Kубанскиот е супер, само не е дека името е сменето, туку повеќе не е истиот газда и ја немаат лиценцата од Bodeguita, али нас како гости не ни е ни битно додека има добра храна и пиење
Морам да го пофалам Кремисимо во Хиподром.Убав амбиент,одличен персонал,нормални цени и вкусни јадења се разбира.
Ла Тана ми се број еден за похована даска, побогата и повкусна нема во градов. Останатото јадење е исто така одлично, салатите секогаш ми се погодиле свежи и сочни, месото е исто супер припремено. Досега немам забелешки за местово, одлична храна и услуга.
Како голем љубител на похованата храна и јас ударам потпис и печат на Ла Тана како моментално најдобра во Скопје. А и цените ми се океј, амбиентот е супер, музиката секогаш погодена а и персоналот е љубезен. Похованата храна е храна Божица крај! 7ца не ја менувам за брза храна, кој што сака нека каже, има 1000 и повеќе калории во тој совршен најсовршен хамбургер со најубавиот мајонез на светот, и таа голема гурманска лепота од плескавица, и тој помфритот гриц миц како предјадење на хамбургерот шо ми е, леле леле лиги ми потекоа , се радувам уште сега на утрешниот хамбургер што ме чека таму . Исто, ресторанот Градина ми е преубаво место за вечера, амбиентот ми е преудобен, и тука кога одам обавезно јадам пилешко во кари сос, омилено ми е, само треба да се погодиме да нема некоја веселба, обично така си резервираат. Од кафиќите на кеј, за грицка/мезе и лаф муабет Торос ми е најдобар, релаксирано пошто нонстоп знаеме да седнеме таму и најубаво ни е, и има вкусно мени за нас гурманите (малку поскапо од другите места), а за навечер Каса Кубана со колешките ни е омилено место . Од горе на улица Македонија, или Драма или Плеј, иако поретко седнуваме горе, повеќе со дечко ми тука идам на пијачка или со некој друг пат кога ќе се собереме, пошто обавезно некој знае да ти се закаче што најмногу мразам кога ќе испаднам со другарка на пијачка. Во Сити молот да ви кажам право, кога одам со дечко ми, најчесто јадиме доле во Керфурот, каде што има готвена храна, тоа ни е како традиција кога одиме таму.
Најчесто каде јадам ,а и воедно и нај омилени. 1. Венето (Сити Мол) 2.Пелистер (Dal Met Fu) 3.Plaza De Toros 4.Plaset гиро 5.Mamas гиро 6.La Tana 7.Burger King 8.Fratelis ,рибен ресторант во Куманово т.е на излезот на Куманово ,преубаво место со превкусни јадења ,a и рибата е преубава. 9.Сушико и др места .....
Амфора - прекрасна храна Лидер - некако ми е како најинтимно место за вечера и на езеро кај Алавантија - таму се е прекрасно храната, местото, погледот, се....
Горе долу исти како и по другите по престижни кафичи/ресторани низ центар.За нијанса поскапи. Десертите се движат околу 200 ден. Салатите,конкретно цезар,која им е превкусна ,220 ден.Другите им се нешто поевтини,180ден. ,200ден. Кафињата исто како и по другите кафичи само што имаат поголем избор на кафиња ,а и мн поубаво ги прават.Било нес,еспресо,ирско кафе и мн др. Цедени сокови,портокал или лимон-120ден.А мешан портокал и цитрон 150. Алкохолните коктели од 200 нагоре. Имав еднаш нарачано со друштво,како мезе,даска со пилешки прсти,два вида на сосови,топено сирење,суво месо и уште по нешто декорирано околу од салата.И сето тоа кошташе 600 ден.Превкусно беше. Малите пици,зависи каква е,капричиоза,вегетаријанска,пилешка или сл. им се движат цените од 220-230па до 300-320.Така ги викаат мали,но една е сосем доволно да најаде двајца. Школки,риба,морски плодови од 300 па нагоре им е цената.И не сервираат количински по многу,но во глобала и по др. ресторани е така. Во една порција школки пример сервираат 5-6 школки само.Ракчиња исто така.Но во секој случај вкусни им се мн. Се на се од тоа до сега што сум го јадела се ми било превкусно и немам замерка.А цените се минимално поголеми од др. места,но и услугата е значително подобра.
"Пољубивме врата" во Венето Појма немавме дека го затвориле, и тоа со извршители А јас дури си мислев каков резил за таков ресторан да не им работи телефонот за резервации. И така, за да не биде годишницата фијаско, брзопотезно моравме да одлучиме каде на друго место...Си се вративме на старо место, во Рагуза, каде што и ја правевме свадбата. Не бев воодушевена од музиката, но покрај добра храна и друштво, не ја ни приметував