Омилен ми е Tequila Sunrise ,многу е убав и освежителен. И Blue Lagoon многу ми се свиѓа, а и Mai Tai!!!!
Економично здревување со Long Island. (сум знаела од два да се направам Драги Шпага ) А и не знам зошто ми го критикувате, вкусот мене ми е убав. Со првата голтка се подмачкуваш, а потоа лизга.
Oooo омилен ми е Александар, така добро ме фати лани летото, што посакав во Охрид, на Славија топлес да се сончам. Па и тој коктелџјата или како и да се вика, дека со протекции во една кригла ми го направи, пиј, пиј не се пие, а пустото лаже, благо ко млекце да пиеш. Втор ми е Блу Хаваи, ау колку си ги пиев овие коктелчиња порано, ме научија дека ми се омилени па во кафичот во кој што одев, не ме прашуваа што ќе пијам туку ми носеа одма Блу Хаваи. Ауу лиги ми потекоа од сликиве, мора да се налијам во брзо време со некој ваков лепотански напиток .
Кој спомна Малибу? Тоа е ликер, а не коктел. Ама сепак добро е и јас обожавам Малибу Јас оваа лето се утепав од пробување коктели и ликери. Уште не можам да си го најдам омилениот вкус. Космополитен, сега за сега, најмногу ме задоволува Така блачко... ммм
неможам ни на слика да го гледам. Поодвратно нешто немам пиено, знам дека темата е за омилени коктели ама морав некаде да го испразнам мојот гнев кон коктелот што практично ме затру!