Некои добри безалкохолни коктели кои што можат да се пијат и во зима? Може да ми предложите и алкохолни, но со многу малку алкохол.
Како се движат цените на коктелите во скопскиот Коктел бар ме интересира? Дали има пинк шевролет и ако има да не знае некој колку е? И ме интересира таму дали прават безалкохолни коктели, ако да кој е изборот? Фала
Нов омилен ми е Банана Калуа, месецов се убив од пиење таков. На љубителите на банана, и млечно кашести коктели сигурно ќе им се допадне.
Blue lagoon, го пробав пред две години и за лето ми е топ, многу освежителен. Уффф како добро би ми дошол сега
Јас овој многу го сакам,ме потсеќа на Сексот и Градот,мојата најнај омилена серија.По имиња не ги памтам,по вкус само.Еден со вкус на малина,друг на цреша.Ако може помош со и имињата кои коктели имаат ваков вкус.НАЈУЖАСЕН МАРГАРИТА.ме потсеќа на расол. И пина Колда е океј.Секс на плажа такоџе
~ Мохито ~ еден од моите омилени коктели, еднаш го правев дома за роденден. Ти треба: 50ml бел рум (Havana Club, Bacardi) 2 лажички шеќер 1 зелен лимон 10 ливчиња од нане мраз газирана вода Подготовка: Во чаша ги ставаш ливчињата од нане и зелениот лимон исечен на парчиња. Го додаваш шеќерот и со помош на толчник ги гмечиш состојќите за убаво да се измешаат и да пуштат од своите ароми. Потоа додаваш мраз по желба, румот и газираната вода и мешаш се заедно додека да се растопи шеќерот. Мохитото се служи во висока чаша без рачка, а се пие со цефка. ~ Куба Либре ~ Ти треба: 50ml бел рум 100ml Кока-кола 1/2 зелен лимон мраз Подготовка: Ставаш во чашата неколку коцки мраз, а потоа го додаваш румот и кока-колата. Половината од лимонот ја цедиш и ја ставаш во коктелот, и промешуваш убаво. Куба Либре исто така се служи во висока чаша без рачка.