Моја дестинација од соништата е Холандија. Никогаш не сум била, но сум имала контакти со луѓе приватно и службено. Значи прв мотив за посета ми е народот.Толку ведар, срдечен, позитивен народ, немам сретнато. Па и многу умни и вредни. Либерални, а дисциплинирани. Уживаат во животот, во храната, а изгледаат толку фит. У прицип не стереотипизирам, но во однос на Холанѓаниве имам створено цврста и јасна слика. Останатото-природа, архитектура, се она што значи холандска култура, засега се воодушевувам на прочитано, слики и кажувања (маж ми беше неколку пати). Холандската кујна сум ја пробала на Денот на Кралицата кој го организира холандската амбасада-и ми се допаѓа. Значи воодушевена сум од сите аспекти и едвај чекам да ја посетам. А ми се надзира една шанса за 2013 . И ај кога веќа пишувам за Холандија да раскажам дека 2010 бев со една нога таму, но... Значи ми прифатија труд за орална презентација на конгрес од мојата бранша, кој требаше да се одржи во Ротердам, април 2010. Мојата работна рганизацијата одби да ме финансира (иако си добија уредно место како коавтори). Јас не сум тип кој моли...и се заангажирав сама. Добив 500 евра грант од Холанѓаните (по основ дека доаѓам од земја во развој), а остатокот решив сама да си се финансирам. Работите тргнаа како подмачкани. Една недела пред мојот престој во Ротердам, маж ми на состанок во Амстердам. Направивме договор после неговиот состанок, се среќаваме на аеродром во Амстердам и со воз до Ротердам заедно. Купивме карти, резервиравме хотел, и си фантазиравме нели . Јас спремање- максимално. Благодарение на гугл мепс го знаев цел Ротердам на памет. Каде за шопинг, каде на јадење, знаменитости. Да не раскажувам како ми беше спремена презентацијата. И така маж ми отиде, а вечерта пред мојот лет се враќам јас од депилација и ми се јавува сестра ми.... Се случил Eyafjallajökull volcano Отпрвин не ја сфатив сериозно, но после гледам на телевизија работата не е на арно. Летовите во пола Европа одложени, хаос по аеродромите. Утрешниот ден ми помина во следење вести и очекување да се расчисти чадот од вулканот, фаќање врски да влезам во првите летови кога ќе ги пуштат. Маж ми заглавен во Амстердам ми јавува дека е хаос и така... Вториот ден кога видов дека не бива, со солзи си го распакував куферот, трудот ми го презентираше колега од таму, маж ми се врати по една недела. Хотелот пропадна, од авионот парите ми ги рефундираа...и ми остана желбата Уф, што изнапишав, уште да ме избришат за офф топик. Ај за крај ...
Во кои држави сте биле до сега? Од балканските во сите ,италија, турција, сад, германија, франција, англија, австрија, швајцарија, шпанија, португалија. Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Грција пошто се дски кога дознават дека си македонец,албанија незнаат англиски( малку шпански и француски знаат),за другите намам замерки..а најдобар впечаток ми остави турција.. Кои места сте ги посетиле? па сите тие поважни знаменитости...а во турција речиси се имам посетено... Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Кина,индија,мароко-заради народите и интересните работи пред се нивната традиција,и обичаи.. малдивите,сејшалите,хаваите-поради нивната убавина... Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Би направила но не би спиела под отворено небо...
Летово прошетав троа ги посетив Италија, Германија и Австрија. Вака изгледа ко да сум ги прошетала цели но всушност се работи само за неколку градови. Од Италија ги посетив Верона, Венеција, Лидо ди Јесоло и Каорле. Во Верона стандарт се знае бев во куќата на Јулија, на терасата, стариот град, колосеумот... Во Венеција скоро сите места кои ја одбележуваат, катедралата, плоштадите, каналите, тесните улички, куќата на Вивалди ... Лидо ди Јесоло е обично туристичко место со преубава плажа, нема посебни обележја, додека пак Каорле има преубав стар град и една мала катедрала со светилник, има и крива кула ама не толку колку онаа во Пиза. Од Германија бев само во Минхен и тоа само на кратко, до еден трговски и на аеродром, така да неможам ништо друго да кажам. Дури ни да го бројам во посетени места. Од Австрија бев во Инсбрук. Е градот навистина има што да понуди. Престојував една недела и не ми беше доволно, би живеела таму, се претвори во моја омилена дестинација и ми остави најголем впечаток од се што додега сум посетила. Мал град, колку Битола е по број на жители. Се наоѓа под Алпите и на крај на Јули сеуште имаше снег на врвовите. Во текот на денот темературата се менува на пола саат, дожд па сонце, незнаеш кога ќе те изнанади. Она што највеќе ми се допадна е тоа што градот е многу чист и зеленило има насекаде. Прекрасен поглед кон планините, зеленило, ливади, шума и куќички и хотели. Негативна страна е тоа што е еден од најскапите градови во тој дел, поскап и од Виена. Колку за пример во најбедниот хотел ( а нема таков) сместувањето е минимум 30 евра од вечер, само спиење значи. А и во приватни смештаи чини толку иако незнам колку е веројатно да се најде нешто. 365 дена во годината секое сместување е преполно и скоро нема никакви шанси да се најде некакво сместување. Центарот на Инсбрук е стариот град. Типични Австриски градби, цртежи на фасадите, ништо непороменето како што било направено пред стотина години, мали продавнички за сувомесни традиционални производи, за сирење и кашкавал кои дефинитивно се најубавото нешто што сум го пробала. Мали ресторанчиња, најубав сладолед и мирис на највкусната штрудла. Стариот град едноставно плени, а постов несакам да звучи како да пишувам есеј за у школо Градот го дели реката Ин, покрај кејот има ресторанчиња кои ги нудат италијанската, мексиканската, кинеската и индиската кујна и секако австриската традиционална. На плоштадот покрај кејот се одржуваше летен џез фестивал кој траеше цело лето, влезници не се плаќаа немаше такви работи и покрај тоа што времето беше ужасно ладно и врнежливо вриеше народ. Вљубени во музиката, играа и пееа без да им пречи времето, студот или било што Во една уличка во стариод град има еден Пијано бар, е не постои подобро место од тоа за џезерите. Во форма е на тесно ходниче, па малку поширок простор, долг шанк, вртени скали на вториот спрат кој е всушност магацин и трубач седнат на скалите, еден свири на пијано, друг на маса со гостите свири на бас, до пијанистот стои пејачот, а на шанкерското столче свирачот на контра бас. Многу тесен простор за толку многу луѓе, некои играат и ич не им е гајле што се буткаат во другите, сите се расположени и се смеат. Прекрасна атмосфера, е баш ваква http://www.youtube.com/watch?v=gibCEMjkhY4 Вистинско место за добар провод, работеше до сабајле! Како што кажав има многу работи да се видат, најголемата скокалница, Инсбрук многу пати бил домаќин на зимските олимписки игри. Панорамата е волшебна, чисто за пешачење, стаклен ресторан од кој се гледа целиот град. Жичарата која води до средна и до врвот на планината, не успеав да отидам поради времето но нареден пат ќе одам само за тоа! Музејот на Сваровски, трговските центри, најубавите слаткарници и чоколатерии. Има прекрасни вили, мали селски катедрали, штали во сред град Друго... милениците може да си ги носите секаде, во ресторани внатре, во маркети, во трговски центри, во бутици итн... Викаат дека зимно време градот е како од бајка. Насекаде снег, новогодишно украсен и во она местенце каде што ја прават највкусната штрудла од јаболка и највкусното кафе имало куќичка каде што вештерката ги чувала Ивица и Марица и во меѓувреме пече штрудла. Мххх, сакам! Нови впечатоци за градов ако го посетам за католички Божиќ.
Омилени дестинации? Ах...ги има премногууу би сакала да ги посетам Бора Бора,Париз,Шпанија посебно Барселона и Мадрид,Италија,Дубаи... Скромни желби
Не дека сум била на многу места, но сум посетила прилично убави и интересни дестинации. Сите наши соседи, и Црна Гора. Потоа Унгарија(Будимпешта), Турција(Истамбул, Сарамсакли Ајвалик), Египет(Каиро, Хургада), Италија(Верона и Венеција), Австрија(Виена), Германија(Берлин, Хамбург,Дрезден,Дизелдорф) Франција(Ница, Кан), Монако, Шпанија(Барселона, Лорет де Мар), Чешка(Прага) и Словачка(Братислава) Најпозитивен впечаток од сите градови што сум била со сега дефинитвно и без размислување-Барселона. Магичен град, толку топол и пријатен, модерен, артистичен, со прекрасна арихетектура. Магичната фоната е убедливо наjубавата фонтана во светот. Целиот концепт е оригинален, интересен и примамлив за туристите. Фамилија саграда исто. Би сакала да одам таму пак, и пак, и пак, и пак! Веројатно заради сличниот менталитет нашиот, нивната гостопримливост и хатмантност, и евтината гардероба Најнегативен печаток, хм незнам искрено мислам никој. Сите ми се допаднале на свој начин, кој повеќе, кој помалку. На листата на следни дестинации ми се: Њујорк, Милано, Рим,(т.е цела Италија, како топ 1 дестинација според мене) Рио, Амстердам, Лондон, Брисел, Ротердам, Париз, Загреб, Љубљана и многу, многу други.... Сакам многу да патувам, се надевам дека ден ќе ги посетам сите дестинации кои ми се на списоков. Инаку имам дестинации на кој никогаш не ми сакала да идам како Индија, Кина и Блискиов исток-со исклучок на Дубаи. Не сум ич по ориентот, ме привлекува модерна архитектура, и по малку средновековието во оргинални изданија, не Барок мејд ин 2014
Би сакала да одам во Мароко, Израел, Либан,Бахраин и Арабија, и Истамбул- ова некако е најреална дестинација и толку, немам желба за други места.
Во кои држави сте биле до сега? Германија, Италија,Франција,Холандија,Шведска,Данска,Норвешка,Белгија,Луксембург, Лихтештајн, Шпанија, соседниве на Македонија...во моментов не ми текнува, можеби испуштив некоја Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Сите ми оставиле убав, секогаш сме решаржирале дали е добро местото пред да отидеме некаде. Кои места сте ги посетиле? Германија скоро цела ја имам исшетано, да не набројувам секој можен град(минимум 30 се ) Изминатава година бев два пати во Италија. Првиот пат Милано и околина 3/4 градови, вториот Рим. Целосно ме воодушевија, но доволно беше. Парите нареден пат би ги инвестирала во друга земја. Франција неколку пати сум била, Париз и уште неколку приморски градови, Холандија одам барем еднаш месечно(Амстердам е убав еднаш да се види ...).Секогаш посетуваме некое ново мало гратле, пред една недела бев Роермонд каде има одличен аутлет центар. Шведска три пати сум била, скоро цела ја имам прошетано, магична е. Данска исто три пати сум била и цела ја имам исшетано, Копенхаген најдобар впечаток ми остави. Норвешка два пати сум била скоро цела ја имам прошетано, Осло е неверојатен. Белгија десетина пати сум била. Утре планирам пак да шетнам на еден ден. Брисел не е нешто посебно, но Бругес(едно мало гратче) ме има целосно освоено. Останативе само по еднаш сум била. Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Австралија, Америка,Кина, Русија... Сакам да отидам далеку далеку, најдалеку што се може Најверојатно ќе направиме уште некоја балтичка тура и обединетото кралство во наредниве 1-2 години (само чекам да добијам асално државјанство). Јас би и накај арабските земји, ама малиот воопшто не ги обожава. Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Не. Заборавив да напоменам дека најчесто патуваме со кола и вршиме претовар со фериброд или летаме па таму рентаме кола. За оние кои се љубители на градски тури тоа е одличен начин да се види многу без да почуствуваат било каков замор. Скандинавските тури на пример секогаш така ги имаме организирано. Со кола од Германија до Данска, Од Данска до Осло со фериброд, Цела Норвешка долж со кола и навлеваме во Шведска. После Шведска со колата ...и со фериброд од Шведска назад Германија. За време на едно патување сме сместени минимум во 3/4 хотели. Во секој остануваме 4,5 денови...зависно како сме искалкулирале предходно колку денови ни требаат за да видиме сите знаменитости во регионот. После продолжуваме до наредниот хотел каде престојуваме 3,4,5 денови ...и така то. Однапред билети за бродови, резервации за хотели се е организирано. Секогаш различна рута, со различни градови. Малиот е вљубен во скандинавијата, па три години по ред организираме вакви тури со различни градишта за време на летните одмори. А зимските јас бирам , Италија, Франција, Шпанија... Или пак Од Германија влеваме со кола Данска, па продолжуваме Шведска...и назад се враќаме од преку други градови. Хотелите се секогаш резервирани на соодветна оддалеченост помеѓу знаменитости, и неколку часовна вожња за да не чуствува замор. Еднаш во еден ден(во лудите млади години) Влеговме од Германија во Холандија па Белгија...а на полноќ ни текна да одиме на море во Франција И околу 02.00 некаде стасавме и се паркиравме на една плажа, Дункекркју мислам се викаше местото Никогаш предходно не сум уживала и не сум го доживеала морето на таков начин. Беше магично...вредеше за секој поминат час во вожња. После како бог да чува баравме по ноќевите хотел. Италија на пример бевме со авион, но прво нешто што направивме кога слетавме беше рентање на кола. Така бевме прилично флексибилни и можевме да видиме многу повеќе од само градот каде се наоѓа хотелот.(Ова за во Милано, Рим бев без него, па се клатев таму со трамваите и автобусите ) Холандија, Германија и Белгија се онака викендашки дестинации, колку да се оттргнеме од секојдневието.
Во кои држави сте биле до сега? -Хрватска,Албанија,Црна Гора,Србија,Бугарија,Босна И Хервеговина. Која држава ви оставила убав/лош впечаток? -Најубав впечаток дефинитивно Хрватска,а лош ниедна. Кои места сте ги посетиле? -Дубровник,Сплит(ХР),Будва,Бар,Суто Море,Игало(ЦГ),Валона,Саранда(АЛ),Софија(БГ) и Требиње(БиХ). Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? -Повеќе држави се,ама највеќе сакам Калифрнија.Тоа ми е сеуште неостварен сон. Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? -Па...незнам,можеби.
Во кои држави сте биле до сега? Германија, Унгарија, Австрија, Грција, Бугарија, Турција. Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Најубав впечаток ми остави Турција. Прекрасна е значи. Различни култури, религија, прекрасни знаменитости. Има што да се види, дефинитивно преубаво. Исто така и Австрија прекрасна е немам зборови. Кои места сте ги посетиле? Во Турција многу убав впечаток ми остави Капали чаршија, исто така и крстарењето по Босфор, Сината Џамија кога влеговме внатре, Аја Софија... и едно како на едно ритче се качивме се гледаше пола Истанбул, глетката беше човек просто да се воодушеви. Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Сакам да ги посетам Франција (Париз), Италија (Венеција), Бразил (Рио де Женеиро) и Египет (Пирамидите). Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? ДА би направила доколку се собереме повеќе луѓе. Тоа ќе биде доживување. Само што во овој момент или во било кој нареден тоа не би било возможно.
Ubavo e covek da mectae,i vo prekrasna slika ja imas izneseno tvojata zelba za poseta na Holandija! no tvojata izgradena slika za holandskiot narod e celosno pogresna!!! izvini ako ti go krsam mislenjeto, no tuka sum i najiskreno ti kazuvam deka ne e taka kako sto mislis! a za ubavina-drzavata e prekrasna, se e naredeno i podredeno do santimetar, prekrasni patista, arhitektura,kanali,... za toa nemam zborovi! sepak ti posakuvam sto e mozno poskoro da ti se ostvari sonot, da stapnes na toa parce zemja i da uzivas vo ubavinata na drzavata, no ne i vo mentalitetot na narodot!kulturata postoi, na nivo e, no nekoi drugi karakteristiki covek ne moze ni od daleku da gi naseti kaj ovoj narod, za zal! sekoe dobro
Во кои држави сте биле до сега? Да не се фалам, ама сум била на многу места во светов! Бугарија (Софија, Банско, Боровец и Сандански), Грција (Атина, Закинтос, Лефкада, Санторини, Крф, Солун, Сани бич и други места), Србија (Белград, Ниш, Суботица, Копаоник), БиХ (Сараево), Хрватска (Загреб, Паг, Хвар, Брач, Дубровник, Крк и други места), Слобенија (Љубљана, Марибор и Порторож), Унгарија (Будимпешта), Словачка (Братислава), Австрија (Виена, Грац, Клагенфурт, на скијање во Шладминг и мнооогу други места), Германија (Берлин, Минхен и Франкфурт), Литванија (Вилнус (на кошарката), Русија (Моска и Ст.Петерсбург), Шветска (Стокхолм), Белика Британија (Лондон(3 пати), Единсбург, Манчестер и Бристол), Холандија (Амстердам, Хаг и Ротердам), Белгија (Брисел), Луксембург, Гранција (Париз, Страсбург, Каан, Ница и Ст.Тропез), Монако, Шпанија (Мадрид, Барселона, Лоред де мар, Ибица, Палма де мајорка, Валенсја и уште на многу други места бидејќи од таму потекнувам!), Португалија (Лисабон), Италија (Сицилија, Сардинија, Фиренца, Венеција и Рим, Пиза), Турција (Истанбул, Анталија и Памук кале), Од арабски места сум била во Мароко, Египет и Дубаи, САД (Њујорк, Лас Вегас, Лос Анџелес, Мајами, Сан Франциско, Вашингтон и Бостон(во Америка живее сестра ми и затоа), Бразил(Рио де Жанеиро и Бразилија) Ако имаш супер друштво тогаш е ОК! На сите овие места сум била со друштво и секогаш се договараме каде да одиме, сега на листата ни се Бора Бора, Хаваи, Куба и Јамајка! Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Најубав впечаток ми остави Бразил кога се сунчав на Копакабана, Њујорк (СЕ РАЗБИРА ) & Лас Вегас. А лош ми има оставено само ЛОС АНЏЕЛЕС!! Не е толку убаво колку што замислував и јас и цело друштво се РАЗОЧАРАВМЕ!! Кои места сте ги посетиле? Сите! Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? 1. Австралија 2. Јужно Африканска Република 3. Јапонија 4. Индонезија 5. Сингапур Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? [/b] Да, но не под отворено небо да спијам, кога имам пари за хотел!
Јас сум била во Грција и Албанија и преубаво беше. Но, сакам да појдам во Турција и Бугарија. А по можност и на Хаваи...
Ахх Гугл мапиве што ми направија, ахх зошто ги измислиле, само ми ја разгоруваат желбата за шетање.. Сакам да посетам многу места, но патувањето со агенција и водич мене ме полудува. Трчање, бркотници, што си видел од автобус, што на поминување од далеку, низ 3 града те шетаат во 1 ден и се‘ си видел - браво. Ти преостанува само да фотографираш и дома да видиш кај си бил.. Не бре, јас за разлика од многу тука што пишале, би заминала низ Европава со воз, со автобус, со ранец колку мене на грб, доволно пари в џеб, се разбира уште неколку души со мене па и под ведро небо би спиела. Земји за кои сонувам - Холандија, Шведска и Англија. Зошто? Затоа што сакам да го искусам различниот менталитет, не овој јужњачкиов (балкански, шпански, италијански). Уф што убаво би ми дошле сега пријателчиња од споменативе земји, така фино лепо да ме приберат дома на 2-3 недели и јако да ме изнашетаат.
Сум била во Турција,Шпанија,Бугарија,Хрватска,Србија,Грција,Црна Гора Најубав впечаток дефинитивно ми остави Шпанија. Барселона не можам да ја опишам со зборови.Мора да се види,да се доживее.Тенерифе исто така.Ако сакате да се одморите од бубачки,гужви и влага,тогаш правото место за вас е Тенерифе(звучам ко реклама). Лош впечаток не ми оставило ниедно место кајшто сум била освен храната во Сандански-Бугарија. Многу лошо. Сум посетила повеќе места во погоре наведените држави,ама како посебни ќе ги издвојам Барселона,Тенерифе,Истамбул,Измир,Дубровник,Котор... Сакам да одам во Амстердам,да ги посетам Австрија и Германија,Ирска ми е слаба точка,и дефинитвно најголема желба ми е Бразил,Рио де Жанеиро. Би одела на турнеја околу светот,и би спиела под отворено небо.Имам авантуристички дух и сакам да патувам
Во кои држави сте биле до сега? - Сум била во Русија, Србија, Обединети Арапски Емирати, Пакистан, Турција, Белгија Која држава ви оставила убав/лош впечаток? - Убав впечаток: Русија, таму имам поминато многу, многу месеци, убава држава, пријатни луѓе, но сето тоа надвор од Москва. Во Москва се се движи премногу брзо, животниот стил е таков, а во другите градови каде што имам одено, поинаку е, преубава природа, немам зборови. Лош впечаток: Пакистан! Таа држава е една огромна катасрофа! Прљавштини, сиромаштија, убиства, секакви терористички напади, лоша влада итн. Кои места сте ги посетиле? - Москва, Екатеринбург, Санк Петеребург (и уште многу други градови, неможам да ги пишувам имињата, на многу и самата не се сеќавам) - Русија. Дубаи - ОАЕ. Карачи - Пакистан. Анкара - Турција. Брисел - Белгија. Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? - Перу, Шпанија, САД, Мексико, Бразил, Индија, Тибет, Непал, ЈАР, Јапонија, Грузија, Италија, Германија, Франција, Холандија, Австрија.. па искрено, доколку би имала можност, би го пропатувала цел свет и цел живот би го посветила на истражување. ) Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? - Некаде можеш да спиеш под отворено небо, но во некои држави тоа е многу, многу опасно. На пример, во Пакистан сигурно не би сакала да спиеш така, ќе те ограбат веднаш, може и да те убијат ако им се спротивставиш. Или пак во Индија, истото е таму, ако не и полошо. Во земјите каде што сиромаштијата е голема, не би сакала да спијам по отворено небо, а во сите останати, даааа, немам против (само да не е - на улица) ) Јас аплицирав за член на авионски екипаж, но ми ја примија апликацијата кога веќе се омажив. Не би сакала да се одвојувам од маж ми на долго, но за сите останати кои што сакаат да патуваат, сакаат интересна работа, имаат одлична здравствена состојба, може да аплицираат во било кое време. Најдобри за апликација се Emirates (кај нив јас аплицирав). )
Во кои држави сте биле до сега? Грција, Бугарија, Турција,Словенија, Црна Гора,Србија, Албанија,Хрватска. Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Убав впечаток дефинитивно Словенија и Хрватска. Особено Хрватска. Совршенство, од луѓето, до местата, можностите кои ги нудат..А лош впечаток Албанија. Несреденост, неоргинизираност. Кои места сте ги посетиле? Во Грција сум била на доста места, во Турција Анталија и Истанбул, Хрватска сум била во Сплит,Дубровник, Тирана сум била, Драч, Белград,Љубљана.. Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Шпанија, поради интересниот живот според мене кој го видов од Шпанските серии и поради јазикот кој многу добро го знам , би сакала да видам како ке се снајдам.И би сакала дефинитивно Италија. Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Не ,не. Немам сила за такво нешто.
Во кои држави сте биле до сега? - Сум била во Грција, Србија, Словенија, Албанија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Русија, Австија, Латвија, Италија, и не ми текнуваат други Која држава ви оставила убав/лош впечаток? - Најубав впечаток ми имаат оставено Русија ( морам да признаам дека сум мааалку пристрасна на темата ) и Австрија. Лош впечаток ми има оставено Латвија. Дали јас очекував премногу, дали не ја видов како што треба - не знам, ама не ми се допадна. Премногу сиво и студено. Кои места сте ги посетиле? Грција: Катерини, Скотина, Ханиоти, Паљури, Лефкада, Олимпик бич. Србија: Белград Словенија: Љубљана Албанија: Драч и Тирана. Бугарија: Софија, Созопол, Китен. Црна Гора: Будва Хрватска: Молунат и Дубровник. Русија: Москва Австрија: Виена Латвија: Рига. Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? -Сакам да ја посетам Шпанија - Барселона, некое селце во централна или јужна Франција, повторно Русија ама цела... Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? ДА!
Во кои држави сте биле до сега? -Грција,Србија. Која држава ви оставила убав/лош впечаток? -Србија. Кои места сте ги посетиле? -Полихроно,Ханиоти,Префкохори,Парајлија,Олимпик Бич(Во Грција),Београд и Нови Сад(Во Србија. Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? -Да,да.
Омилена дестинација одсекогаш ми била Лондон и Њујорк. Сакам џагон, сакам да има бучава, луѓе насекаде растрчани, а сепак е убаво место. Кога би можела да изберам кај да идам на летен одмор тоа дефинитивно би било во Калифорнија. Исто така имам желба да го посетам Лас Вегас, кој знае, можеби некогаш ќе го посетам, дај боже. Тие ми се омилени дестинации, ама имам ушта многу многу кај што би сакала да идам. Пр. Хаваи, Бора Бора, Париз, Лос Анџелес, Аргентина, Kaнада итн.