1. Chillbox за сладоледи само 2. Burger King 3. Кај Злате 4. Амати сегде е убаво само да има вкусни јадења .
Пица во Џовани, бифтек/тестенини Венето, палачинки во Амати, вафли во Ања, детокс сок во Џуси & ко (ова ја ко оброк си го рачунам). Фитнес фуд/фитнес муд во фитнес хаус. На овие места и оваа храна обично ја јадам.
Ја само да ги пофалам Twins kitchen & wine, храна + услуга + ентериер + локација = 5. Не сум сигурна дали Малиќи го држат и ресторанов, секоја чест, фалат повеќе вакви места низ градов.
Happy bar&grill во Софија (све е убаво, а најмногу јадам суши), Костарика во парк (Костарика салата, пирошки и пица), Џино (пица-ГТЦ), ресторан Национал (пилешка чорба бр. 1), Гет кафе (цезар салата), кинеските ресторани во Скопје (Shangai & Star Ocean - пилешко во слатко-кисел сос).
Во силбо можам да јадам и за доручек и за вечера. Тоа ми е најјаката пекара во Ск Среќа што живеам релативно блиску од Силбо. Sushico е мн добро. Пошто многу сакам да јадам суши. За пици и тестенини секако - Пелистер. за од татко ми роденденот бевме во Olive и е стварно прејако. Ме изненади навистина позитивно.
Прво дојдов тука да искудам, а потоа и ќе пофалам Не знаев каде да ги сместам негативните критики, па ако има посоодветна тема, слободно преместете ги Првата негативна критика оди кај Тренд. Уште како бруцош се зареков дека не седнувам во Тренд иако живеев многу блиску до него и го поминував буквално секој ден, и цврсто си стоев на тој став до пред некоја недела. Се` уште стојам на ставот дека во Тренд седат само нафурани „градски“ фаци, провинцијалци (и јас сум провинцијалка, но зборувам за оние кои седнуваат овде исклучиво за да се чекираат), и средношколци. Седнав во Трендот кај Сити Мол не по моја вина, врнеше и сакавме да седнеме каде било со дечко ми за да го избегнеме дождот. Дури откако го отворив менито сфатив каде сум и каков грев сум направила Цените ме запрепастија, Банана сплит (банана со три топчиња сладолед) беше 240 денари, специјалитет со морски плодови 600 денари, специјалитет со телешко 800 денари. Ги потенцирам цените на специјалитетите затоа што тие се вртеа на телевизорите и точно ги запамтив, и останатата храна беше доста скапа, кафето околу 100 (се наплаќа дополнителни 10 денари за шлаг), палачинките над 200, главните јадења 300-400. Порачав палачинка со Нутела и плазма, си велам океј, можеби цените се повисоки затоа што порциите се пообилни или храната е извонредно добра. Добив една палачинка со средна големина која беше ладна, сува, а се штеделе и на Нутелата. Келнерите се фини и културни, но услугата е доста спора, не знам дали тоа се должи на кујната или на нивната (не)ажурност. Имам работено во ресторани и знам дека работите можат да згуснат, но да чекаш сметка повеќе од 15 минути е недозволиво. Интересно е како сакаат да си играат светски ресторан, ставиле хост и хостеса, дигнале цени, декорираат порции, а храната е потпросечна. Свежо сум вратена од Америка и радо би оставила бакшиш, многу сакам да оставам бакшиш кога сум задоволна, но овде не ми се оставаше ништо. Работев во еден од најскапите американски градови две години, но никаде една порција храна не кошта колку две просечни дневници. Или треба да ги спуштат цените, или да го зголемат квалитетот. Можеби беше лош прв впечаток, но не планирам да им давам втора шанса. Втората критика оди кај новоотвореното Гнездо, уште еден фенси lounge kitchen after work незнамтикаков бар. Местото е симпатично. Ми се свиѓа името, изгледот на менијата, (делумно) ентериерот. Келнерите се брзи и услужливи, далеку подобри од Трендовци. Главниот проблем овде ми е храната. Бевме неколку другарки и сите порачавме различни порции, од мезенце до десерти. Сите порции беа океј. Само океј. Цените се слични на Тренд. За разлика од Тренд, би им дала втора шанса затоа што ми се допаѓаше целокупната услуга и атмосфера. Дали храната вредеше за парите - се` уште не. Е сега, кратки и слатки позитивни критики. Ла Тана е топ. Топла атмосфера, поволни цени, највкусни похованици, и појадокот е о-дли-чен. Секогаш ќе и` се враќам Гама (во Бисер) е уште една кафана која неодамна ја открив, а ме воодушеви. Храната е многу добра, секоја порција доаѓа со печен компир (не помфрит, што е за пофалба) и салата, а пекарскиот компир е мх. Кај Злате ни е нешто како семејна традиција, секогаш јадеме таму кога моите доаѓаат во Скопје, мислам дека во последно време опаднаа со квалитетот за нијанса, но се` уште добри. Пишувајќи го ова сфаќам дека можеби не сум фенси шменси човек за фенси шменси барови, туку сум кафански човек Брза храна често јадам од Нино, многу ми се допаѓаат макробиотските сендвичи, особено шампињонката (можеби сепак не сум кафански човек ). Се` уште се палам на помфритот и мајонезот во Седмица. Мислам дека јадев во Star Ocean барем трипати неделно лани, не знам дали кон крајот ми се здосади или ја расипаа храната. Burger & Burrito (во Рамстор) имаат солидни бурита, но еднаш чекав пола саат за бурито што го прави местово ресторан за небрза храна, моментално сме во некоја love-hate relationship. Специјал отсекогаш ми била омилена пекара.
Листата ми е прилично голема но овие ми се така нај. Euphoria у Банско Бугарија KFC у Космос Солун Дал Мет Фу (Пелистер) Воденица Мулино Венето Попова Кула Винаријата у Демир Капија
Какви се цените? Јас дојдов да си кажам за TWINS. Услуга супер, али Цезар салата во мочана тегла со 3 мевциња и парче пршута внатре за 290 денари, мало морген! Ќе ме видат уште еднаш, sure. Не очекував многу искрено. Зошто таквите места, отворени од гуски со украдени идеи, никад не ме занимале. Али ете бев да видам што толку го исфорсираа периодов. Ли за кафе шема и Горки за пиво и компири ми се сосем океј места во градов.
@Oxymoron каде поточно е таа кафана Гама, дали е со резервации и дали е поинтимно или пак бучно и тесно место?
Јас деновиве почнав да спијам во Squeeze Me. Обично пијам кафе/ смуди, а од храната го имам пробано чизкејкот и е прекрасен! Услуга на ниво, понуда топ, цените се океј и амбиентот е прекрасен! Ни требаше нешто вакво во градов. Многу ме потсеќа на Italians Love (Будва), кафулето кое ме восхити со преубавите кафиња летово! Туку, дојдов да ве прашам за лахмаџун. Освен арапскиот во ГТЦ и Наргиле кафе во Чаршија , каде да најдам добар лахмаџун?
Галерија 7 во Турска чаршија имаат најдобар лахмаџун. Многу евтино местенце. Ла тана имаат топ појадок.
Пекинг Гарден со цени е нешто сличен како Ѕвезден океан само амбиентот е поубав и храната поубава. Мене ми е едно од омилените места во градов и често го посетувам. Последен пат кога седев со дечкото нарачавме свинско во слатко кисел сос (предобро е и го праат на баш кинески начин различно од Ѕвезден Океан) ,ориз со морски плодови и нудлси со пилешко ,иначе ова ни е стандард коа идеме у кинески. Исто така за двајцата по 2 пијачки нарачавме се не кошташе нешто помалце од 1000 ка. Порциите се солидни и стално коа го нарачуваме ова дома прејадени се вракаме и 2 дена на вода сме после тоа.
Гама се наоѓа во ТЦ Бисер, во задниот дел кај кафаните. Кафаната е народска, јас досега сум била само преку ден и секогаш имало место, не знам каква е ситуацијата за викенд или навечер. Најголемиот дел од луѓето седат надвор, внатре е мала, има 7-8 маси. Не е многу бучна, но не би рекла дека е интимна. Главно е за лапачка, атмосферата не е ништо посебно Сакам да ја споменам и Силбо, уште кога ја отворија го пробав фамозниот ѓеврек со сланина, но ми беше многу сув, а и останатите производи ми беа онака, просечни. Претходнава недела јадев таму неколкупати, се` некако ми беше успат, и позитивно се изненадив. Го зголемиле асортиманот, имаше навистина многу избор, и се` што јадев беше топло, иако јадев во ниедно време. Омилена ми стана вртената пита која е подобра и од бурекот.