spanija da idam i ziveam samo za toj moment,se nadevam deka ke ja zadrzam stipendijata pa bez da baram od moite ke idam da ja vidam Spanija i samo Spanija
Ти се свиѓа во Сутоморе,а Дубровник и Грција ништо посебно??? Баш сум изненадена, незнам кај си била во Грција, ама има прекрасни места.Што е тоа што не ти се свиѓаше?МНогу ме занима
Во кои држави сте биле до сега? Секоја година одам во Црна Гора,сум била во Бугарија и Грција Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Значи Црна Гора особено Суто Море ми било прекрасно.Екстра е за Ноќен живот а и повеќето македонци одат таму а исто така убаво беше и во Бугарија(бургас) Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Дубаи.Колку луксузни хотели има,море,плажа,палмата што е направена во морето WOOOW. Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Уфф со добро друштво мн нормално
Грција,Бугарија,Хрватска,Црна Гора,Италија и Австралија-за мој години и доста е. Грција Односно Крф е прекрасен Италија-Фиренца преубавоо,Врна Гора Суто Море,Хрватска-Цавтат,Австралија Перт Франција,Лас Вегас,Монако и Лос Анџелес. Па ...
Во кои држави сте биле до сега? Подалеку од Европа не сум шетала. Сум била во Хрватска, скоро цело крајбрежје се до Пула, Во Бугарија исто, во Грција сум била само во Атина и Паралија, во Србија- нормално Сум била и во Чешка-Прага, во Италија-Верона, во Франција во Ница, Монте Карло и Сен Тропе, во Шпанија во Лорет и Барселона. Во Германија-Минхен, во Австрија имам повеќе шетано, во Виена , Салцбург, Монце и други помали градчиња. Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Австрија и Шпанија...таму би можела да живеам . Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Би сакала да ја посетам Русија, тоа ми е желба, а од летни дестинации мислам дека секаде би одела. Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо Би направила , ама не знам колку е безбедно да се спие под отворено небо. Сите дестинации додека се посетуваат туристички се убави, имаш пари , трошиш, јадеш , пиеш и точно знаеш што треба да видиш. Јас би сакала да живеам на сите континенти по малку, кога си подолго во една земја поинаку ја доживуваш отколку како туриста, може затоа како земји што ми оставиле најголем впечаток ги посочив Шпанија и Австрија. Таму престојував повеќе од две недели и она што како граѓанин го видов ( а не како турист ) многу ми се допадна.
До сега сум била на повеќе места: во Шпанија, Италија, Бугарија, Грција, Франција, Австрија а што е најчудно не сум била во Србија (иако ни е блиску) а многу сакам да го видам Белград. Најмногу впечаток од сите места кај шо сум била ми оставиле Кан, Ница и Монте Карло - прекрасни монденски места. А како Град Париз е без конкуренција, баш по мој вкус, стварно е град на светлината... и љубовта
Во кои држави сте биле до сега? Сум била во Турција, Црна Гора, Србија, Хрватска, Грција, Бугарија. Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Најубав, па дефинитивно Хрватска, прекрасно место, со прекрасно море и луѓе. Сум била на повеќе места и сите места ми се најубави. Посебно Дубровник, Задар и едно помало градче ако го кажам ќе ме препознае некој. А најлош Бугарија, заради морето пред се. Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Држави.. па дефинитивно Италија и Англија. Инаку сакам и на Бора Бора да одам некој ден и во Дубаи.
Во кои држави сте биле до сега? Имам одено во Франција(Париз, Ница, Кан, Монте Карло),во Монако, во Германија(Минхен), во Австрија(Виена), во Шпанија (Лорет де мар и Барселона), во Италија (Милано, Венеција, Верона и Лидо ди јесоло), во Бугарија( Приморско) и во Грција на Крф. Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Најубав впечаток ми има оставено Франција(иако мислев дека ич нема да ми се допаѓа), посебно Париз, незнам што да кажам, освен тоа дека градот е стварно магичен. Мислам дека ниту 3 месеца не би ми биле доволни да можеш да ги видиш сите убавини кои ги пружа градот. Кои места сте ги посетиле? Ајфеловата кула, Версај, Дизниленд, Нотр-дам, Домот на инвалиди во Париз, Лувр, дворецот Шенбрун во Виена,плоштадот Мариен во Минхен, Камп Ноу во Барцелона, шпанското село, музејот на Салвадор Дали во Фигуерес, куќата на Јулија во Верона, плоштадот Ел дуомо во Милано, катедралата фамилија саграда во Барселона, Палатата на принцот Рение и Грејс Кели во Монако, мостот Александар во Париз, плоштадот Сан Марко во Венеција... Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Сакам да ја посетам Турција, незнам онака одсекогаш сум сакала. Сакам да одам и во Мексико и во Мароко. А да, и во Дубаи Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Сакам да направам турнеја околу светот, но со обезбедено спиење, не на отворено
Еве и малку посликовито Мостот Александар - Париз Палатата на принцот Рение и грејс Кели во Монако Катедралата фамилија саграда во Барселона Версај- Париз Шенбрун Виена
Бугарија,Грција,Турција,Србија,Црна Гора,Словенија,Австрија,Унгарија,Италија,Франција,Дубаи...Толку Најмногу ми се допага се разбира Дубаи... Палмата,највисоката зграда на светот,најлуксузниот хотел исто на светот... Шпанија али со другарки не со родители,поради најдобрите журки што се прават Да би спиела ама под услов со дечко ми. позз