Во план сме летово со мајка ми да ја посетиме Италија во Милано да ја посетиме тетка ми и братучедите ако не останам по биологија хаха
Имам голема желба да го посетам Рио де Женеиро и тоа за време на карневалот! Знам дека Рио не е само она што го покажуваат на телевизија, дека не е само град на најубавите плажи, најубавата музика, вечното лето, туку дека е и град на криминалот, насилството и сиромаштијата. Како и да е, ако некогаш заминам, убаво ќе си се чувам и обавезно ќе го посетам најголемиот споменик на Исус. Би заминала и во некоја од муслиманските земји, да фатам накај Саудиска Арабија, да го посетам Дубаи, Абу Даби, интересна ми е нивната култура.
Италија Шпанија Дубаи Акапулко Њуjорк Годинава можно е за Италија да одам.. Барем една од омилените дестинации да ја посетам
Не сум имала можност да одам подалеку, само соседите наши најмили Бугарија,Албанија и Грција. Ќе почнам од Албанија бидејќи ми остави најлош впечаток. Или градовите не ми се погодиле. Немаше ни шеталиште ни чисти плажи, газдите со метла се тепаа меѓусебе... Ама ајде, барем времето ни беше супер Бугарија како Бугарија, позната по клубовите, забавата, летните авантури. Сепак, нема да се згреши ако се посети, мене навистина добар впечаток ми остави и ако би имала можност, повторно би отишла на летување таму. Грција е едно преубаво место, најдобар впечаток ми остави! Шеталишта,песочни плажи,чисто море,хотели... Животна цел ми е Велика Британија,Лондон и набргу ќе се оствари Сакам да го посетам Мексико и незнам зошто - Гибралтар За ова турнејата, БИ направила, но не под отворено небо, можеби ќе ми биде ладно
До сега сум била во Бугарија, неколку пати Грција, Црна Гора, неколку пати Србија, Унгарија и 5 пати сум била во Турција. Најлош впечаток ми остави Црна Гора, поготово Будва зошто ми е кафански град и мислам дека Охрид ќе биде втората Будва на Балканов. А најубав впечаток ми остави архитектурата во Будимпешта, крстарењата по убавиот син Дунав, Турција секој еден нејзин дел кој сум го посетила (немам зборови, едноставно ја обожавам државава, почнувајќи од луѓето кои живеат во неа). Сум ги посетила Созопол, Солун, Сутоморе, Будва, Белград, Књажевац, Будимпешта, Кемер, Орен, Дидим, Бодрум, Анталија, ги посетив Троја, Ефес, Памук Кале, базенот на Клеопатра, подземниот град Демре-Мира, и уште многу работи кои сигурно сум заборавила да ги напишам, не ми текнуваат зошто бев помалечка. Сакам да ја посетам Шпанија, и тоа Барселона заради Гауди најмногу, и секако, Мадрид (има да живеам таму! ). И би го пропатувала цел свет да имам можност, нема место кое не би сакала да го видам! Уууууууууу би ја направила турнејава, и да, би спиела под отворено небо или можеби во шаторче. Со добро друштво, вино и гитара некаде на крајот на светот... Ммммммм одлична авантура, ветува одлични спомени...
Сум била во Србија, Унгарија, Австрија, Грција, Турција Америка, (Косово се рачуна како посебна држава? ? Од секое место можеш да научиш нешто, и да видиш нешто поинакво така што од сите места носам убави спомени. Би сакала да одам во Норвешка (со малце срека летово ). Потоа , за кога ке заработам така убави пари (некогаш, се надевам) би одела во Куба, Тајланд, Индија, Бали, Малезија. Исто така желба ми е Саудиска Арабија, ама тоа во некое подобро време. Инаку за турнеја околу светот на отворено, можеби НЕ, но низ Европа дефинитивно. Затоа и нема да одам на Апсолвентска, туку со малце повеке пари, дечко ми, ранец на грб и воз, би можела да прошетам многу повеке (и немора да се спие на отворено, има многу ефтини хостели во сите големи градови) . Се надевам наредното лето и ова ке си го остварам
Јас не сум некоја патувачка Не сум патувала многу, и немам некоја желба да патувам низ европскиве дестинации, иако чисто од љубопитност се надевам дека ќе ги посетам - Париз, Милано, Венеција... Моите желби и амбиции можеби се малку чудни, но земјите кои вистински би мо правело мерак да ги посетам се оние каде што живеат сосема поинакви луѓе, со поинаков изглед, со поинакви култури. Еххх, откако ја прочитав „Белата масаи“ многу посакав да одам во Кенија, кај црнците, кај дивјаците Сакам да ја посетам Кина, Индија , Јапонија, Доминиканска република, Мадагаскар ... Места каде што ќе видам поинакви луѓе, поинакви нешта.
Сакам да одам во Москва. Некаква длабока почит имам кон тој град, и кон државата, и кон народот. Сигурно е убаво во јуни. Особена желба ми се јавува кога ја слушам песнава: http://www.youtube.com/watch?v=KairmsAR ... re=related
Сум била во Бугарија, Турција, Италија, Шпанија, Франција и Египет. Најубав впечаток - Ница. Насмеани лица, убава храна, градот е волшепство. Египет, ах како ја започнавте таа меретна војна, а јас се токмев за второ вљубување. Морето и пустината, убедливо најсовршен спој на планетава. Места кои сум ги посетила... стандардните за една екскурзија низ Европа... и пирамидите во Каиро. Сакам да ги посетам Кина, Јапонија и Тајланд. Првата поголема заработувачка или неколку плати ги инвестирам во патување во Банког. Не, не би направила турнеја низ светот спиејќи под отворено небо, мочкајќи во јавни wc-иња и замивање на мишка во најблиската фонтана. Ниту би се возела во автобус или воз повеќе од 5 часа for that matter. Дајте ми авион и ќе појдам секаде.
Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора, Романија, Италија, Франција, Унгарија, Шпанија и Турција Мене Грција во срце ми лежи, архитектурата, митологијата и културата, храната, морето, сето ова посебно на островите Стандард туристички места Јужна Африка, Зимбабве, Египет, Мароко, Тајланд, Индија, Кина, Индонезија, Австралија, Франција, Русија, Сад, Канада, Данска, Шведска..... Тргам во секунда, ни јорган нема да земам.
Не можам да се жалам, мама и тато ме изнашетаа и благодарна сум за тоа тука не можам да приговарам. А имам и среќа што пола роднини ми се во странство. Сум била во: Србија, Хрватска, Грција, Албанија, Бугарија, Црна Гора, Англија, Германија, Швајцарија, Австрија, Холандија, Италија, Шпанија, Монако, Австралија, Турција, Франција, Тајланд, Канада... Убав впечаток? Монако. Многу гламурозно, воодушевувачки е просто како да сјае самото место. Лош впечаток? Бугарија. Морето не ми е по ќеф, а ни земјата како земја не ме воодушеви нешто посебно. Па сум била во главните туристички места, освен во Германија и Швајцарија е таму се влечев кај роднини во места што ни името не можам да им го изговорам. Би сакала да одам во Америка во Њу Јорк. Инаку да, би направила. Ама јас тоа го замислувам вака: Стар кабриолет, лето, добро друштво и гитара. Патуваме без да знаеме која ни е целта. Спиеме во вреќи на отворено. Ах, многу би сакала.
Сум била во Србија, Грција, Турција, Бугарија, Хрватска, Германија, Австрија и Египет. Најубав впечаток ми остави Египет, тоа за мене отсекогаш било дестинација од соништата, и среќна сум што желбата ми се оствари. Тоа ми беше најубавиот одмор. Грција е исто така ми остави супер впечаток, а посебно Крф. Инаку би сакала да посетам многу места затоа што обожавам патувања. Еве на прво место ќе го ставам Бразил, потоа Мексико, Кина итн. Би направила и турнеја околу светот, се разбира со добро друштво ќе ни биде загарантиран убав помин.
Црна Гора,Србија,Бугарија,Романија,Унгарија,Словакиа,Полска,Украина,Белорусија... Најубав впечаток ми остави Украина,поточно Киев и Белорусија - Минск.. Сакам да ги посетам: Русија - Москва (се надевам летово ќе ми се оствари ),САД,Мексико,Шпанија,последниов период ја засакав Италија што значи и таму сакам да прошетам,па Бразил,Камчатка и за на крај Бора Бора (сега за сега тие се дестинациите,ако ми текне за уште некое место кое би сакала да го посетам,ќе се надополнам)
-Бугарија,Грција,Србија,Црна Гора,Италија,Албанија... незна друга -Најубав впечаток-Италија Лош впечаток-Албанија -сакам да ја посетам Швејцарија(зимово ќе одам),В.Британија,иии со еден збор ЦЕЛ СВЕТ -последново прашање ДА би сакала турнеја,и пи спиела на отворено зошто да не