Од секогаш сум сакала да одам Истанбул и Париз, се надевам некогаш ќе ми се оствари барем една. други места кај шо сакам да одам во Европава Рим, Венеција, Амстердам, Барселона... Од подалечните Сиднеј т.е цела Австралија Места кај шо сум била: Белград, Загреб, Дубровник, Будва, Валона, Саранда, Парга, Лефкада, Солун, Малме, Хелсингбург, Прага, Будимпешта, Виена, Трст, Љубљана, Котор, Изола, Сплит, Ново место, Постојна...
Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Убав впечаток ми остави Италија, Словенија и Хрватска, а лош Албанија. Кои места сте ги посетиле? Врање, Лесковац, Ниш, Владички Хан, Јагодина, Ќуприја, Алексинац, Аранѓеловац, Чачак, Соко бања, Врњачка бања, Крушевац, Крагујевац, Краљево, Белград, Панчево, Ваљево, Нови Сад, Загреб, Љубљана, Копар, Венеција, Ќустендил, Софија, Велинград, Банско, Благоевград, Рила, Боровец, Пловдив, Хасково, Истанбул, Силиври, Кумбургаз, Едрене, Босфор, Метеори, Паралија, Лептокарија, Ставрос, Калитеа, Ханиоти, Полихроно, Префкохори, Неа Мудања, Неа Флогита, Солун, Аспровалта, Катерини, Поградец, Будва, Петровац, Бар, Котор, Тиват, Подгорица, Скадар и др.(долг е списокот). Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Австрија, Швајцарија, Малдиви, Австралија (ама многу ми е далеку) и УСА. Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Спиење под отворено небо не, а турнеја може.
Во кои држави сте биле до сега? Бугарија, Грција, Албанија, Италија, Шпанија, Холандија и Америка. (И за еден до два дена: Србија, Хрватска, Словенија, Австрија, Чешка, Унгарија и Словакија.) Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Лош впечаток не ми има оставено никоја посебно. Можам да кажам дека само Унгарија ми беше онака чудна, особено луѓето, а од Австрија имав поголеми очекувања. Сепак, овие се држави во кои не ни поминав долго време за да можам да имам поголем впечаток. Кои места сте ги посетиле? Во Бугарија поголемите западни градови и туристички места ко Софија, Благоевград и Банско, по неколку пати. Во последниве неколку години скоро секогаш по двапати годишно имам одено, дали по натпревари, дали со моите, а и имам запознаено Бугари за кои имам mixed feelings, па така и за целава земја. Грција туристичките места, краците главно, фини се. Албанија исто, Ксамил и Саранда. Во Италија бев две недели кај тетка ми во Пјаченца, и во Милано на еден ден. Позитивно се изненадив, многу топла атмосфера имаше. Во друга прилика бев во Језоло на 2 дена, еднаш на одење, еднаш на враќање од Шпанија. Од тоа памтам само heat шокови, тркалото и Мекдоналдс. Барселона и Хаг имаат посебно место кај мене. Најубавите недели од мојот живот дефинитивно, а немаше да бидат да не се одвиваа во овие прекрасни градови. Хаг мислам дека ми е омилен град во светот. Бев и во Ротердам, ама само во зоолошката и на Еразмус универзитетот, па затоа за мене Холандија е Хаг. Во Америка, поминав околу недела дена во Милфорд во Конектикат, потоа уште два во Њујорк. Њујорк е нешто неописливо. Имам пишувано, многу воодушевувачки ми е градот (Менхетен де, во другите делови не бев ) Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Уф, еден куп. Еден ден морам да одам во Кенија, специфично Наироби, премногу луѓе што ми се сврзани за срце живеат таму. Исто и Њу Делхи во Индија. За Австралија немам некоја посебна желба. Многу би сакала да одам на некоја тропска локација во Средна Америка, или пак Југоисточна Азија. Дефинитивно Индонезија. Исто така би сакала да одам во Бахреин, иако е questionable. Би умрела да се видам пак со еден куп Филипинци што живеат во Манама. Исто така многу сакам да го посетам Торонто, ми стои како многу раздвижен град богат со различности, а и културата, сленгот, Дрејк вајбот многу ми се допаѓа. За другите европски држави немам некоја голема желба. Романија можеби, во посета на другарчиња. Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Дефинитивно да, но за тоа треба да имаш посебен мајндсет и да не си контрол фрик како мене. Можеби еден ден ќе стигнам до тој стадиум на chillness. Се надевам, бидејќи мислам дека смислата на животот е да можеш да ги искусиш луѓето и светот во нивната вистинска форма, колку што можеш повеќе. Затоа имам голема почит кон луѓе што се фокусирани на тоа да патуваат низ светот.
Во кои држави сте биле до сега? САД, Франција, Шпанија, Италија, Данска, Шведска, Англија, Шкотска, Велс, Турција, Унгарија, Полска, Германија, Австрија, Словенија, Босна, Хрватска, Црна Гора, Србија, Албанија, Бугарија, Грција, Косово. Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Италија и Шпанија фаворити секогаш. Кои места сте ги посетиле? Во САД, од поголемите места Њујорк, Њуорлеанс, Вашингтон ДС, Чикаго, Атланта, Минеаполис. Италија, Велика Британија и Балканов скоро цели ги имам прошетано, Шпанија Мадрид и Барселона (Мадрид е поубав), Франција цела азурна обала (а во Париз не сум била), од другите држави главните градови... Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Јапонија заради тоа што од онна што сум го читала ме фасцинира земјата. Од азиските земји и само за Јапонија имам ептен голема желба. Од Јужна Америка сакам Бразил и Колумбија, од Африка сакам Танзанија (Килиманџаро) и Занзибар. Доста е Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Не баш под отворено небо, ама со шатор да. Уф одма одам.
Во кои држави сте биле до сега? Србија, Грција, Хрватска, Црна Гора, Босна, Словенија, Италија и Швајцарија, Сан Марино. Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Секоја држава има своја убавина... Не можам да се пожалам од ниту една. Кои места сте ги посетиле? Во Србија: Белград, Нови САД, Врање, Велика Плана и Велико Орашје и уште два помали града. Грција: Паралија и Солун. Словенија: Љубљана и Постојна јама. Црна Гора: Будва, Острог и Подгорица. Босна: Неум. Хрватска:Осијек и Дарда, Сплит, Солин и Омиш, Макарска, Дубровник и Цавтат, Превлака и др места блиску Дубровник, Задар, Крка, Трогир, Супетар на Брач... Мислам дека се толку. Швајцарија: Цирих. Италија: Трст, Верона, Венеција, Сирмионе, Милано, Равена, Фиренца, Чесенатико, Римини, Сатурниа, Болоња и можеби уште некој мал град. Кои држави сакате да ги посетите? Турција, Бугарија, Германија, Шпанија, Индија, Мексико... Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Во шатор да
Во кои држави сте биле до сега? Шпанија ( Мадрид, Гранада, Малага ), Франција ( Париз ), Луксембург well Луксембург , Швајцарија ( Базел ), Германија ( Трир ), Катар ( Доха ), Грција ( Солун, Атина, Крит ), Србија ( Београд ) . Која држава ви оставила убав/лош впечаток? За срце ми прирасна Шпанија, поточно Гранада, толку мирен град а у исто време прединамичен бидејќи е студентски град, ширум градот осеќаш преубава енергија,имаат стар дел кој е богат со историско наследство и друг дел, модерниот, скоро секоја улица е зелена од дрвја и природа. Милина. Со другар ми си ветивме дека еден ден обавезно ќе се завратиме таму. Лош впечаток.. Нема. Би го ставила Катар, во смисла дека не се пронаоѓам таму, тоа е свет во кој никако не би можела да се сместам за долгорочно, едноставно преголема различност е во прашање. Кои држави сакате да ги посетите? Eгипет ( во план ми е за претстојното лето ) , Јапонија и Бразил. Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Би, али сместување под отворено небо, јок. Сакам комфорт
Доколку е некоја била во Германија нека ми понуди дестинации за посетување во Келн, Дизелдорф и Дортмунд?