Најчесто сум расположена за млечести коктели, омилени ми се white russian и pina colada А кога сум расположена за нешто поовошесто, пијам mai tai Воопшто не уживам во коктели со мнооогу алкохол, се губи поентата на уживањето.
Ммммм коктелчиња.Обожавам,мислам дека можам само на нив да живеам ) Стандард пијачка лето зимо ми е Кубицата. Плажа шема се знае мохитце.Водата не ме освежува летно време ко мохитото. Чест гостин сум на коктел бар па тогаш обавезно си пијам пинаколада ако седам лајт со другарките на една пијачка мн ми е јака за да испијам повеќе а после неа нз на што да свртам ништо не го убива тој вкус на кокос и ананас фатална комбинација. Кајпирошката и маи таи се исто одличен избор,а и манго даикири исто мн добро го прават во мексиканскиот и мн добро го служат после сангријата секако. И лонг ајлан нормално кога вечерта изгледа досадно.. Но затоа пак скриминг оргазам, секс он д бич,маргарита јагода,зомби...бљакк...
Сега за сега, од неколкуте што ги имам пробано, најубав ми е: Screaming orgasm Пред да го пробам мислев нема да ми се допадне, дека повеќе сакам свежи,овошни вкусови,но преубав испадна. А и како ми крена расположение, 5ка
Јас едноставно обожавам мохито! Ма можам да се давам во него. Ми има некој чуден ама убав вкус и мака немам откако се научив да си го приготвувам и сама. Основно нешто што ме привлекува кај коктелите се боите. Овој ми е интересен иако е безбоен - зеленилата внатре му го даваат шмекот. Фрики, енд ај лајк ит. Ми се допаѓа и Синдерела, баш ми е освежителен и овошен, а Пина Колада ми е најнеомилен, не ми се допаѓа вкусот.
Слично и јас како Саја ( прочитав и дека го сакаш мирисот на ванилата, да не си овен? ), па омилен ми е Пина Колада. Значи можам да се давам во коктелот, штета права шо во мојот град не ми е погоден. Баш на темата сум се пожалила дека не можам да си пронајдам омилен вкус и сега сум среќна, ако звучи ретардирано си се радувам на мои омилени работи. Лиги ми течат, сакам вака од кокосче да пробам!
Не знам дали има вакво кај нас, пиев јас во Бугарија и многу ми се допадна. Мислам дека имаше и сок од грозје во коктелчево, сега гледам на база на лимон дека се правело... Којзнае, ако има некаде вакво низ државава обавестете ме. http://en.wikipedia.org/wiki/Caipirinha
1.Мохито 2.Скриминг Оргазам 3.Блек рашн 4.Космополитен 5.Пинаколада Тоа се петте мои најомилени коктелчиња
Конзумација на овие коктели може да доведе до сериозно оштетувања на црниот дроб и срцето, како и ризик од мозочен удар и рак на дојка. Не ги конзумирајте во големи количини поради палетата на различни видови алкохол и фактот што никогаш не може да знаете што се наоѓа во чашата. Претераната конзумација може да ве доведе до состојба на кома, гушење и хронични гастро-оштетувања. Особено следниве коктели: Зомби коктел - составен од 25мл. бел и црн рум, со 63% алкохол, апсинт, сок од ананас, сок од лимон и мараскино-ликер. 320мл. од овој напиток содржи 445 калории, а ако го пиете редовно се изложувате на ризик од висок крвен притисок и дијабетес. Порн стар мартини коктел - содржи 50мл. вотка од ванила, лимети и сирупи. 175мл. содржат 225 калории и зголемуваат ризик од висок притисок, мозочен удар и карцином. Лонг Ајленд ајс ти коктел - вотка, ликер од портокали, рум, џин, текила, лимон и Кока-кола. Само 190мл. имаат 320 калории, а оваа мешавина се поврзува со проблеми со плодноста кај жените и мажите. Прохибициски пунч - 50мл. вотка, 40мл. бел рум и 50мл. ликер од кокос. Со испиени 140мл. сте внеле 310 калории и имате ризик од рак на усната шуплина и грлото, а кај жените и рак на дојка. Јегер-бомба - спој на енергетски пијалоци по избор и 50мл. Jägermeister. Количина од 90мл. содржи 170 калории, а може да биде фактор за екстрасистоларност. Превземено. http://brkajrabota.mk/lifestyle/hrana/19106-opasnost-vo-casa-kokteli