Мохито мој личен број еден за топлите летни денови и Бејлис иако ретко кој знае да го прави овде кај што живеам/излегувам
летово со другарките пиевме 2 пати sex on the beach во еден Охридски кафич ..го плативме малку поскапо но вредеше татко и од една моја другарка ни прави вакви коктели ..не го имам прашано што става во нив но супер се
за опивање препорачувам long island за освежување или мохито или вирџин колада, а за слатко задоволство оргазамот нема поубаво лол
Последен коктел што го пиев е Ред Девил и многу ми се допадна,но за пијанчење дефинитивно Лонг Ајланд
Сте ги спомнале мартини и бејлис за коктели. Не се. Има коктели со мартини, ама мартинито си е посебен пијалок. Бејлисот е еден вид ликер Сексот на плажа ми се допаѓа, за срамови немам пиено мохито ама тој ќе е следен, Космополитен не го сакам зашто е ист со вотка боровница ко да пијам само дупло поскапа. Блу Лагун е прееееедобар и многу освежителен за летно време. Сакам појакички коктели, зашто еднаш пиев благ па имав бурна ноќ над вц шољата, благичко благичко ама ми стана тужно и од тогаш си прашувам да не е многу благ коктелот Сум пиела и други, арно ама ги порачувам по изглед од мени, не ни гледам од што е. Во Браселона се препив огромни коктели (сите што биле на апсолвентска знаат за што зборам ) и не памтам од што беа, ама цел живот ќе ги памтам и да беа прешарени
Трендафилке, лошо си ги подредила, ти фали да ставиш најпрвин Sex on the beach па потоа Screaming Orgasm Патем ова второво стварно личи ко....ехм, еден куп, това де, плодна машка водичка Ајде морам некогаш да го пробам. А немам појма од што се состои ама одам да го гуглам. Инаку во Ван Гог има варијанта на Sex on the beach - Sex with the bitch Викендов се алкохолизирав со мојот омилен вотка&мартини нали, му велам на келнерот, вотка мартини. Се чуди, повторувам. Се чуди пак. Му викам Џемс Бонд. Пак се чуди. Викам аман бе друже Џемс Бонд што пиеше, вотка&мартини - и конечно упали! И почна да се смее - ми вика извини јас заслушнав само Џемс Бонд и не знаев кој коктел е тоа! Сепак, како само би дрмнала едно strawberry mojito оф оф, па и на плажа. Оф оф
Марама извини ама имињата ми бодат очи ако можеш корегирај God father се пишува заедно а плажа правилно се пишува beach a не bitch Фала однапред и извини ама морав да кажам, ова е добронамерно за во иднина да си знаеш
Од кај знаеш, може ја наоѓа типот бившата, за инат ја легнува на земја, и врз неа има секс со сегашната девојка, т.е. ја налегнуваат - и добиваш sex on the bitch Одмаздољубив коктел! Шта ќеш Се зезам нали, како и да е коктелот така се вика да, и Бејлис е ликер а Мартини е алкохол, Роси е во право, не се тоа коктели. Ама не е битно. Битно се проклето добри!
Пирамидке ептен злобна фантазија имаш а А инаку овој вриштечки оргазам и мене ми личи на плод од машки оргазам , да не е со некој ликер од ванила па е таков Јас не сум пиела многу коктели, ама мохито не поднесувам од причина што не сакам нане А пиев еден микс од повеќе видови алкохол и ликери, една шанкерка го правеше нејзина рецепта, преубав ми беше, имаше вкус на портокал , освежувачки, а не осетив кога ме фати Абе јас се плашам да пијам коктел, ептен лаже, и после си камен пијан, а плус мислам дека се многу калорични
Да се надоврзам со Роси, Б52, Врискачкиот оргазам итн. се шутери. Често кај нас во менито ги ставаат во коктели, а цените на шутерите се движат од 80 до 120 денари максимум. Препознатливи по малите чашки нели, со ефект ако се пијат на екс. Интересно е што има 8 видови на б52, 2 вида на б51, и еден вид на б53. Други шутери кој може да се најдат кај нас: Bam Bam Bitch Ass Blow job -6 вида Samurai Brain- многу подвидови Monkey Brain After Eight Fireball Frost bite Не сум ги пиела сите, ама кај нас неколку се најчести, тешко да се најдат некои интересни имиња.