Сум била во: Грција, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Турција, Унгарија, Белгија и Холандија. Најбав впечаток ми имаат оставено Брисел, Ротердам, плажата во Шевенинген. Од Амстердам не бев воодушевена, не обожавам стари градби, повеќе сум по модерната архитектура. Сакам да одам во: Франција (Париз и на азурна обала), Португалија, Рио де Женеиро... секаде сакам да одам За турнеја по светот под отворено небо не, со организирано спиење и добро друштво да
Во кои држави сте биле до сега?Сум била во Турција,Грција,Бугарија,Србија.. Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Турција бидејќи ме одушевија големите украсени куќи Кои места сте ги посетиле? Ме мрзи да набројувам . Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Шпанија,Њујорк, Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Даа
*Во кои држави сте биле до сега? Сум била во Италија, Украина, Србија, Хрватска, Црна Гора, Грција и Бугарија. *Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Најубав Италија, џабе ке зборам навистина вреди да се отиде има многу што да се види. Јас бев на 15 дена и брзав се да видам, би отишла пак доколку имам можност. Лош впечаток ми остави Украина. Незнам дали е цела таква, јас бев во Л'вов, многу сиромашно градче чиста мизерија. *Кои места сте ги посетиле?Кривата кула во Пиза, куќата и гробот на Јулија, Сан Сиро во Милано, преубавите плажи на лигурско море, Плитвички езера, доста е да не набројувам. *Кои држави сакате да ги посетите?Зошто? Сакам да отидам во Шпанија и Америка. Се надрвам дека ке имам можност понатаму во животот *Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Не. Би направила ама под отворено небо не фала
Омилени дестинации ми се Њу Јорк,Барселона и Флорида. *Њу Јорк-имам спомнато и во друга тема,таму живеев пола година(благодарение на мојата работа).Градот е волшебен.Мој стил на град,град во кој има се во 1.Значи чувството кога си во Њу Јорк е неописиво,би живеела таму засекогаш и никогаш нема да ми се здосади.Значи буквално има се:плажи,секакви продавници,кафетерии,Емпајр Стејт Билдинг...Менхетен,Бруклин..Се тоа е толку воодушевувачко. *Барселона-бев тука скоро цел месец,и пак не ми беше доволно за цел да го свртам.Имам многу блиски пријатели кои живеат таму и со нивна помош прошетав низ најбитните знаменитости,згради,се што има да се види.И за мене најбитно,продавниците.Епа стварно сум Шопахолик.Кај и да одам секогаш гледам на тоа,да има "храна за мене" .Дечко ми постојано ме задева за тоа,ама што да правам,неможам да одолеам. *Флорида-бев,но за жал на многу кратко.Прескапо е таму и немав тогаш толкав буџет за да останам повеќе. Но сега,сега сум поспремна од било кога и дефинитивно за овој летен одмор планирам таму да идам со дечко ми.Плажите се и се е всушност такво.Тргни од плажите,па до ноќниот живот.Сакаш да си во Шанел или на плажа?! 10 метри се разлика.
Сум била - Албанија (Поградец, Тирана, Драч), Бугарија (Сандански, Благоевград), Црна Гора (Будва), Хрватска (Дубровник), Италија (Венеција, Верона, Тревизо), Шпанија (Барцелона, Лорет де Мар) и Франција (Кан, Ница и Грас). Од сите овие места најголем впечаток имам од Барцелона, Кан и Ница, сигурно ќе ги посетам пак во иднина... Венеција има добра градба ама некако не ми е многу по кејф, премногу туристи, срања од гулаби и мочуришта. Сега во план ми се Лондон, Москва и Њујорк. Се надевам дека и ова ќе го остварам.
Најголем сон ми е да ги посетам: -Барселона Спојлер ...http://data.whicdn.com/images/17964576/ ... _large.jpg -Лос Анџелес Спојлер
Не сум шетана многу, само низ Балканов, ама имам големи планови кои полека почнувам да ги реализирам. Многу места сакам да посетам, многу градови, многу знаменитости. Ќе биде... Европа: Виена, Инсбург, Лондон, Даблин, Исланд, Берлин, Минхен, Штудгард, Рим, Милано, Фиренца, Сицилија, Монако, Норвешка, Португалија, Барселона, Франција - цела! Азија: Индија, Токио, Малдиви, Москва, Дубаи, Владивосток, Тајланд, Сингапур. Северна Америка: Доминиканска Република, Барбадос, Јамајка, Куба, Мексико, Њујорк, Мајами, Лос Анџелес. Јужна Америка: Рио де Женеиро, Чиле. Африка: Египет, Јоханесбург, Мароко. Австралија и Нов Зеланд. Само толку.
Не сум мрднала од Македонија. На овие средношколските екскурзии секав да одам,ама се нешто искрснуваше и ниедна година не отидов.Последната година ги молев многу моите за Италија да отидам,ама преуредувавме нешто дома и не ми се оствари желбата А многу сакам да посетам повеќе дестинации,во иднина секако дека планирам да го остварам тоа. За град кој најмногу сакам да го посетам,тоа е Мадрид.Не само поради фудбалскиот клуб за кој навивам,туку како град ме привлекува многу.И си ветив дека еден ден да заработам нешто парички или да заштедам ќе одам да го посетам и да ги бодрам во живо Реал на Бернабеу. Исто така од европксите градови сакам многу Лондон и Будимпешта да ги посетам.Лондон ми изгледа како многу убав град,дождлив е а јас многу сакам дожд.Од Италија сакам повеќе градови да посетам. Од прекуокеанските градови тоа би бил Њу Јорк.Се си размислувам некое лето да отидам на привремена работа таму.Да го видам и во живо градот кој ме фасцинира кога го гледам во филмови и серии. Тоа би биле отприлика моите омилени дестинации,кои имам желба да ги посетам.
Јас сум скромна, не дека не сакам, да ми дадеш - нема да одбијам, арно ама сакам овој нашиов Стариот континент малце да го прошетам, па после Малдиви, Бора-Бора со опасна фауна и флора, ако се има време за нив де! Епа вака, јас како земја уз душу попреку сакам да ја посетам Шпанија и Италија ете мерак ми е многу за тие земји. Мадрид и Милано ми се на прво место. Неостварени желби. Тлеат во мене со години, барем на викенд да ги видам, ќе бидам среќна цел живот. Прво, ради фудбалските тимови. Второ, јазикот и културата, старите градби, историјата. Потоа, соништа мои, кај сакате носете ме, кај ви дувне ветрот, само така сакам најпрво!
Kе пишувам со мала буква бидејки големите букви ми одат автоматски латиница и многу ме иритира. Dо сега Tајланд,холандија(ми е втора дома)OAE(дубаи и абу даби),белгија,австрија,германија,италија,турција,хрватска,франција,србија,босна,црна гора,словенија,грција,бугарија,русија,украина,молдавија,швајцарија,романија(транит на кратко),унгарија и сигурно имам испуштено уште некоја. Nајубав впечаток ми оставија Tајланд и Iталија (затоа оваа година ке ги посетам повторно ноември и јуни) и секако Xоландија а дефинитивно најлош впечаток Dубаи и Uкраина. Mеста кои сум ги посетила мммм долг е списокот , скоро се ,во сите земји сите места што вреди и е интересно да се посети. Nа годинешната агенда е шпанија или чешка а може и двете во завистост од околностите а исто и Cингапур и Mалезија ако земам мулти виза за Tајланд. Zа понатаму во план се Eгипет,Jапонија,Kина ,Aнглија и Aмерика роад трип . Tурнеја секако ама под отворено небо не ,( во некои земји може и казна да добиеш за тоа )а и неможам без туш одсабајле
Во кои држави сте биле? Сум била во скоро сите држави на Балканот,Египет,Германија,Австрија... Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Најубав впечаток ми остави Австрија,посебно Виена.А многу лош впешаток ми остави Египет,многу прљава земја. Кои места сте ги посетиле? Пратер Виена,Ефес Турција,Алианѕ арена Минхен,Берлин... Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Кенија ,САД Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Да
Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? ( ќе напишам кои градови сакам да ги посетан , не држави ) Би сакала да ги посетам Hollywood ( да видам и јас некој celebrity ) Transylvania ( замокот на дракула ), Barcelona (викаат било преубаво ) , Stratford ( родниот град на мојот идол) , New York (малку на shopping) , London ( да си шеткам со чадорчето низ центарот ) , Tokyo , Bahamas ( тука би отишла после дождовите во лондон малку сонце и плажа фантазии фантазии) , Monte Carlo ( да направам една фотографија и доволно ќе е ) и Rio de Janeiro ( тука би отшла онака без никаква посебна причина)
Најмногу би сакала да ги посетам Мајами,Лондон,Њујорк,Лос Анџелес,Париз,Египет,Рио Де Женеиро и Палма де Мајорка и Венеција. А сум била во Грција,Србија и Швејцарија.