Во кои држави сте биле до сега? Египет (Шарм ел Шејк), Турција (Анталија), Грција (Солун, Лефкада, Сани Бич и уште милион останати места), Србија (Бeлград), Хрватска (Загреб, Пула, Ријека, Паг и Задар), Унгарија (Бук), Словачка (Братислава), Австрија (живем тука) (Салзбург, Клагенфурт, Брегенц, ...), Франција (Кан, Ница, Антиб, Сент Тропе), Италија (Милано, на езерото Комо, Венеција, Ла Специја, Чинкве Тере, Трст, Савона, Сан Ремо и Пиза, Сицилија (Леон Форте, Палермо, Агриџенто, Катанија, Етна, ...), Словенија (Љубљана, Јесенице, Блед и Порторож), Германија (Берлин, Хамбург и Бремен), Монако и Лихтенштајн. Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Најубав впечаток ми оставиле Египет, Турција, Хрватска, Монако и Франција. Лош впечаток, Словачка и некој градови од Италија. Кои места сте ги посетиле? Сите значајни, ама најубав ми беше музејот на Пикасо во Антиб и модната куќа на Шанел во Сент Тропе. Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Листата ми е долга, ама се надевам дека еден ден ќе ги посетам: Спојлер Турција (Истанбул) Грција (Атина, Санторини, Закинтос и Крф) Хрватска (Сплит, Корчула и Дубровник) Унгарија (Будимпешта) Италија (Рим) Шпанија (Барселона, Ибица, Тенерифе, Палма де Мајорка и Мадрид) Франција (Париз) Велика Британија (Лoндон, Езерото на Неси и Лидс) Шведска (Стокхолм) Русија (Москва и Ст. Петерсбург) Украјна (Чернобил ) САД (Њу Јорк, Мајами, Лос Анџелес и Сан Диего) Костарика (не е важно каде, туку само негде да е на плажа, не во град) Аргентина (Буенос Аирес и на водопадите што се на граница со Бразил) Бразил (Рио де Жанеиро и на водопадите што се на граница со Аргентина) Чиле (во пустина (и го заборавив името, извинете)) и толку би било... Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Не!
Во кои држави сте биле до сега? Турција ( Кушадаси, Бодрум ) Грција ( цел прв крак , Олимпикбич , Солун .. ) Албанија ( Саранда ) Бугарија ( Несебар , Бургас .. ) Црна гора ( Не ми текнува градот -_- ) Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Најубав впечаток ми остави Турција , а најлош Албанија .. Кои места сте ги посетиле? Не ми текнуваат сите, многу се.. Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Франција , САД , Велика Британија , Италија ... Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Треба да се подразмисли првен малце :3
Во кои држави сте биле до сега? Австрија, Шпанија, Чешка, Србија Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Убав впечаток-Шпанија Кои држави сакате да ги посетите? Италија, Франција, Холандија, Турција, Велика Британија.... Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Баш би сакала турнеја околу светот, но не да спијам под отворено небо.
Во кои држави сте биле до сега? Сум била во Грција, Бугарија, Египет, Италија, Франција, Шпанија, Швајцарија, Хрватска, Словенија, Србија, Германија, Австрија, Монако и Турција. Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Најмногу ми имаат оставено впечаток Швајцарија и Египет, а лош впечаток никоја држава ми нема оставено. Кои места сте ги посетиле? Најпознатите места во Барселона, Лорет де Мар, Хургада, Ница, Кан, Венеција, Милано, Цирих, Каиро, Атина, Ефес, Крит, Санторини, Минхен,... Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Англија и Холаднија поради прекрасниот живот таму, Јапонија и Тајланд поради мистичната и прекрасна култура и би сакала да посетам неколку градови од САД. Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Зависи каде, во Европа, САД и Австралија може на некој безбедни места, но во Африка и Азија нема шанси, страв ми е.
1) австрија,унгарија,чешка,германија,шведска,данска,италија,франција, монако,србија,хрватска,романија,полска,грција,бугарија,турција, албанија,црна гора 2) Шведска 3) особено Впечаток ми оставија ница и монако 4) Не
1) Албанија,Србија,Бугарија,Грција и Црна Гора 2) Најубав Бугарија,а најлош Албанија 3) Албанија(Драч,Валона и Саранда),Србија(Бор,Белград и Нови Сад),Бугарија(Несебар и Сончев Брег),Грција(Солун,Полихроно,Аспровалта и Неа Потидеа) и Црна Гора(Будва и Херцег Нови) 4) Италија,Франција,Велика Британија,САД,Австрија,Германија,Холандија,Шведска,Данска ,Норвешка,Шпанија,Португалија,Канада,Бразил,Бахамите,Јапонија,Кина,Чешка,Словачка,Полска,Унгарија,Русија,Австралија,Тајланд,Турција,Хрватска,Словенија,Швајцарија 5) Би направила турнеја окулу светот,ама за ова (спиење на отворено небо) малце ќе подразмисламн
Во кои држави сте биле до сега? Албанија, Србија, Германија, Грција и Бугарија Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Германија и Бугарија - Најдобар впечаток Лош нема.. Кои места сте ги посетиле? Албанија - не ми текнува точно кај бевме Србија- Белград Германија - Берлин, Минхен и Аугзбург Грција - Халкидики, неа пори, паралија и катерини Бугарија - Банско, сандански, гоце делчев и софија Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Сите останати, без некоја посебна причина Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? ДАААААААААААА
1. Србија, Грција, Унгарија, Австрија, Шпанија, Италија, Франција, Монако. 2. Барселона, Венеција, Виена, Будимпешта. 3. Србија - Алексинац, Соко Бања, Грција - Солун, Парилија, Олимпик Бич, Неа Каликратија, Шпанија - Лорет де Мар, Тоса де Мар, Барселона, Италија - Венеција, Верона, Лидо ди Јесоло, Франција - Ница, Кан, Антиб, Монте Карло. Унгарија - Будимпешта, Австрија - Виена. 4. Би сакал да отидам секаде, премногу сакам да патувам! 5. Да иако претпочитам во хотел.
Во кои држави сте биле до сега? Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Италија, Турција Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Најубав впечаток дефинитивно ми оставија Италија и Турција, а лош впечаток ниедна. Кои места сте ги посетиле? Београд - мојот втор дом да го наречам (пошто едно време од мојот живот ми беше втор дом), Бар, Сутоморе, Чањ, Будва и цела таа Црногорска ривиера, Бугарија на екскурзија уште у средно и искрено малце ми е матна ама знам дека бевме во Боровец , Хрватска аххх и таа е прекрасна, најубав впечаток ми оставија водопадите на Крка - тоа е нешто што остава без здив... , Турција на кратко низ Истанбул штета што немав време да го прошетам повеќе, ама затоа 14 дена се закотвив во едно место што се вика Ayvalik блиску до Sarimsakli и беше препрепреубаво, плажа баш како што сакам, бел песок - тиркизна бистра вода! И за крај Италија аххххххххх Италија, има некој посебен шарм што засекогаш ти останува во сеќавање... Имав среќа да ги посетам Венеција, Џенова, Парма, и уште некои помали градчиња. Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Пред се Америка пошто сестра ми живее таму а и онака да си прошетам зашто да не, Норвешка поради природните убавини и чистотата, Грција и Албанија поради преубавите плажи и места како на пр. Санторини или Лефкада, Бразил, Португалија, Шпанија, да ја запознаам културата на народот и нормално да поднаучам јазик пошто тие ми се омилени, заедно со British English и Irish English што значи и Англија и Ирска. Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? КОГА БИ ИМАЛА МОЖНОСТ ОДМА, БЕЗ ДВОУМЕЊЕ!
Во кои држави сте биле до сега? Словенија, Бугарија, Хрватска, Црнагора, Грција, Италија. Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Најубав впечаток Италија посебни места има нешто посебно во таа Италија особено најмногу ме воодушеви Венеција и Милано. Лош впечаток баш некој немам, можеби Црнагора во одрени гратчиња како што е Цетиње, многу пусто е. Кои места сте ги посетиле? Словенија, Бугарија не ни памтам каде бев, пошто бев мала (7год) ама знам дека Бугарија ми беше многу убаво Грција преубаво во Неа Врасна, Ставрос, Игуменица преубави места за летен одмор плажите се прекрасни...Црна Гора сум била во Будва, Цетиње, Подгорица, Херцег Нови. Најмногу ми се допадна Будва особено стариот дел на Будва и плажите...поготово Словенската плажа уживање 10 дена ова лето таму мх мх И за крај Италијаа бев во Бари, Неапол, Рим, Венеција, Верона, Ватикан, Милано, Лидо ди Јесоло. Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Јас сум тип на човек што нема држава што не сака да ја посети. И една од моите желби во жовотов е да прошетам ама баш секаде знам дека не е можно, но тоа е. Единствена држава што би ја издвоила, а што сакам многу да ја посетам е Индија...сакам да ги запознаам нивните традиции, обичаи..и Турција. Сакам секоја традиција и обичај што постои во светот да ја запознаам. Особено интересен ми е празникот на боите во Индија. Секако сакам да си ја посетам Шпанија, заради јазикот што 100% го совладав од сапуниците Бора Бора, САД, Мексико, Тајланд, Чиле, Мадагаскар, Шкотска, Малта, Велика Британија Албанија, Белгија, Чешка, Монако, Русија, Шведска...Њујорк, Лос Анџелес, Калифорнија, Чикаго...џабе пишувам, СИТЕ. Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? ДА ДА ДА И ДА! Обожавам да патувам и да посетувам места на кој не сум била. И да би спијала под отвоено небо.
Во кои држави сте биле до сега? Грција, Србија, Австрија, Унгарија, Словачка, Чешка Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Дефинитивно Грција и Чешка Кои места сте ги посетиле? Во Грција: Атина (АКРОПОЛ), Јанина, Пефкохори, Мецово, Солун, Лерин Во Србија: Белград (Кнез Михајлова, Кале мегдан) Австија: Виена Унгарија: Будимпешта Словачка: Братисвала Чешка: Прага Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Турција (да ја вкусам храната, да го видам Истанбул) Санторини
Од тие што сум ги посетил (Бугарија, Србија, Грција, Турција, Црна Гора, Хрватска, Косово, Словенија, Италија, Чешка...) најубав впечаток ми остави Италија. Прекрасна архитектура, убави луѓе, многу убави места за посета (Колосеумот, Форумот, Венеција, Фиренца......и многу други), убава храна (многу ја сакам италијанската кујна)....и др.
Имам желба да одам на Дракула тура за велигден,па ме интересира дали некој од вас бил па да споделите некој впечаток....
Omileni destinacii vo koi do sega sum bila i koi mi ostavile najubav vpecatok mi se Egipet,konkretno bev vo Sharm El Sheik,megutoa i eden den bevme na ednodnevna ekskurzija i vo Kairo,vo poseta na piramidite.Sevkupniot desetdneven odmor mi bese sovrsen.Plazite preubavi,gradot navecer prekrasen,a i hotelot ni se pogodi super,all inclusive,jadenje pienje kolku sakas. Povtorno bi otisla,no ovoj pat za promena vo Hurgada. Vtora destinacija koja mi ostavila golem vpecatok mi e Svedska,Konkretno bev vo Geteborg i Stokholm i vo edno malo gradce Mariestad.Kulturata,gradovite,lugeto sve mi se dopadna.Totalno sprotivno od ova kaj nas.Cenite na hranata,oblekata i dr.raboti i ne bea nesto poskapi od nasite.Za nijansa nekoi raboti samo. I kako treta destinacija od poomilenite vo koi sum bila mi se i Antalija i Istanbul.Moreto prekrasno,plazite,a najgolem vpecatok mi ostavi turskata hrana koja ja imavme vo hotelot. Vo Istanbul konkretno najmnogu mi se dopadnaa ogromnite trgovski centri za shopping(Akmerkez,Kanyon),kako i Kapali Carsija,Sultan Ahmed Dzamijata ili poznata kako Blue Mosque. A omileni destinacii na koi ne sum bila,a bi sakala da gi posetam mi se New York,Copenhagen,United Arab Emirates ,Paris...i uste nekolku.
Јас бев со далас унион и стварно убава тура, има да се видат доста работи и сигурна сум дека ќе се вратиш презадоволна
Шве Шведска ми остана во срцево , а Mariestad омилен дел од патувањето .. Ница и Монако пленат со својата убавина и доколку би имала шанса би ги посетула пак без размислување . Турција е исто така една од моите омилени дестинации, Германија , од Полска имам исто така позитивно искуство , Австрија ја обожавам но срцето сепак ми остана во Шведска
Сум била во сите соседни држави, со исклучок на Албанија, иако тоа летово ќе се промени (морам да го вежбам јазикот негде), Египет, Швајцарија, Хрватска, Словенија, Италија, Унгарија, Австрија. Мислам дека се толку. Во план за годинава ми се уште Германија (Келн) и Франција. Омилени градови кои сум ги посетила ми се Цирих, Трст и Загреб. Не можам да се одлучам кој ми е попрекрасен, а за сите три немав никакви очекувања. Мислев дека Милано ќе ми се допадне повеќе од Трст, ама испадна обратно. Сум била и во Верона, исто е прекрасна. Белград исто така ми се допаѓа, омилен ми е од соседните држави. Би сакала да ја посетам и Софија, освен туристички места, немам многу шетано низ Бугарија. Од Грција ги обожавам островите, Санторини ми е во план за некогаш во животот, иако сега имам други приоритети. Сакам да патувам, за среќа поради околностите периодов, можам да посетам повеќе места од вообичаено, што ми е една од светлите точки во животот.