Скара највкусна ми е во Македонска куќа. Сум јадела во Прилеп, Охрид и Скопје и вкусот е истиот и амбиентот исто така. Инаку во Охрид ресторант со најубава скара што сум пробала е во ресторант Чун и плус преубав амбиент, особено навечер.
Зависи со колку финансии имам во моментот, али за најефтино и истовремено да се прејадеш идеш поштено у XXL и јадеш додека не помодреш. Ти им викаш дај шопска со 5 кила кромид, они нааа, цел чаршав со сирење го праиш (секако ненамерно, не сум сељанка, си потсобирам).Ти нарачуваш шарска, они нааа, шарска колку една глава, да ја боцнеш со виљушка, те брцка кашкавал и око. Па и еден гарнир со месото, шо нашле, све ти испофрлале, од компири до зелки, до моркови, до крастајци, до чуда и врагови. И нели наравно научен од други кафани дека не е толку богато менито си донарачуваш некоја похованица и нафора. Моментот кога се ќе ти донесат, ти прикапува по една солза,знаеш си се заебал, ама па не ти текнува дека ти е доста и дека имаш опција за носење накај дома. Затоа после легнуваш во кревет, навидум у полу свесно стање и во наредните 6 месеци не ти текнува да припариш. Значи тоа беше најефтината варијанта. Следно, кинески ресторан Star ocean. Влагаш и одма те пука некоја зен состојба. Више тука финансиски си попоткован. Значи тоа нудлите, тоа салатите, дамплингсот, не ми ни текнува што имам пробано, се е превкусно. Па тие печурките нивни, уф се наежив. И што имам приметено истите работи што ги имаат со Пекинг гарден, ем се повкусни за 100 пати ем количински добиваш повеќе. Deja vu, најскапа од претходните две. Али за салати, така префинето направени и тој сладоледот нивни, буквално можат да учат од нив. Идеш и праиш планина од сладолед, доколку си со некој, не те интересира ни муабет ни поглед, се концентрираш и уживаш. Занзибар, пица мајстори, горе доле исти цени со други пицерии. Уствари тоа се пицишта бре, ај што се пуни мастраф, бајаги големки се, а за вкус-па па па.
Некоја препорака за ресторан во Скопје со убав избор на вегетаријанска храна? Не можам на ништо освен на типичнјте салата и компири што сегде ги нудат да се сетам на некое друго место..
Од Dominos American Hot пицата ми е ептен по мерак И цезарот ми се свиѓа, само што добри 3 пати кога сакав цезар немале состојки моментално Иначе знаете ли кај нас кога ќе се отвори kfc? Или више е отворено? Не се смејте ко од марс сум падната
1. Енрико 2.Ресторан Лира 3.Тетекс и 7ца за фаст фуд 4.Daily food and wine 5.Воденица 6.Peking Garden 7.Камник
Јас имам јадено риба во меаната Дедо Илија што е веднаш до пештерата и ни ги донесоа смирисани сигурно беа расипани. Ако не сте јаделе во Извор Манастирец (малку понатака од Пешна) да јадите таму. А уште малку подалеку мислам белица се викаше ресторанот таму е најубава и свежа рибата затоа што имаат рибник и секогаш им се свежи рибите.
Фала за препораката, во најскоро време ќе ги посетам и двете горенаведени ресторани за риба. Иначе и во Пешна имаат свој рибник.
Сендвичари Седмица, скара Ана-Кристи, Буре, Тетекс, во Ѓорче имаше една ќебапчилница спроти Лукоил ама и го заборавив името...за тестенини и пица Костарика, Венето, Џино, Пелистер, Џовани, Енрико, пекари Ла Делишс, Силбо, Цујо, цезар салати Ирскиот паб на кеј, Аванти, Гет кафе во Кисела Вода...други ќе пишам кога ќе ми текне уште...