Еве вчера овај првиот го пробав,многу беше вкусен,ммммм ...Се вика Mac West Martini.А и другиот беше убав,тој е на другарка ми,ама не ми текнува како се викаше...А наредно сега пролетта обавезно ќе го пробам има еден Traffic light
Коктел што секогаш ме љуља безобразно е Куба Либре, со соодветно многу лимон, и исклучиво навечер го пијам! Сакам и Лонг Ајленд, ама после една ипол чаша станувам средношколка, зошто е опасен микс на бели алкохоли, па гледам да не претерувам. А коктел што е меинстрим, ама мене ми е мил, е мохито. Секогаш освежува, дава енергија, те држи убав и не смрдиш на алкохол, туку на нане. Го сакам и оној во Менада што го прават, со трошки рибизла плус.
Cuba libre! Убавини Еден од најосвежителните коктели што досега сум ги пробала. Не сум љубител на рум, но во коктелов ми е таман. Лесно се прави и во домашни услови. :up: http://www.youtube.com/watch?v=5X97EqzdKu4
Од коктели имам пробано Blue Lagoon, Sex on the beach i Cuba libre. Најубав ми беше Blue Lagoon. Но, многу ми го пофалија Monkey brein. Тука никоја не го спомнала. Можеби и не е толку популарен. Ама ми рекоа дека е извонреден, да не го прескокнувам. Наредна прилика... ќе го пробам обавезно. Ако има пробано некоја нека пише импресии
Да ве прашам дали знаете каде може да се најде машината за кршење на ситен лед за коктели ? Поточно вака изгледа искршен ледот .. Спојлер Прашањево ми е поврзано со коктели, се надевам нема да ми е избришано поради офтопик
Епа женски, јас да си се пофалам, правам многу добри коктели. Сум гледала рецепти од овие познативе но јас кога правам не правам по рецепт. Што ќе ми дојде тоа, што ми е при рака. И секогаш прва класа ми се, сите ми ги фалат. Само проблемот е овие жестокиве пијалоци малку се скапички па и џебот не дозволува за толку уживање. Но што е тука е, јас сум си коктел-мајстор
Нареден сакам да го пробам Bloody Mary,ептен специфично ми изгледа, со оглед на тоа што содржи зеленчук.
Long island е добар коктел за вечерни лудории. Мохито претерано освежителен и многу си го сакам. BBC и Pina colada исто се интересни коктелчиња. А, sex on the beach никогаш неможам да разберам како е вкусен. Мене ми е благо-горчливо грозен, некако премногу сокчиња измешани во едно и малку колку да се речи алкохол ставивме.