Не пијам многу коктели, може да се случи да пијам мохито, ама тоа претежно во лето, да ме разлади малку... инаку, од тие што ги имам пробано, Белини ми е добар, Куба Либре, потоа Маргарита и Космополитен - овој последниов го пробав под влијание на серијата Сексот и Градот (нели девојките нонстоп го пијат), ама овде не го прават како во Америка, барем така ми кажале Сепак, во принцип, повеќе пијам вино, или пак нешто жестоко, ама не сечено
Да ви кажам бев и презадоволна сум од коктелите што ги прават, пробав космополитен и скримин оргазам и многу ми се допаднаа, особено оргазмот мммммммммм.... со радо срце пак би ги пиела истите :up:
Брајт сега видов дека си ми искоментирала, Мислев на Малибу Сансет, не знам дали го има тука, во турција го имам пиено...
Обожавам коктели, сега пред некое време се опремив со шејкер, чаши некои пијалоци па си експериментирам. Омилен ми е дефинитивно Космополитен, се чудам како некој не го спомна до сега.Преубав. Исто ми се свиѓа и Мохито. Сум пробала доста други, ама ете овие два ми се можеби омилените.
Oмилен коктел ми е Strawberry Caipiroska. Баш е сладок и освежителен. Од што е сладок може да мислиш дека сокче пиеш и ете веќе те удрил во глава
ммм коктелии..дефинитивно би избрала Mai Tai Другите некако ми се благички, но овој некако таман! Кој го пробал знае!!
Еве јас ке ти кажам: потребно ти е:широка висока чаша, Бел рум, лимета (зелен лимон), кафеав шеќер, ливчиња нане, кисела вода и лед (искршен) и толчник и сега вака, во чашата стави кафеав шеќер, нане и неколку парченца лимета и истолчи ги за да пушти нането и лиметата малку течност. Потоа коцките лед стави ги во кеса и искрши ги за да добиеш ситни парченца лед. Наполни ја чашата со ледот скоро до горе. Стави бел рум, некаде половина од чашата. Киселата вода тргни и го капачето и искункај ја малку, тргни го прстот и истури во чашата зошто тогаш е најгазирана. И промешај на крај со лажица и ете...готово ти е мохитото