Од пицерии омилени минсе Енрико и Балила а од ресторани Ана Кристи-Лептокарија скоро и да нема нешо што не ми е превкусно како и Буре со најубавите пастрмајлии. Од сендвичарите - Ла Делишес
Се разбудив со желба за ребро во фурна од Барик! Значи, кафана на место за месо. Балила за пица, Киоск за бургер, Маџо 2.0 за пасти, Дистрикт за мезе, јајца бенедикт и салата со круша и ореви. Силбо и Диман за леб и печива.
Гет кафе, Плаза де Торос, Кремисимо - за пици, десерти итн. Ројал - за криспи чикен и помфритче Силбо - за пецива Палма - омилено за вафли и слатки
Дечки ми треба помош. Предложете ресторан во Скопје кој има како помал дел каде би можело да се има приватност. Работам со Американци и доаѓаат овде. Па сакаат да имаме вечера во ресторан, ама да е и како деловен состанок и да се има приватност. Цените не се битни. Мене ми текна на баба Цана, нели како соби е, ама е бучно многу сепак..
Од рестораните: Аванти (најдобар цезар), Џино (најдобра пица), Енрико (најдобра палачинка и преклопена пица), Амигос (се е убаво), Национал (една од најдобрите пилешки чорби), Дојрана (една од најдобрите пилешки чорби), Ана Кристи (најдобри тенки колбасици), Костарика (една од најдобрите пици и најдобри тортелини со 4 сирења), Сушико, Старо Буре, Електра Гарден во Тетовско и врвот според мене и најдобриот ресторан во Македонија, БАКАЛ!
Препорака за етно ресторанче во кое има добро дукано на даска, со се што иде уз пат кајмак, макала и сл? Скопје или близина на Скопје, може и Куманово. Само немојте Старо буре и Македонско село.
Burger king, а вака за обични јадење пица, пастрамалии, месо секаде ми е исто не разликувам каде е поубаво каде не е
Од ресторани Daily, Енрико, Форца, Пелистер.. а вака за ,,набрзина'' Бејкинг бред и Киоск за хамбургери, Тото има убави салати и сендвичи, Силбо. За благичко Фетнес хаус и Палма
Ако јадам надвор, или јадам помфрит, или јадам рижото со зеленчук. Најубав помфрит ми е во Колектив, ем е печен, ем крцкав, ем секогаш квалитетот на компирот бил погоден. Имаат и убав вегански сендвич. Рижотото никаде не ми е најпогодено, некако суво, плус се гледа дека од зеленчукот ставиле што стигнат ради реда без некој контекст. Од вегански ресторани - Веган365, секогаш излегувам најаден од таму.
Пилешките крилца во Манастирски ресторан во Лешок , пиците и пастрмајлиите од пицерија Јани , ќебапи од Христијан , палачинки од Бела Миа , трилече од Рима , пецива од Мирела , сладолед и разни други десерти од Београд слаткарница ... Омилени во Тетово .