Пекара Делишес до зегин на партизанска мх мх мх, ново отворен-иот донер-гиро ресторан до 7ца ,ХХЛ ,..
Комшии сме изгледа ние, гледам јас. Инаку мене Седмица, Костарика, Кај Злате, Ла Тана, Вили, истиот ресторан тој донер-гиро не знам како се вика, гирото во Сити Мол, Ања, таа бутката Нино или друга беше може (имаат убави хамбургери), Скупи, Торос, ХХЛ, некоја пекара или друга сендвичара од време на време, онака рандом уз пат.....
Англиску појадок: Со тоа што имаат едни преубави лепчиња нивни... уф... плус кафенце и сок од портокал ти следува. Сепак, реално, цените се како на кеј да седиш. Поскапи за едно 20% од останати делови на градот, ама плаќаш за местото, не за храната и пиењето.
Јадев ко луда порано таму...Се додека не видов бубачки во лепчето и бубашваба на шанкот внатре кај што се спрема јадењето. Инаку, Костарика, Ла тана, Рустикана, Турист, Галерија 7... И дома, нормално со сите мои тестетнини во шпорет.
Малце поскапички од околните места, салатите им почнуваат некаде од 200 денари па нагоре, пиците од 250 или 280 мислам дека, тестенините се исто од 250 денари нагоре, а ми се чини дека имаше и поефтини. Пилешките прсти се 280 денари, а добиваш иста количина како и секаде кај што се по 160-180 денари. Помфритот е 150 мислам или нешто повеќе голема количина, похованиот кромид исто е таа цена од прилика исто голема количина. Ми се допаѓа тој лутиот сос што го ставаат скоро со се. Пирошките им се по 120 денари исто и благите палачинки, мислам дека има и солени. Даските се доста поскапи од другиве места некаде над 800 денари зависи што сакаш да има на неа. Имаат и некои интересни нивни работи на менито ко топчиња со кашкавал, зачинети крилца и слично кои се доста скапи за количината, е тие топчињата се ништо друго ами похован кашкавал у топчеста форма и ќе ти донесе 5 мали топчиња за цена од 300 денари. Од благо имаш некои колачиња, тортички и вафли од 150 денари па нагоре. Инглиш брекфаст е до 12 саат или до 10? Имаш исто и фреч брекфаст и уште некој ама не ми текнува кој ... Баш ми се допаѓаат овие понуди. Пијачките се иста цена како низ цел центар, а имаат и наливно вино.
Мартини (Лептокарија) - најубави вафли во Скопје! Балила (во близина на ТЦ Беверли), Костарика (кај парк), Redcafe и Everyday (Аеродром) - најубави пици Планет Пица Хот и Доминос - најдобри пици за достава, само Доминос се доста скапи, а Планет имаат разумни цени
Кубанскиот на кеј ме опседна во последно време, не искачам од таму додека не пробам се! Скара бар, одлична атмосфера и можност сами да си ја испечете скарата, салатите се и повеќе од одлични, плус може да си добиете и десерт гратис најверојатно ако е повисока сметката.
Кубанскиот дур беше Ла бодегита дел медио имаше топ храна. сега како Каса Кубана немам пробано мада гледам персоналот е истиот. Амигос на времето беа дааалеку подобри од сега. Дојде време буритото во Плаза да е бољи него ли во Амигос. Ама затоа Амигос коктелот им е несвест! Енрико ми е ито така многу добро местенце,пријатно и вкусно, Старо Скупи такоџер у кинески си дремам (било кој од сите 3 што ги знам јес да шан гај ептен ко у менза се осеќам ради миризбата). Пикок (индискиот) исто така го обожавам. За Џино више не ни праам муабет-нормално си е. У принцип кога јадам надвор од дома-јадам друга кујна така да ...затоа овие и ги набројав (ако не го рачунаме Старо Скупи)
Исто е јадењето во Кубанскиот сега Casa Cubana само има плус некои работи, а не сум приметила дека некои работи фалат од La Bodeguita Del Medio ( туу бе што убаво име си имаше, мораа да и го сменат ) Голем плус е што цените се поефтини и имаат викенд пакети имаат и доручек, ланч пакети и промоции у стил на хепи аур и слично...