Во кои држави сте биле до сега? Сум била Бугарија,Хрватска,Србија,Црна Гора,Грција (но како малечка) Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Убав впечаток ми остави Хрватска.Престојував во Опатија имаше многу да се види го посетивме и националниот парк-Плитвички Езера.Беше прекрасно и незаборавно А лош впечатокне ми има оставено ниедна дестинација Кои места сте ги посетиле? Девојката со галеб-Опатија;Ривиерата-Опатија;Национален парк Плитвички езера-Лика(Во близина на Опатија);Краците-Грција;Бечичи,Будва и Петровац (Црна Гора) и Сандански-Бугарија Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Турција,Египет,Mексико и Америка .Па има доста да се види и поради егзотичните плажи. Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Па и несум баш сигурна
Poradi faktot deka ne sum golem ljubitel na sonce i plaza, pretpocitam gradovi kade sto moze da prosetam, da vidam arhitektura, znamenitosti i sl. Italija, Spanija, Francija se ubavi...ali ne kako letna destinacija, koga e pekol i se prepolno. Vikend koga e malku poladnicko poveke bi bilo za mene. Letni destinacii sto stvarno me voodusevile se Oslo, Kopenhagen i Stokholm, prekrasni gradovi, ima mnogu da se vidi, a vremeto toplo megutoa ne i da se onesvesti covek i dokolku spontano se pojavi zelba za plivanje....sekogas si pokraj voda, ima mnogu plazi kade sto moze da se pomine prekrasno popladne. ZA ova leto so soprugot razmisluvame za Finska/ Island.....koj znae
Досега сум била во Турција ( Истанбул ), Црна Гора , Хрватска и Бугарија. Во Истанбул се чувствувам исто како дома,прекрасно ми беше,не сакав да си заминам. Заклучив дека би можела слободно да живеам таму,толку што ми беше пријатно. Сакам да појдам во Египет , Латинска Америка ,Шпанија,Италија, Калифорнија ,Англија, Кина ,Индија, на островиве (Хаваи ,Мадагаскар ,Ибица ,Палма де Мајорка и сл.) ,нема кај не сакам,ама никаде не можам,барем засега...
Офф па сум била во многу држави еве да почнат: Турција,Швајцариа,Египет,Јордан.Австарија,Шведска,Данска,Австрија,Финцка,Америка,Русија,Германија,Франција,Хрватска,Србија,Бугариа,Словениа,Грција,Мексико не ми текнуваат други А сакам да одам Италија,Англија,Америка(Калифорниа,Невада,Флорида,Нијагара...),Истамбул,Шпанија,Монако,Бразил,Португалија,Кина,Јапонија,Бора Бора,Хаваи,Малдиви,Карибски острови,Москва...
Со мојава бродска работа, во текот на првиот договор прошетав на накои места каде што не би била ни на сон да не отидев така работно. Њу јорк - страшно, сите некаде брзаат, автобуси, автомобили, метроа...... Постојано некој доаѓа и си оди по воздушен пат, авионите се чести како sвезди во ведра летна ноќ.... Empire state building, Times square. Се е тоа убаво но само да се види, барем јас не би можела да живеам таму. Карибите - бевме на неколку места по Карибите, фини плажички, ефтино пиење и цигари, секогаш пеколно жешко и многу влажен воздух, по плажите имаш нон стоп некои црни тетки кои ти нудат свашта, гардероба, обувки, плетење на коса... Бахами - бевме во Nassau, исто многу убаво место, единствено таму бев да нуркам, тоа што видов не се опишува со зборови. Бермуди - моето омилено место. кога прв пат ја видов плажата останав без зборови, со зината уста, некое време не мозев воздух да си земам. Песок, бел, ситен како брашно, вода - тиркизно плава, нон стоп има бранови, Атлантски океан. еве една сликичка од плажата - Horseshoe bay, иако тоа што е во живо е неописливо.
Во кои држави сте биле до сега? -Бугарија, Грција, Србија, Романија, Унгарија, Чешка, Австрија, Турција, Египет, Тунис. Која држава ви оставила убав/лош впечаток? -Убав: Египет и Романија; Лош: Турција Кои места сте ги посетиле? -Градови? Во секоја држава по неколку, ме мрзи да мислам. Брашов, St. Andre, Синаи, Каиро, Тунис, Букурешт итн... Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? -Камбоџа, Перу, Мексико, Калифорнија, Англија. Првите три поради историски знаменитости. Калифорнија најмногу бидејќи едно од најубавите места ми е Laguna beach, и би дала многу да поживеам на кратко таму. Англија затоа што Лондон е по мене совршен град и е дом на Челзи. Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? -Не.
Во кои држави сте биле до сега? Шпанија,Италија,Франција, Србија,Хрватска, Словенија,Бугарија Која држава ви оставила убав/лош впечаток? најубав впечаток ми остави Шпанија а лош немам Кои места сте ги посетиле? Монте Карло, Барселона, Венеција, Ница, Кан .. Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? САД- одсекогаш сум сакала да одам таму а можеби и да живеам Бразил-Рио де Женеиро преубав град со преубави плажи Шпанија - повторно би сакала .. Англија,Австралија,Мексико,Кина,Канада .. Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Дааа , животна желба ми е
Во кои држави сте биле до сега? -Грција,Хрватска,Турција,Шпанија,Португалија и Италија Која држава ви оставила убав/лош впечаток? -Убав...СИТЕЕ најмногуу Италија и Шпанија. а лош никојј..сите си имаат посебна убавина. Кои места сте ги посетиле? -Плажите во Грција Турција и Хрватска, Прекраснаата Венеција градот на љубовта -Верона, Ватикан рим....Музеот Thyssen , La almudena во мадрид и секако уште многу други знаменитости прекрасни се разбира.. Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? -Националниот парк Банф во Канада АЛберта,според мене најубавото место кое постои на овој свет. -Мексико-Мексико Сити,Канкун и Монтереј. -Рио де Женерио. Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? -Се разбира дека да. Една од моите неостварени желби.
Во кои држави сте биле до сега? Турција, Бугарија и Грција. Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Секоја си има своја убавина. Кои држави сакате да ги посетите? -Шпанија особено Мадрид и Валенсија -Мексико-Мексико сити и Акапулко -Русија би сакала Москва да ја посетам Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Да, доколку не е авионот превозно средство
Ај да пишам нешто за мојата тридевна посета на Берлин, која беше всушност ептен работна, но најдов и малку време за разгледување на градот. Значи Берлин нешто посебно не ме воодушеви, убав е како секоја европска метропола, но не нешто посебно да ме остави без зборови. Во принцип сакам медитерански тип на градови, мирис на море, тесни камени улички, убава медитеранска храна. А хранава ваму искрено ми беше грозна. Во хотелот нормално имаше поразновидна храна за сечиј вкус, но типичната германска во нивните пивници беше навистина една од полошите кујни што сум ги пробала. Месиштата нешто како варени, без вкус, а оние нивни кнедли од компир ми беа исто блуткави, без вкус. Јас сакам благото да е благо соленото -солено, а се беше нешто измеѓу. Е она што ми се допадна беше пивото, нешто послабо од нашето, по питко. За разлика од нашето Скопско од кое по неколку голтки сум во кома, од германското без проблем кригла од пола литро. Хотелот се наоѓаше во дел од поранашен Источен Берлин, во кој нема ништо покарактеристично. Наликува на секој град од времето на комунизмот со типични блокови од згради, и искрено имав впечаток како да се шетам по Партизанска. Е како се доближуваш кон делот кој е всушност Западен Берлин, архитектурата се менува, градот е подинамичен, типична метропола. Општо познати градби кои треба да се видат се Брандербуршката порта и Рајхстагот. Да напоменам дека карите за сите најпознати музеи се распродадени неколку месеци порано, па ако планирате да патувате во Берлин и да влезете на пример во Рајхстагот треба преку интернет да си купите карти некој месец порано. Метрото им е безвезно, според мене не многу прегледно. И се разбира најпозната шопинг улица (заборавив како се викаше), која почнува со Зара, Манго и Х&М, а завршува со Валентино, Шанел, Гучи... празник за очи (ама само за очи). И најпозитивен впечаток ми оставија луѓето со нивната срдечност, комуникативност, неоптеретеност со надворешноста. И да го заборавиме она демек ние топли, срдечни, а тие ладни. Нема врска, треба да учиме од нив како се комуницира.. ама тоа нека биде друга приказна.
Најголема желба ми е еднаш да ја посетам Бора Бора па макар и на 5 минути само да почувствувам дека сум таму А да не почнам сега да набројувам кај се сакам да одам цела страна ќе ја пополнам... Иначе од земјите кај што до сега сум била, Швајцарија ми е најубаво. Опуштен народ, луѓето релаксирани, чиста и природна земја, се нај нај. Швајцарија ми е во срцето. Храната само не ме бендисува за се друго немам збор