Tequila sunrise, Sex on the beach, Pinacolada ( преубав е), Blue lagoon, Cosmopolitan и Камиказа <--- најомилени
“Mi mojito en La Bodeguita, mi daiquiri en El Floridita". Епа и јас како другар Ерни ги обожавам мохитото и даикирито, поготово мохито во летно време сакам и по дома да си го правам - со или без алкохол, многу е освежителен коктелот. Освен овие за екстра журка ги сакам Б52, само ако не ти донесат долги сламки, отидоа веѓите За прослави и како ефект е предобар исто и Flaming Lamborgini - нешто слично на Б52 само што е наменето за повеќе луѓе и затоа е позабавно И секако вотка&мартини - shaken, not stirred Ај наздравје, петок е! Па вечер нека се мешаат коктелчиња каде и да сте
Не сум пробала ама сакам да пробам Pina Colada - преубаво ми изгледаа, рум, сок од ананас и ликер од кокос, мислам од тоа беше. ммм и исто Sex on the beach. Сите го фалат тој.
Me интересира дали некој има пробано коњак со чоколадно млеко и чоколаден прелив? Јас пред да го пробам мислев дека е најгрдото нешто на свет, ама откако го пробав ми стана неизбежен дел од секое "квалитетно" пијанство. Пробајте, нема да зажалите. Вака изгледа некако:
Јас порано пиев коњак со млеко и чоко прелив.И кај и да идев се чудеа што ми е тоа Како и да е доста шанкери научија да го прават затоа што јас тоа барав редовно. Инаку да после три четири пет такви испиени коктели си
^Хехе, јас така првиот пат. Eдноставно не го сеќаваш. Ами што е ова, благо, не се сеќава алкохол во него, ништо нема да ми биди. Кога станав за да си одам, интересно беше
Оххх порано се си пиев коњаче со млеко, и ептен добро ми одеше пиењето. Ама најстрашно беше кога ќе ја поминев 4тата чашка Ама многу се нервирав кога во некоја дискотека ќе ми кажеа дека немаат млеко
Јас сум ги пробала до сеа само Blue Lagoon и Sex on the beach . Повеќе ми се свиѓа Sex on the beach .. Би сакала да го пробам и Pina Colada убаво ми изгледа Ај кажете дали е убав вие што сте пиеле ?