Јас сум една од оние луѓе кои следат речиси 1000 профили на инстаграм; дел од нив се на луѓе кои ги познавам, дел се од познати личности/бендови/страни, а дел се тотално рендом инстаграм профили со интересни содржини. Моите топ 3 омилени инстаграм профили (во моментов) се: Shia's Outfits - профил посветен на (чудниот) стајлинг на Shia LeBeouf; зошто ми се допаѓа? Понекогаш не знам, всушност актерот не ми се ни допаѓа како глуми, ниту пак направил нешто вредно за почит; а сепак, има нешто што ми се допаѓа во фоткиве, стилот му е некоја мешавина на панк/урбан/бездомник комбинација и на моменти те тера да си помислиш "wtf?!", за после да си речеш "кул човече...". Agoraphobic Traveller - профилов е на некоја типка која пати од agoraphobia, односно стравува од гужви или напуштени места, и поради тоа, не може да патува (дури и често не изглегува од својот дом), а сака, па преку google street view иде на места кои сака да ги посети и на тој начин "шета" и "фотографира" (screenshot-ува) кул местенца и луѓе. Subtle Dildo - зезанција профил кај што група пријатели во секоја фотка што ја постираат кријат дилдо, па така, фотографиите стануваат игра за нивните followers да се обидат и да го пронајдат. Какви содржини најмногу ве привлекуваат на инстаграм и зошто? На пример, јас пратам еден куп профили поврзани со уметност, било да е илустрации, било фотографија, или нешто сосема друго, и преку нив често наоѓам инспирација, или пак, едноставно одредени содржини успеаваат да ме расположат. Всушност, инстаграмот ми е омилена платформа токму од таа причина - одличен начин да споделиш нешто со светот што можеби ти значи или е продукт на твојата креативност и вештина, а тоа и не мора да биде последниот оброк кој си го конзумирал. Кои се вашите омилени инстаграм профили? Зошто?
Има многу за пишување во темава,ајде да ја разработиме Како прво почестена сум да дадам свое мислење прва или веднаш под мислењето на основачот на темата. Омилен инстаграм профил ми e: @emilyrosehannon-бидејќи мене повеќе ме интересира модата и различниот т.н. кул начин на облекување. Едноставно уживам во тие слики.
Имам многу омилени инстаграм профили и повеќето се што професионално фотографираат есенски, зимни и рандом фотографии. Еве неколку коишто ми се топ: Autumn_ilove има прекрасни есенски фотографии Paulina_gfd има рандом фотографии, но сите се прекрасни. Thebestfriendabook многу ми се допаѓаат нејзините фотографии со книги Ги има многу сите скоро што ги следам ми се омилени.
Генерaлнo, oмилените инстaгрaм прoфили ми се мaкедoнски, нo некoи oд нив се привaтни, a не сaкaм дa ги делaм(некoи дa ги oбјaвaм, некoи не), пa зaтoa ќе ги спoделaм oние стрaнските кoи вo глaвнo се и пoпoпулaрни. https://www.instagram.com/justartspiration/ https://www.instagram.com/picsart/ https://www.instagram.com/sashasamsonova/ https://www.instagram.com/studiominimalista/ https://www.instagram.com/500px/
Idda van Munster, омилена винтиџ блогерка ми е Ezgi Polat, предобра турска фотографка VSCO Balkan, од таму и многу прејаки од нашиве простори си наоѓам (од тие што им објавуваат слики) и се инспирирам од нив И уште две за филмови и општо арт https://www.instagram.com/eyesneverliechico/ https://www.instagram.com/artneverlieschico/
theclassypeople и uptopquotes - страна со добри цитати zara__streetstyle - страна со добри комбинации што ми се честа инспирација azerofitness и gains - фитнес страни, имат вежби и калории на јадења споредба на две јадења со ист број на калории, интересни се за оние што вежбаат и сакаат да почнат да вежбат
Им ги обожавам сторињата на овие 2 профили: https://www.instagram.com/therealjimmyq/?hl=en https://www.instagram.com/tamsquatch/ Секогаш споделуваат ептен позитивни ствари, разни фотки, мисли, клипови. Баш ми се дневен буст на мотивација, пре релаксирани човечиња.
https://www.instagram.com/frauki/ , и многу други профили(да не ги ставам сите, овој профил ми беше прв што го заследив) кои претежно се организираат и патуваат низ Европа/Канада и прават прекрасни фотографии од природата. Ги сакам многу Lofoten islands и имам желба да ги посетам бидејќи они ми докажаа дека се преубави. https://www.instagram.com/campingmk/ - преубави фотографии од кампување од кои дел се од Македонија https://www.instagram.com/blackworknow/ , https://www.instagram.com/wildwither/- инспирација за цртање https://www.instagram.com/discoverocean/ - Видеа и фотографии од морскиот свет, еден од најдобрите профили на кои има што да се види. https://www.instagram.com/cityspymk/ - профил кој е во обработка но следат фотографии за места во Македонија кои треба да се посетат https://www.instagram.com/snestorovskaa/ - профил за здрава храна од Македонија, го посетувам кога сакам да си направам здрав оброк/ужина за факултет.
Има пар профили што ми се особено интересни периодов: 5minofscience - во последниве 2-3 дена го зезнаа малце, постираат мемиња. НО, иначе стандардно прикачуваат разни видео со животни, уникатни до бескрај, сите ствари што ги видов тука, ги среќавам за прв пат. Zach King - го обожавам поради неговата имагинација, но и вештина за видео обработка. Прави најчудни најкреативни кратки видеа loop-ови со илузија што те тера да ги зјапаш по 20 пати. Cabin Porn и Cabin Diaries - ми се за плакнење очи на прекрасни куќички, претежно лоцирани во шума. Ripley Harper - му ја обожавам фотографијата и чувството за естетика. Има баш специфичен вкус и колорит, ептен ми ја погаѓа кинематографијата. Башка што ми течат лиги на сите фотки од Италија и Шпанија...
Неколку македонски профили што ме запрепастуваат со храна. https://instagram.com/kokarche?utm_medium=copy_link https://instagram.com/dashofspicee?utm_medium=copy_link https://instagram.com/cuklev?utm_medium=copy_link