Amicus verus rara avis est - Вистинскиот пријател е ретка птица. Fortes fortuna adiuvat. - Среќата ги сака/ги следи храбрите. Per aspera ad astra - Низ трње до ѕвездите. Omnia mea mecum porto - Се' мое со себе си носам. Ова е само мал избор. Одлична тема
Омилена. Сум ја заборавила и сега кога ја прочитав ми дојде како мевлем на душа. Чинам дека одреден период од животот ми беше и мото. Еве уште една. Dos est magna parentium virtus. The virtue of parents is a great dowry.
Alea iacta est - Коцката е фрлена. Per aspera ad astra- До врвот, ѕвездите преку минување низ потешкотии. Repetitio est mater memoriae- Повторувањето е мајка на знаењето.
Хмм, не знам зошто, но мислам дека беше: repetitio est matera studiorum ( можеби грешам, многу одамна беше кога учев латински)
Creo quia absurdum est.- Верувам затоа што е апсурдно. Ubi amor, ibi dolor.-Кај што има љубов, има и болка. Vivamus, moriendum est.- Да живееме, и онака ќе умреме. Aquila non capit muscas.- Орелот не лови муви.